Од "Let's Talk iPhone" конференцијата на Apple

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Кајгана во живо ја покриваше конференцијата на Apple во Купертино. Ако го пропуштивте стримот во живо, а ве интересира што се случуваше, може да ја погледнете статијата тука. Како ви се допаѓаат новитетите? Дали ви се исполнија очекувањата?


- Конференцијата заврши. Не добивме iPhone 5, но добивме помоќен iPhone 4S со одличен оперативен систем и неколку интересни новитети. (20:45)

- Тим Кук се врати повторно на сцената и направи краток осврт на новитетите претставени на денешната конференција во Купертино. Значи, во кратки црти, добивме: Нов iOS 5, iCloud, испраќање физички картички преку Cards апликацијата, нов и подобрен iPhone 4S (со речиси идентичен дизајн, но "ѕверски" перформанси благодарение на новиот A5 чип и камера со 8-мегапиксели која снима HD видео), интеграција со Twitter, Family and Friends, гласовен асистент - Siri (благодарение на партнерскиот договор помеѓу Apple и Wolfram Alpha)... Толку од техничките работи во кратки црти. Наскоро очекувајте и заклучна статија, на кои ќе бидат претставени деталните карактеристики и новите цени на уредите на Apple кои беа претставени на денешната конференција. (20:45)

- Моментално се прикажуваат еден куп видеа со различни демоа од iOS 5 и iPhone 4. Не се грижете, од утре ќе може да ги погледнете на сите можни интернет страници. (20:34)

- Претставен е и новиот гласовен асистент - Siri (еден вид на понапредна верзија на гласовните команди) со кој буквално ќе може да си поразговарате. Пример: "Какво е времето денес?" - Телефонот ја прикажува временската прогноза. "Сири, уште колку дена има до Божиќ?" - Сири ви кажува. Секако, ова нема никогаш да проработи на македонски јазик :( (20:21)

- 1080p HD видео на iPhone 4S! (20:13)

- Освен тоа, камерата ќе содржи и хибриден IR филтер, сензор за препознавање на лица, подобар "white balance" и супер брзи фотографирање. Според информациите, за првата фотографија ќе биде потребна само 1.1 секунда. Ова се значајни подобрувања на камерата кои сите корисници ги очекуваа со нетрпение. (20:11)

- iPhone 4S има 8-мегапикселна камера (3264x2448)! (20:05)

- Apple исто така објавија дека го поправиле и проблемот со антената на новиот iPhone. (20:03)

- "Сигурно си мислите дека побрз процесор значи послаба трајност на батеријата. Но, поработевме и на тоа. Сега имате 8 часа на разговори, 12 часа на 2g, 6 часа на 3g сурфање и 9 часа на WiFi..." (20:03)

- "Ви го претставуваме новиот iPhone 4S. Дизајнот е ист, но внатрешноста е нова. Има нов A5 чип. Dual Core графика, која е 7 пати побрза од претходниот iPhone". (19:59)

- "Како што знаете, минатата година го претставивме iPhone 4. Тоа е одличен телефон. И покрај тоа што конкурентите се обидоа да го ископираат, тие не направија ништо ни приближно добро". (19:59)

- Започнува презентацијата на новиот iPhone! (19:55)

- Моментално се говори за iPod nano. Со нова, пониска цена. (19:51)

- Претставена е и апликацијата Family and Friends, преку која ќе може да се "чекирате" на различни локации. Foursquare, дали сте подготвени за затворање на бизнисот? :) (19:47)

- Започна претставувањето на новиот сервис на Apple, iCloud. И овој сервис ќе биде бесплатен за сите корисници на iOS уреди. Ова практично значи дека музиката, софтверот, фотографиите и книгите кои ќе ги купите, автоматски ќе се синхронизираат на сите ваши Apple уреди. (19:44)

- Конечно, имаме и датум за официјалното излегување на iOS 5 - 12. октомври! За потсетување, iOS 5 ќе биде бесплатен. (19:40)

- Уште повеќе iOS 5 новитети: Интеграција на Twitter во самиот iOS (реално, ова не е ништо револуционерно), "твитање фотки", видеа, локации и тн... Уредување и разубавување на фотографии директно на уредот (crop, rotate, отстранување црвени очи) и тн... (19:36)

- Претставена е новата Cards апликација. Избирате "честитка", ја пополнувате, Apple ја принта на хартија и (физички) ја испраќа до примачот. Кога ќе биде доставена картичката, корисникот добива Push нотификација. Хм... iOS + хартија? Тим Кук добива аплауз за првиот неочекуван новитет. Ах, да. Оваа услуга ќе чини 2.99 долари во Америка и 4.99 долари секаде низ светот. (19:33)

- Време е за iOS 5. Тим се подготвува за најавување на новитетите... (19:29)
- iOS е сега број еден мобилен оперативен систем во светот и зазeмa 43% проценти од "колачето", додека Android е на второто место со 33%. Потоа следуваат RIM со 17% и сите останати со 7%. (19:25)

- Краток осврт на успехот на iPhone и iPad. Тим потсети и на последната анкета за задоволство на корисниците на Apple, која покажува дека дури 95% се задоволни од нивните производи. iPad-от веќе има огромна примена во образовниот систем и медицината. (19:22)

- "Да поразговараме за музика и за производот кој во 2001 ја револуционираше музичката индустрија". iPod е најпродаваниот музички плеер во светот, кој држи неверојатни 78% од пазарот. Тим вели: "Не може да говориме за музика без да го спомнеме и iTunes. Кога започнавме пред 8 години, имавме 200.000 песни во нашата музичка библиотека. Сега имаме приближно 100х повеќе од тоа: околу 20 милиони песни. iTunes е моментално најголемата музичка продавница во светот". (19:18)

- Тим во моментов говори за неодамнешното отварање на најголемата Apple продавница во Хонг Конг, но и за постигнатиот успех со останатите производи на компанијата (MacBook Pro и iMac се најпродаваниот лаптоп и декстоп компјутер во САД). (19:12)

- Тим Кук се појави на бината. По формалното претставување, тој го започна својот говор со: "Ми претставува задоволство да бидам ваш домаќин. Го сакам Apple. Денес ќе ве потсетиме на уникатноста на оваа компанија и ќе ги претставиме иновациите во нашиот мобилен OS, апликациите, сервисите, хардверот и најбитно - интеграцијата на сите овие во едно моќно, едноставно и интегрирано искуство." (19:08)

- Во продавницата на Apple веќе можат да се забележат и фотографии од новиот, малку редизајниран, iPhone 4S. (18:57)

- На 10 минути пред почеток на конференцијата, сајтовите во Јапонија веќе го објавија почетниот датум на продажба на iPhone 4S - 14. октомври. (18:52)

виа Кајгана
 

Брокер

Broker of the Year
Член од
25 јули 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
257
И што е новитетот тука се е видео во претходни телефони, сите очекуваа нов дизајн и нов iphone, и што добија камера и процесор и некои апликации што се сомневам дека 30% од корисниците ќе ги користат, на луѓето им треба нешто ново со што ќе можат да се фалат да кажат еве го имам новиот 5ка iphone, такви сме ние, а после сите најави iphone не ни го даде она што сите го очекуваа.
Искрено мислам дека сите се изненадени и повеќето и разочарани.
 

tha CaspeR

NV.mk
Член од
1 мај 2006
Мислења
1.508
Поени од реакции
162
Прво браво за преносот и се околу кејноутот пошто бевте едини портал што се заинтересира околу ова инаку светски ненормално популарно "шоу" за време на кое паѓаат сите сајтови, се бара стрим повеќе, фрчат слики насекаде и т.н.

После тоа уа за Епл што не дозволија пренос во живо.

За iOS5 веќе се знаеше така да се најдобро, едвај чекам.

После тоа многу ми е мило што бев во право кога реков дека само еден ајфон ќе биде преставен иако многумина се занесуваа дека ќе престават 2, што нема никаква логика од ниеден особено не од финансиски поглед за Епл.

За iPhone 4S - Името стандард, ми се допаѓа што не е именуван како 5, пошто не е 5та генерација на телефон, само модификација на стариот, па логично е да биде 4S. Телефонот како телефон ми се свиѓа. Дизајнот не го смениле иако шпекулациите дека ќе се вратат на стариот, кој според мене е полош од сегашниот, така да добар е вака. Внатрешните измени можеби изгледаат како ништо но се големи и значајни. Новата камера колку и да е "поголема" и колку и да има подобри леќи сепак неможе да замени апарат за сликање. Иако е феноменално како една толку мала неприметлива точка вади толку добри фотографии, неможе да се споредува со подобар фотоапарат. Снимањето во фул хд беше очекувано и е многу добра работа. Сега може да се сними и долгометражен филм со телефонов ;) една од најдобрите работи е двојната антена со можност до 14 мб/с. Сири за нас не е употреблива работа така да тоа ќе го прескокнам. И за крај сигурно ќе има многу иронични коментари од андроид корисниците и разочарани iphone корисници кои очекуваа чудо но џабе се' кога на крај пак сите ќе го купувате :)

Јас колку што сватив има промена во испораката на телефонот оваа година така да кај нас треба да го очекуваме од 28ми окт па натака, најверојатно околу средината на ноември...
 

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.051
Поени од реакции
1.307
Android е светлосни години напред со иновациите од iOS како што е Siri да речеме.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.420
Поени од реакции
7.772
ајФон нема ФМ радио трололо :pos:

Камерата е единствена светла точка на овој модел. И софтверот кој иде во пакет, ама 5 % од корисниците само ќе го користат.

Во врска со камерата ТУКА има едно интересно текстче напишано од про-фотограф кој користел ајФон од 3ка наваму.
--- надополнето: Oct 4, 2011 8:43 PM ---
Android е светлосни години напред со иновациите од iOS како што е Siri да речеме.
Ама нема фенси презентација.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.419
Сири, уште еднаш :)

У курац, ќе мора да се праиме енглези ако сакаме да ја имаме Сири за пријателка... :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Убав филм напраја на највното видео со iPhone 5... виртулна тастатура, 3д проектор... Реално, за такво нешто да видиме прво треба да го направат на машина шо ќе работи на струја. После да се префрлаат на portable уред, пошто енергијата таму е ограничена.

Така да 4S, e oчекувано. На наредната промоција на која пак ќе чекаме да го представат iPhone5 ќе го представат 4GS, уште тро подопраен, и то е во глобала.

5-ката онака како на видеото, козјнае дали ќе го видиме некогаш...
 
Член од
14 април 2006
Мислења
116
Поени од реакции
43
Има многу хејтери ама ја имам ајфон и искрено телефонот е секс почнувајчи од материјалот од кој е направен само со допир тоа се осеќа а тоа дали некој од некого краде никој од никого не краде секој си има свој софтвер иако и двата се добр но според мене едноставно ајфон е ајфон како што е ролс ројс во автомобилската индустрија
 

Kajgana Shop

На врв Bottom