Односот на вработените во кладилниците према муштериите

LaChupacabraLoca

jedi master
Член од
13 октомври 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
5.063
Па сигурно има газди, што не им пишете нив, малку ќе ги стегнат.
Барем што се однесува за ЈСП, ако го знаеш бројот на автобусот, има број ќе се јавиш, ќе се поплачиш и вработениот ќе биде санкциониран.
Сигурно и газдите не се толку утепани како тие на шалтер, па ако не се поправат, слободно одите во други кладилници, бројот не им се знае
hkghuig ui g.jpg
И тоа уште одма, само пишав од на девојка ми профилот пошо коа им се пожалив прошлиот пат ме банираа и сеа не можам ништо од мојот... Постовите како овој не им се видливи, како курвички бегат од вистината очигледно на критика не знаат нормално да изреагират, а тоа кажува за нивното ниво на култура -у минус...
Спорт Лајф карши економското во Кисела Вода.
Значи понеуредена кладилница неам видено. Идеме редовно со еден другар таму, абе шубе да ти е билтен да побараш. Не гледа двајца, викаме билтени, ливчиња и пенкала за нас, тие ти даваат еден, а кога логично бараш уште еден ти вика побарај по масите ако има оставено!
Дел од касиерите се многу големи мрзи, си праат муабет минута-две, некогаш пред да ти уплати ливче. Те гледа чекаш со ливче и пари, вика- повели што ти треба. Сестра ти ми треба!
За уреденоста да не праам муабет, расклатени столици и маси, внатре неретко корне на потини, смрди на умрено.
Мизерија тешка во смисла на организација.
Те, и кај нас е исто. Апла.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Горе долу во сите градови кладилниците функционираат слично...
За Битола ќе се осврнам...
Моцарт,убедливо најдобри....најсредени кладилници,најчисти,персонал секогаш на ниво,секогаш има прибор(билтен,додаток,празно ливче)на лагер,за разлика од Спорт Лајф.....
Имаат добра техничка опрема,многу телевизори,на едни се следи уплата во живо,на другите одат преноси од мечеви...нон-стоп се пуштаат мечеви по барање на муштериите,покриени се со сателитска опрема и можат да понудат следење на многу мечеви..
Убедливо најдобра кладилница....
За Спорт Лајф шо да кажам....
Вработените грото жени се ок...иако не се замараат многу дали има празни ливчиња за пишење,дали има додаток на шалтер...не ги боли уво....
Па ајде сега ти чекај во гужвите и барај празни ливчиња....
Ретко ми имаат згрешено тикет,за ова се доста добри....
Ама клиентелата,нечистотијата даваат негативен впечаток за оваа кладилница,посебно на двете кладилници во центарот....
Собрани индијанци(грото постари шо идат да се топлат во зима кои ни уплаќаат ни ништо),седат држат маси,смрди корни внатре,пуштено вести на телевизија,песни турбо фолк,наместо спортски меч..да му се одмили на чоек да оди в кладилница...:sick:
Нечистота до максимум...:tapp:
За Бет-Сити не ми се трошат зброви,убедливо најлоша кладилиница во Битола,џабе имаат толку игри(убедливо најдобра понуда) кога немаат простор каде да уплатиш ливче..таква кладилница не најдоа еден асолен деловен простор...резили....ниту маса има како чоек да седниш ништо немааат.....како Волстрит делува кладилницата,од тие загрозените кои фрлаат ненормални пари на игри во живо.
Кога одиш да уплатиш ливче,ваква е околината која те опкружува...:D

Иначе постарите Битолчани се сеќаваат на легендарната кладилница Спортко(на Кајгана)кога беа карши Библиотеката...
Е ова беше кладилница...со легенди од типот на Мики....:Dкакви сами случки се случуваа овде....:pos:
 
