Од јужна Хрватска граница до Сплит ?

Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Ми треба информација која рута да ја возам од Црна Гора-Хрватска граница па се до Сплит?

Гледам има 2-3 рути, едната тера по старата магистрала, другата ме носи низ Босна и по некој нов автопат. Имам возено до Херцег Нови но нагоре не сум бил па би било добро некој што го возел тој пат да каже од каде е најдобро да се фати.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Што ти фали по магистрала? Херцег Нови, Дубровник, Макарска и ете го Сплит. Барем ќе имаш поглед на море.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.102
Ако прв пат ја возиш оваа траса, задолжително фати ја магистралата. Реално, освен делот кај Црногорско-хрватската граница, другото се` е покрај море и има целиот пат да ти помине побрзо одошто мислиш. Автопатот не го знам, но најчесто е добар ако веќе неколку пати си бил по магистралата и буквално го знаеш секое камче на патот, па со овој да дојдеш побрзо до целта.
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Ако ти се брза, го препорачувам автопатот, почнува пред Плоче. Сум го возел неколку пати по цела должина, пријатно искуство.
Гугл вели само 20 минути побрзо од магистралата, но во зависност од сообраќајот може да биде час - час и пол.

Ако ти се прават паузи и ти се кулира покрај море, оди по магистралата.
Се зависи од тоа колкав ти е вкупниот пат тој ден. Ако е над 300км и сакаш да избегнеш дополнителен замор, оди по автопатот.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Епа тоа е работата, ќе биде целодневно возење од Македонија и тоа ќе бидат последните километри од 750-800 км рута. :)

Најверојатно ќе го фаќам автопатот, тоа мене ме бунеше оти гледам Гугл ми ја нудеше таа опција и си мислев да не оди некаде северно па да се вртам уште X км додека стасам него ли по магистралата. Него гледам има една патарина, колку кошта ако знаеш?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
82
Готово бидна го возев патот по магистралата, нешто не ми се експериментираше нагоре по автопатот знаејќи дека временски исто се вози.

Инаку оваа информација може на некого ќе му се најде, ова е рутата на движење од Скопје до Сплит која мислам дека е временски и километарски најисплатива.

Рута на движење:

1. Скопје, старт.
2. Косовска граница, до тука се вози по регионален пат.
3. Урошевац (Феризај по нивно), исто регионален пат кој во иднина ќе биде автопат.
4. Штимље (Shtime), од Урошевац е локален пат.
5. Дуље (Duhel), од Штимље до тука исто локален пат но без многу сообраќај, се стига до еден кружен тек и се приклучува на новиот автопат Приштина-Призрен.
6. Призрен - Албанска граница, до тука е автопат што спие, дозволено е 130 но комотно може да се вози 140-150. Полиција немаше ни на повидок, автопат таков кај нас нема и браво за нив.
6. Кукс (Kukes), од граница до Кукс патот е автопат ама недоправен, односно на одредени делници само се вози од едната страна на мостовите но начелно патот е добар и се вози 80-90. Внимавајте тука има полиција позади кривините и ловат.
7. Фуше Милот (Fushe Milot) , од Кукс па се до 20 км пред Милот е автопат што е доста празен и без полиција. Брзината може не е како во Косово 130 декларирана но комотно може да се вози 100-110 затоа што има доста незгодни нагиби и кривни. Откако ќе заврши патот се вози по регионален кој не е толку лош но не може да се вози повеќе од 70-80 затоа што има полиција.
8. Леже-Скадар (Lezhe-Shkoder), кога ќе дојдете да возите од Милот па се до Скадар очекувајте гњаважа во возењето. Зависно од периодот во годината и гужвата, а и полиција не може да се вози повеќе од 50-60 на саат.
9. Црногорска граница, кога се влегува во Скадар има еден нов мост кој ќе ве однесе до јужниот граничен премин со Црна Гора. Тука е селски пат кој се вози 20-30 и пред граница и после граница.
10. Улцин или Бар, зависно каде ќе се одвоите после границата можете да испаднете кај било кој од овие два града. Нема многу знаци и ќе се изненадите низ какви селца се мине и зошто ваков прометен граничен премин нема друга рута. Инаку мене ако ме прашате не се двојте во селото што има раскрсница и знак за Улцин туку возете само право по сличен селски пат и возете така директно до Бар затоа што може да нема многу сообраќај по него, а и километрите се помалце него ли скроз да се спуштате до магистралата кај Улцин.
11. Бар-Сутоморе-Петровац-Будва-Тиват, тука нема што да се каже освен среќно возење по магистралата со 40-50-60 зависно од гужвата, и без нервози терајте само право нема утка.
12. Тиват-траект во Которски залив-Херцег Нови, кога ќе го поминете Тиват возете само прави и ќе стасате до местото за качување на траект. Цената изнесува 4.5 евра по возило и не се плаќа ништо друго. Траекти има многу што значи од качување, патување и симнување севкупно ќе ви одземе 15 минути. Нека не ве лаже Цацко да влегувате во Котор и да возите по патот за Херцег Нови што оди околу заливот, премногу км, нервоза, и потрошено гориво ќе имате на крај затоа обавезно терајте со траект.
13. Хрватска граница, од траектот до Херцег Нови па се додека не се помине градот и се стигне до границата во Хрватска возењето е 30-40. Се е тука населено и нема брзање, има гужва колку ви душа сака.
14. Дубровник, од граница од Дубровник возењето е супер. Одма ќе видите која разлика е во патот од оној магистралниот во Црна Гора. Местата се цакум пакум средени и скоро цел пат е нов иако е магистрален.
15. Плоче, кога ќе го поминете Дубровник шибајте само право. Исто тука нема утка по патот возењето зависи од гужвата и местата но претежно се вози 50-60-70. На пола пат до Плоче се влегува во Босна, границата е повеќе административна но сепак мора да се помине и може малце да се почека. Тука мислам дека у екот на сезоната се прави доста гужва од хрвати и странци затоа што неможе да се избегне затоа што го спојува Дубровник со остатокот од Хрватска.
16. Макарска, од Плоче од Макарска возењето по магистралата е исто како она од Дубровник. Брзината е таа и се зависи кој период од годината ќе се вози и колку гужва има.
17. Омиш, ова градче е пред Сплит едно 25 км и го спомнувам затоа што ми кажаа дека во екот на сезоната тука е најголемиот патен хаос во Хрватска. Значи се до ова место магистралата вози над селцата/градовите, кога ќе се дојде до тука патот влегува во сам Омиш и се вози до Сплит низ сите места кои се споени до самиот град. После 20 јули па се до втора половина на август оваа делница се возела и по 2-3 саата, така да внимавајте до каде одите и можеби е подобро тој период од годината наместо по магистралата да се качите на автопатот кај Плоче и по него да возите до Сплит!!
18. Сплит, крајна дестинација. До тука од Скопје има 700 километри без многу гужва на сите граници и без долги задржувања за паузи по патот освен брзо веце и пет минутно кафе, релацијата се вози за 13 до 14 часа. Некој може и побрзо ќе ја извози ако се мангупи но овој временски интервал е доколку возите според знаците или пак барем некаде со 10-20 км плус од дозволеното.

За враќање само следете ја обратно рутата и нема утка. Инаку има и други рути кои можат да се извозат, како да речеме да се фати над Скадар до Подгорица па Никшиц, Требиње во Босна и Дубровник, но оваа рута има плус 30 км возење кои временски се возат исто како да сте фатиле по магистралата во Црна Гора, а плус така ќе испадне да влегувате два пати во Босна.

Само да напоменам дека рутава сега за сега нема патарини, но мислам дека тоа набрзо ќе се смени затоа што видов дека во Косово спремаат наплатна рампа на автопатот. За Албанија не сум сигурен, но ништо чудно во иднина и они да постават патарини на нивниот автопат.

Толку од мене, кој планира да оди првпат до Хрватска среќно возење.
 
Последно уредено:
Член од
9 декември 2014
Мислења
25
Поени од реакции
1

Сaмaм дa oдaм вo Сплит oд 21 дo 27 септември мoже ли дa ме кaжеш дaли Сплит е гoлем грaд и дaли имa штo дa се види зa вoлку денa или дa oдaм Зaгреб пa Сплит
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Дечки, како најсоодветна ми се гледа темава.

Кои ми се опциите за автобуски превоз до Сплит, без разлика на градот на тргнување од Македонија? Се исплати ли да се оди со автобус дотаму(во смисла на цена, прекачување и време на патување), знаејќи дека повратна авионска карта Скопје-Загреб-Сплит е околу 200 евра?
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.559
Поени од реакции
8.142
Nekoj dali znae koj e najbolji avtobuski prevoz do Pula? Sho e najkomotno, i cena na povratna karta kolku e?
 
Член од
11 септември 2014
Мислења
23
Поени од реакции
7
Има некој возено од Скопје до Пула и да каже колку коштат патарините?
Преку Белград, Загреб Ријека до Пула, или преку Дубровник, Сплит, Ријека ... Од каде е поевтино?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom