leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Да, кај судот оставаат. Од тука продолжуваш само право накај град, ќе излезеш на Виа Игнација. Имаш за пешачење од 7-10 мин. Под неа паралелно ти е улицата Цимитски, ќе видиш тоа се големи паралелни улици. 78ца оди по Цимитски али застанува на една или две станици, ќе мораш да провериш по веб.Ме интересира за превозов до Солун преку Македонија Сообраќај, оставаат негде кај судот ко што разбрав е сеа ме интересира од таму до аеродром како се стига? Каде е најблиската станица на некој од автобусите (број 78) што одат накај аеродром?
Исто ми е битно дали возат во недела? Пошо у недела ми е летот...
Освен Македонија Сообраќај, друг превозник на релацијава нема изглеа?
Такси ко што гледам е 15-20еу во правец до аеродром од центарот на Солун.
Ај некој што бил ако може да сподели информација што и како...
Такси од плоштад на Солун (тоа ќе го видиш движејќи се по Виа Игнација) Аристотелис нема шанси да го утнеш до Ародром ти е 16 евра по таксиметар. Не е лошо и да се договориш пред да се качиш, ќе ги прашаш за колку возат, кажуваат различни цени.
Провери ја 78ца да не трга од автобуска, мислам дека таа и е почетна станица. Во тој случај на првата раскрсница наместо да тргнеш право кон Виа Игнација, ќе свртиш на горната улица и ќе се движиш во обратен правец од кој идеш од судот. На некои си 5-10мин ти е автобуска нема шанси да ја промашиш. Се надевам ме разбираш