M

Mario Gómez

Гостин
Најмногу ме нервираат шерифите у кладилниците, т.е луѓе што живеат таму од сабајле до вечер и само тресат глупости, ама на цел глас. Спортлајф карши економското и копачка на 30 метри од неа :гик:се биртии. Одамна престанав таму да одам, Моцарт. (y)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Напрајте си акаунт онлајн да ве види Господ :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Моцарт е најсредено со се и со опрема но најлошо е што во сабота/недела кога има тон утакмици ставаат по еден вработен :tapp: знаат некоја грешка да направат но не се лоши..инаку Спортлајф е сосема ок исто и Копачка иако не уплаќам многу не е лоша..а некој спомна Еврогол :tapp: тоа е се само не е кладилница, мене не ми ни уплаќаат само некој егзибициски ливчиња а им ставиш пари нема шанса ќе почнат со нивните..а инаку најголеми бонуси даваат они од коефициенти :)
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.962
Поени од реакции
25.275
Ко шо кажува насловот на темата , ова е критика за вработените кои работат во кладилници.
Сега пред 15тина минути отидов во Спортлајф во Штип да пуштам неколку тикети , на еден тикет имав Болоња дава гол што во билтенот се означува со 1 ДА , тоа и беше напишано на ливчето кое го дадов да се искуца.Е сега тука во Штип се вработени тешки морони во Спортлајф, имате 2 неписмени крави и еден тежок сељак кој кога пуши пред вратата на кладилницата постојано плука ко ебан пират што е премногу некултурно и одвратно, истото го прави и внатре. Како и да е , кога го дадов ливчето да биде уплатено убаво напишано и со ознаките за игрите ко што ги пишува во нивниот билтен , една од кравите ме прашува дали 1ДА значи Болоња дава прва гол. Реков не , значи дава гол во цела утакмица. Оваа после 10 секунди ми го дава тикетот со уплата Болоња дава прва гол. И го вратив одма и и реков да поправи , оваа ми врати па кажи убаво шо сакаш ?!:confused::гомце::нинџ: Глупа крава !! Работи таму 2 години и не знае 4 утакмици да ги напише ко шо треба и кога направиш рекламација , одвраќа ко ти да си крив ... Уплатата ми беше 520 денари , и оваа на поправеното ливче ми искуца уплата 20 денари !!! И реков 520 , таа ми вели па кај пишува !?!?! На ливчето убаво беше напишано најдоле после шифрите x 520 den , што повеќе и треба ??

Оваа е само еден од ваквите инциденти што морониве ги прават на дневна база веќе 7-8 години од кога е отворена кладилницата тука. Напишав и коментар на ФБ страната на Спортлајф , но бев избришан и баниран !!!

Ова едносување не е за толеранција !!
Гарант сте имале и вие слични искуства на редовна база , ова мора да се смени !
Знам за кој зборуваш :pos:

Слабо одам таму, но сум немал проблем во Спорт лајф, има една пресериозна жена која не може да трпи никого, те гледа на тој начин дури да се прашаш сам себе дали со нејзини пари играш или со твоите :pos:

Во Оаза и Моцарт се добри (y), а Вил Хил има еден тип дури те замара од што сака да ти погоди, уште не влегол тој се грижи за да добиеш пенкало и билтен :D
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Спорт Лајф во Струмица е одлична кладилница. Има стварно добри и квалитетни вработени кои ни се мешаат во тоа што пишуваш, ниту пак треба да чекаш за да ти уплатат а исто ретко и грешат. Кога ќе погрешат веднаш за две секунди ти е решен проблемот. Не знам зошто така во другите градови...
Озбилен си?

Таа шо е на старата чаршија кај топчето, врие од циганарија, се ок ама да се бањаат барем 1 месечно ако не повеќе. Нон стоп има расфрлано испишани лифчиња, страници од билтени, испокршени пенкала и сл по масите, некој ко порачува кафе се дознава во радиус од 1 километар пошо нели КАФЕ ќе пие, и секој шо пие кафе таму е газда. Има 3-4 девојки и 1 машко, е сеа девојките се ок, ама кај тој типот ако ти се погоди да уплатиш ќе почекаш прво 5минути додека да доврши муабетот на телефон, ќе искуца набрзина (ако имаш среќа нема да ти згреши ниедна утакмица) па после 5 мин откако ќе ти ги земе парите и искуца лифчињата, сеуште не сум дознал што прави ама најверојатно бара нешто во билтенот пошто нон-стоп го листа. Ако имаш повеќе утакмици на лифче а мала уплата (ми се случувало пример за 100 ден да напишам 7-8 утакмици Х-1, Х-2 или сл) може и да те пресече со поглед.

Е сеа онаа шо е во Глобал е по прометна ама наместо циганарија има сељачана, значи од 1 крај на локалот до другиот крај си прават муабет, и како што можете да претпоставите сите знаат се и сите се во право. Уплатите од 20 ден, во муабетот стануваат 2.000, и при промашени 3 утакмици од 4, во муабетот е само 1 промашена и најпцуени се мајките, нормално. Доколку ви се случи да уплатите кај сестра и на мега-ѕвездата Сања Цинцева, Ружица мислам дека се викаше, прво ќе ве погледне ко да сте паднати од Марс, онака арогантно, и доколку нешто не е во ред со ливчето и и пребарате да го преправи одма прави скисната фаца, одговара со уште поостар тон од вообичаениот, ја прчи и онака преголемата муцка, и листот онака фино лепо ви го фрла на шалтер.

Во Струмица никогаш не е имало кладилница во која се било во ред, нема ни да има.
Единствено не сум сигурен за БетСити пошо ептен ретко одам таму, ама за беља нон-стоп ги начекувам вработените како ручат :)
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.056
Поени од реакции
17.743

Аман бе пријателе, не е толку црно се :). Прави разлика како прво од услугата на кладилницата со муштериите во истата. Не може во 21 век на некој затоа што бил црн или од село да му кажеш да излезе надвор. Девојките се супер, ретко грешат а кога грешат поправаат без проблеми. Не сум имал проблем со билтени или додатоци да не дадат или слично. И никогаш не ми рекле ништо за листот што си го уплаќам.(за онаа на топчето зборувам) Оти јас знам и забегани листови да пишам, па дури способен треба да бидеш да не реагираш на тој лист :D.
Инаку се разбира најдобра кладилница кај нас за мене ќе остане Хоризонт. Повторно на топчето се разбира. Една од малкуте беше и секогаш беше полно до даска. Сите вработени беа доста љубезни и иако не стигав до шанкот тогаш секогаш ми уплаќаа :D
 
Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
Мене ми се деси една дешавка у Бет Сити у Скопје, имало и повеќе дешавки со некултура на вработените у кладилница, ама оваа највеќе ми крена коса.
Имав утакмици од 19 часот, а саатот беше 18:57 минути, а двајца на смена, едно машко и едно женско. И сеа момаков куца брза, 3-4 чекавме ред, скоро на сите утакмиците ни беа од 19, а таа глупачата зботи на телефон и шета низ гладилница, а ние брзаме ќе ни почнат утакмиците :facepalm:
И дечково што куцаше, и вика, дојди седни, искуцај им на луѓево, оваа само аха и пак си продужи да си збори. Ме напизиди мене тогаш и викам девојко можеш да дојдеш, ќе ни почнат утакмиците, оваа враќање арогантно: да не сум на закачалка јас :facepalm: Леле притисокот ми го крена :mad: ама се воздржав да не коментирам, и дојде како на јајца да гази фрцкајки го тоа дебелиот гз и седна и го давам ливчето, и почнува да куца, и ми вика, дечко почнати се утакмиците, ејј жити се? Ми идеше да ја грбнам за врат, преку тоа отворчето што им е и да ја повлечам, глупача една. И после на искачање им ја лупнав вратата и веќе немам влезено таму...
која кладилница на Бет Сити? ако е Бисер знам за која збориш....
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
Аман бе пријателе, не е толку црно се :). Прави разлика како прво од услугата на кладилницата со муштериите во истата. Не може во 21 век на некој затоа што бил црн или од село да му кажеш да излезе надвор. Девојките се супер, ретко грешат а кога грешат поправаат без проблеми. Не сум имал проблем со билтени или додатоци да не дадат или слично. И никогаш не ми рекле ништо за листот што си го уплаќам.(за онаа на топчето зборувам) Оти јас знам и забегани листови да пишам, па дури способен треба да бидеш да не реагираш на тој лист :D.
Инаку се разбира најдобра кладилница кај нас за мене ќе остане Хоризонт. Повторно на топчето се разбира. Една од малкуте беше и секогаш беше полно до даска. Сите вработени беа доста љубезни и иако не стигав до шанкот тогаш секогаш ми уплаќаа :D
За билтени и лифчиња не е проблем кај онаа на топчето, ти даваат одма (може само понекогаш да те прашаат: "нема ли низ маасте?") а усвари низ масите има цели контејнери, најверојатно ги средуваат 1 во денот, буквално кога и да одам (а одам доста често) масите се катастрофа. Значи не е можно толку да се мрзливи и дембели за 1-2 мин работа да го нарушуваат пред се својот углед а и угледот на кладилницата. Се случувало и чаши и филџани да стојат по масите, на речиси празна кладилница (со 2-3 пропалици внатре) а сите од персоналот дремат и си прават муабет. На сите телевизори е пуштена иста страница на телетекст, и има шанси да смениш само ако не е таму оној стариот (најверојатно поранешен професор) шо по цел ден уплаќа во живо и замара до недоглед, и поранешниот кандидат за градоначалник верувам ќе се сетиш кој, имаше бутик за спортска опрема одма до кладилницата заедно со уште неколку други.

Е сеа онаа во Глобал, ако побараш билтен одма ти го трескаат на шалтер, со исклучок на 2 машки работници, а насмевката (значи зборам за жените) е ретка појава. Не се однесува ова конкретно за мене туку општо за сите, и што сум гледал од страна и што ми кажувале.
На таа работа, клиентела, услови за работа и сл, Спорт Лајф треба да е на далеку повисоко ниво од сегашното.

Погоре гледам спомнале за Моцарт, и таму одам доста ретко пошо најчесто играм ГГ или ГГ3+ а највисоки коеф има во Спорт Лајф. Секогаш кога сум влегол внатре, билтенот е уредно затворен и ставен на маса, пенкалата се во пластичното кутивче, заедно со 30-40 лифчиња. Напишани лифчиња, скинати, истрошени пенкала, страници од билтен, ѓубриња по земјата не сум видел никогаш. За разлика од Спорт Лајф, банка!
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Епа појдете и на таа 10 души одеднаш да уплатите, седнете и кога ќе видите дека и се јавува некој и прави муабет, одете до пултот и почнете на глас ајде да уплатам ајде што е ова девојко да уплатам :mad::mad::mad:

Барем потренирајте и ги живците :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom