Од Солун до Скопје со воз

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ме интересира за превозов до Солун преку Македонија Сообраќај, оставаат негде кај судот ко што разбрав е сеа ме интересира од таму до аеродром како се стига? Каде е најблиската станица на некој од автобусите (број 78) што одат накај аеродром?
Исто ми е битно дали возат во недела? Пошо у недела ми е летот...

Освен Македонија Сообраќај, друг превозник на релацијава нема изглеа?

Такси ко што гледам е 15-20еу во правец до аеродром од центарот на Солун.

Ај некој што бил ако може да сподели информација што и како...
Да, кај судот оставаат. Од тука продолжуваш само право накај град, ќе излезеш на Виа Игнација. Имаш за пешачење од 7-10 мин. Под неа паралелно ти е улицата Цимитски, ќе видиш тоа се големи паралелни улици. 78ца оди по Цимитски али застанува на една или две станици, ќе мораш да провериш по веб.
Такси од плоштад на Солун (тоа ќе го видиш движејќи се по Виа Игнација) Аристотелис нема шанси да го утнеш до Ародром ти е 16 евра по таксиметар. Не е лошо и да се договориш пред да се качиш, ќе ги прашаш за колку возат, кажуваат различни цени.
Провери ја 78ца да не трга од автобуска, мислам дека таа и е почетна станица. Во тој случај на првата раскрсница наместо да тргнеш право кон Виа Игнација, ќе свртиш на горната улица и ќе се движиш во обратен правец од кој идеш од судот. На некои си 5-10мин ти е автобуска нема шанси да ја промашиш. Се надевам ме разбираш :)
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.648
Поени од реакции
690
Пошо најверојатно не би стигнал до аеродром ако одам со автобускава линија, ме интересира некој ако може да ми препорача превоз (освен Компас) до Солун?

Ако некој оди баш тој ден, може да ме контактира на пп, па ќе делиме гориво ако ништо друго. Ние сме 2ца и треба да бидеме на аеродром до 11, 11:30 најкасно по македонско време.

Ако некој може да ми даде цена по пп за превоз од Скопје/Дојран/Гевгелија/Богданци/Валандово за до аеродром во Солун, би му бил благодарен :)
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.147
Поени од реакции
3.098
Decki gi procitav prethodnite strani no tie se stari...Vaka dali e uste 1500 denari so voz od Skopje do Solun povratna karta ? I kolku vreme vazi taa povratna karta ?
 

ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
На 10-ти мај тргнува возот за Солун
На 10 мај годинава повторно се воспоставува железничката патничка врска со Солун. Така, популарниот „Хелас експрес“ од Белград ќе тргнува во 18.45 часот, во Скопје ќе пристигнува во 4.44, а за Солун ќе тргнува во 5.06 часот наутро. Хелас во Солун (по грчко сметање на времето) ќе пристигнува во 11.16 часот.

Возот од Солун за Скопје ќе тргнува во 15.52 (грчко време), а во Скопје ќе пристигнува во 19.50. Во 20.10 ќе тргнува за Белград каде ќе стаса во 5.33 часот наутро.

Возната цена од Скопје за Солун (еден правец) изнесува 756 денари, а повратниот билет ќе чини 1214 денари.
 
Член од
16 август 2010
Мислења
147
Поени од реакции
3
Дали постои линијава за овој месец и дали мора да се вратиме истиот ден или може другиот ако сака да одговори некој?
 
Член од
24 јули 2014
Мислења
118
Поени од реакции
64
Абе вади гркот скарата кога на граница ќе дојде возот? Еднаш ко копиљ идев со воз пун вагон германци џанаци за на самотраки. Кога распали овој ребарца, сите пари за дроги си ги дадоа кај него.
 
C

cige

Гостин
Ако има некој одено со воз нека ми каже како да ја најдам таа улицата со автоделови, поточно ми треба за KTM
 

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
4.366
Постои ли уште таа врска со воз?
 
M

Moon Child

Гостин
Јас во февруари дојдов со тој воз линија Београд-Солун, со истиот и се вратив. После тоа читав дека ќе биде укинат на неколку месеци. Најубаво јави си се на железничка или провери на сајтот дали го има повторно.
Ако нема на Македонски железници, барај на таа србијанската страна, таму пишува сигурно.
 

Sprite

Bayern Fanatic
Член од
23 јули 2007
Мислења
447
Поени од реакции
36
Знае ли некој сега колку е повратна карта Гевгелија - Солун?

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
размислувам да појдам до Солун и да купам некоја работа во продавниците до пристаништето... стандардните шопинг тури одат до Икеа, па размислувам ако има ефтин превоз до Солун, со минибус кој оди да пречека патници на Солунски аеродром, а за назад да се вратам со грчки воз до Идомени, а после со воз од Гевгелија.. еднаш бев така, мислам 2010/11та.... не се сеќавам колку беше тогаш возот Солун - Идомени, мислам некаде 8-9 евра ??
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
нејасен, конфузен и бомбастичен наслов...
Од 15 јуни со воз до Солун со повратна карта од само 756 денари


Возот од македонската метропола кон Солун ќе поаѓа секој ден во 4.45 часот, со пристигнување на солунската железничка станица во 9.33 часот, од каде ќе може да се фати врска со грчки воз за летувалиштата во Литохоро, Лептокарија и Неи Пори.

Редовната цена на билетите меѓу Скопје и Солун изнесува 12,2 евра во еден правец и 19,5 евра во двата правци по патник.

додека кон Солун со воз се патува до Гевгелија, а на релацијата меѓу Гевгелија и Солун е обезбеден автобуски превоз на „Грчките железници-ОСЕ“.


Всушност најконфузното е ПРАШАЊЕТО од каде тргнува грчкиот автобус, од Гевгелија или од Идомени ?????
Тури му пепел на возот ако пак те фаќа гужвата на граница во автобус, па и грчки да е ???
Како и да е, па и комплет да е со воз до Солун, се исплаќа само за летување блиску до Солун ( на пример до Неа Каликратија, до каде од Солун има ефтин автобус)... инаку ако се додаде возот од Солун до Неа Пори ќе ти биде Св.Петар кајгана во однос на автобуски превоз Скопје /Неа Пори...

А друго е ако се летува во Халкида ( Еретиа), или уште накај Атина, до таму и да кошта се исплати со грчкиот воз, прво комфор, брзина...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom