Од толку криминалци, им засмета еден мал човек, чичко Драги

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Да даде Господ сите овие од влада ( и сите влади ) барем 1 година да го поживеат ваквиот живот за да видат како е а не на грбот на народот да живеат и да земаат по 60.000 плата плус да им ги плаќаме сите трошоци. Тажен случај кој за жал не е единствен во Македонија туку ги има многу вакви.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Така во политичките партии да влетаат и со шинтер да ги земат да даде горниот, за леб да молат.
Шо туку колниш мори ко бабине, уште црна шамија ти фали на главата....

А за човекот стварно тажно ама тој не е единствен....
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ах што би ми било мило овие од владава и од сдсм да ги видам без раце без нозе само со труп цел живот да живеат така да де овој горниов таков живот да имаат да видат како е да се живее без ништо во животот срам треба да им биде и на тие полицајците и на ти е кои го направиле тоа :mad:
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Душичка човекот, душава и срцево ми се стегнаа кога го прочитав тоа. Остај полицијата, него која е таа мала патетична и никаква форма на живот која го пријавила? :unsure:
Душава ме боли за вакви трагични човечки судбини, па уште 6000 денари казна еј! Тој 6000 цел месец не заработува...
И што има врска Анима Мунди бре луѓе во приказнава? Ова е една трагична судбина, не може човек да не се потресе од ова што го чита...
Има, затоа што здружението е секогаш ,,криво,,. До кучиња им стигнало.
Толку игнорантни суштества само тука има.
Ист беше муабетот и со Персида.

Што е важно кој помага. Важно е дека некој што нема никаква законска обврска да помага, го прави тоа во име на службите кои сите ние ги плаќаме, за да не прават ништо.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Не знам што им е. Сабајлево ги фатив како и се закануваат на бездомничката карши мојата зграда што се вртка, и бараа документи или исто да плати 6000 ден. казна. А душичка жената има ментално пореметување. Не ми се верува дека е пријавен чичко Драги, туку дека имаат некаква акција (кој ги знае). Ако на ваков начин сакаат да го решат проблемот со бездомници, нека им е на честа.
 
А

Атомската мравка

Гостин
Има уште еден ваков сличен случај иако дедото не чува животни..

Ако ве носи патот некогаш накај железничка и ако минете таму а имате вишок дадете му ги на дедото или барем направете му промет ако не сака директно да ги земе истите. Дедото често продава палома, шноли и такви ситни работи на влезот на железничката на дрвена тезга а има сигурно 70+ години и едвај се движи.. е сега не чува животни па да соберат срце Анима Мунди да прошират и за него али верувам дека и него му се потребни исто како на човеков погоре.
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Срамота и греота е... сега знаат да покажуат заби цајканиве и да го бркаат човекот.. ноа пијаницана кога ги газеше тогаш не им држеше да покажуваат заби и да се прват јаки мафијаши :mad: гледам ги фанаа сите криминалци, шо демек ги бараат со години, а уствари и самите знаат каде се и шо прават само не смеат да ги чепнат.
Ама затоа ќе се курчиме на бездомници и социјални случаеви, ќе покажуваме колку добро ние ги спроведуваме законите.... па уште и со сиот памет 6000 ден казнет. Море треба ко у Русија... да почнеме да ги млатиме ние нив, за ада им дојде паметот.... оти не отидат кај браќана да апсат... туку нашле некој кутар човек па на него денес ќе го вадат лебот... ПУ !
бел ден да не видат од таа дневнца што денес ја фанале ради случајот со човеков... тие пари на лекови да ги истрошат и како шо човеков ќе се малтретира и ќе се јадосува така и нивните деца да се јадосуваат !

Само среќа сеуште има луѓе, што не се толку себични и сеуште во нив останало нешто човечко.. луѓе што не замижуваат на ваквите работи и што се трудат да помогнат колку што можат.

п.с. Ако некој од Велес знае некој да има потреба од облека (женска)... нека ми пише во инбокс.. имам некои мои алишта што не ги носам (не се стари, чисти, испрани)
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Каде можам сега моментално да го најдам чичко Драги? Жими мајка ќе донирам колку што можам повеќе. Обично ги одбегнувам ваквиве настани/вести, ама на овој неможам да останам рамнодушен.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Каде можам сега моментално да го најдам чичко Драги? Жими мајка ќе донирам колку што можам повеќе. Обично ги одбегнувам ваквиве настани/вести, ама на овој неможам да останам рамнодушен.
:cuc:
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
оф тоа со факултети луѓе се без работа, а не пак за чичко Драги ќе се најде.......тешко нему, туку барем едно станче нека му даде скапанава држава. и браво за насловот од темава, криминалци слободно си шетаат, не крадат секој ден, државава ја кренаа, а тие се запнале по бездомнициве да ги казнуваат :unsure: колку глуп народ сме ејјјјјјјј......
 
M

Muranyi

Гостин
Каде беа на Бит-пазар периодов кога Албанциве се утепаа од продавање петарди без фискални сметки ???? Значи ги мразам политичариве до коска
Така функционираат работите.До пред 7 или повеќе години барем правеа рации на пазарот и сите бегаа како попарени,сега заедно си пушат цигарче и си праат муабет,зашто до вчера биле колеги и заедно продавале штеки и петарди.Полицијата нема никаков авторитет,освен ако си неАлбанец па може да те малтретира со прашања-што правиш тука,а ти си чекаш автобус за на гости,па те задржува 20 минути како да си некој криминалец со издадена потера,згора на тоа може да ти провери податоци на мобилен телефон,што сигурно ама ич не е законски.Пљук на полицијата,мамето нивно.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Дали некој знае каде е сега чичко Драги? Долго време го немам виднео, а сакам да стапам во контакт со него затоа што имам многу работи што сакам да му ги дадам што му се потребни. Ако некој има било каква информација нека ми пише.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.330
Поени од реакции
27.874
Ај бе не само ми лајкувајте лажна надеж ми давате дека сте пишале на темава. :D До толку никој не го видел и не знае каде е ? :(
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ај бе не само ми лајкувајте лажна надеж ми давате дека сте пишале на темава. :D До толку никој не го видел и не знае каде е ? :(
Чичко Драги си е на старото место, сабајле поминав од таму и го поздравив :).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom