Каде можам да се обратам и поднесам жалба до администрацијата задолжена за сообраќај?
Денеска бев да си ги земам табличките и новата сообраќајна дозвола и да не навлегувам во детаљи кога веќе дојдов на ред со уредната документација од технички преглед, одјавената стара сообраќајна дозвола, купопродажниот договор на нотар ме информираа на шалтер дека нивната колешка од друг град заборавила да ја одјави колата на компјутер и не можат тие да ми дадат таблички и нова сообраќајна.
Кога ги прашав за чаре, ми рекоа дека поранешната сопственичка треба да појде и да ја потсети службеничката да ја одјави колата.
Да не се расправам и одземам време на другите што чекаа зад мене излегов и се јавив кај сопственичката која ми кажа дека жали, но меѓутоа во моментот оди на пат и нема да може да ми помогне.
Појдов до дома и го најдов документот, односно фискалната сметка со име и презиме на службеничката што ја одјавуваше колата и се вратив пак на шалтерот. Мислам дека не треба да споменувам дека одново чекав долга редица.
Му кажав дека сопственичката е на пат и дека во наредните две седмици нема да може да појде и потсети службеничката, и дали тие можаш да се јават на нивната колешка од Скопје во истиот отсек да ја одјави колата или барем да проверат што е причината што не е одјавена и покрај докуметот што го имам на сообраќајна дека колата е одјавена.
На тоа имав пет различни одговори и ниту еден не се однесуваше на моето прашање.
Првиот полицаец во канцеларијата ми кажа дека може да е колата заложена и ако не е одјавена во полиција на компјутер ќе биде проблем.
На тоа му аргументирав дека си ги преземам сам одговорностите и ако колата е заложена ќе си го исплатам долгот и нив тоа не би требало да ги засега за да ми дадат таблички и сообраќајна.
На тоа ми одговори дека не може како што сакам јас и има закони, кога му реков да ми го приложи законот ми кажа дека нема време да се расправа со мене и не е нивна грешка туку од Скопје и ме упати кај шефот.
Шефот еден пристар човек ми кажа дека службеничката во Скопје не би смеела да ми мавне печат на сообраќајна пред да ја одјави.
Му кажав дека потполно се согласувам со тоа и додадов дека изгледа малку непрофесионално да ги обвинува неговите колеги од Скопје наместо да се јави кај нив и исправи грешката која е направена од причина што се под иста капа и играат во ист тим.
После ми одговори дека требало да сум пазел да ја одјави колата на компјутер, на тоа го прашав дали имам пристап да гледам во неговиот компјутер додека работи?
На тоа кратко одговори не знам, и тогаш ми се крена притисокот и му се развикав дека сигурно би требало од Водовод и Канализација да го знаат одговорот.
Истиот полицаец, односно првиот стана и ме викна во канцеларија и ме упати кон едно момче од 25-6 години од рамковниве браќа за да ми помогни да ја лоцираме колешката од Скопје и завршиме работа.
Проблемот беше што човекот не го владееше добро јазикот и беше пресен вработен во канцеларија.
Човекот мене ми го побара телефонот на службеничката за да се јавел и прашал, небаре колектирам броеви на службенички во МВР.
Му одговорив дека ако го имам досега сигурно ќе се јавев и го советував да се јави во подрачното МВР во Скопје и побара број на Марија Н. Клинчарова и праша што е проблемот.
На тоа ми кажа дека нема број...Во ред е тогаш му реков да ја најде колешката на Ентранет и испрати и-мејл со податоците од автомобилот.
За жал дечкото не знаеше што е Ентранет и и кажа дека такво нешто нема во МВР.
Му објаснив дека тоа е внатрешна мрежа на сите вработени и дека има адреси за сите вработени и би требало лесно да го најде.
Да не тупам многу до крај има некој абер што треба да направам да си ги земам табличките од колата и сообраќајната?