Во овој момент ми се чини и дека не е реално со ваква организација, ваква слаба лига, никакви спонзори да се направи екипа која што би направила било што повеќе од 2-3 победи во сезоната (што за мене би бил феноменален успех!). Не гледам како би биле рамноправни со најслабите, Сплит, Хелиос, Широки Бриег кои што имаат 4-5 пати поголем буџет од Работнички, и многу посилни лиги. Претходната сезона беше голем чекор напред, со разбивањето на монополот на Работнички, оживувањето на од секогаш кошаркарската Струмица (се надевам на подолги стази) и поголемата конкуренција во лигата.
Искрено, за да преживее само една сезона во Јадранска, на било кој тим му треба нешто над милион евра буџет, пошто у Јадранска лига не е направена за заработка, туку тимовите да одиграат што поглем број квалитетни меѓусебни мечеви. Платени се некаде околу 2 евра по километар, така да до Белград да речеме Работнички би бил платен околу 1600 евра во двата правца, што е едвај покривање на сите трошкови (автобус, клопа, сместување на ден на мечот, итн) Значи за нашиот тим повторно нема можност за заработика освен доколку не се најдат супер-силни спонзори што за нашето поднебје е рамно на научна фантастика.