Не, ја ти зборам од модерна научна етнолошка перспектива. Ти рече со индиска раса бил преплавен Блискиот Исток. Ја ти кажувам дека индиска раса (што и да подразбираш под тоа) има многу повеќе сличности со нас, неголи со Арапите и Евреите, кои се на Блиски Исток. Од Иран натаму, нема Афразијци (Арапи), скоро све се Индоевропејци. Тоа ако збориме за раси и семејства на народи.
Религија е скроз друга приказна.
Блиски Исток завршува со Иран, после е Среден Исток.
А ако збориме буквално за раси, како антрополошки термин, тогаш нема дилема, сите тие се бела раса. Но, претпоставувам дека тој збор не го употреби во буквална смисла бидејќи го поврза со народ.
Како и да е, моментално Пакистан се во дипломатска дефанзива и зборуваат за смирување на страстите и за мир и умно однесување. Но, Индија е таа која во моментов има побарувања на тој план и се чека нејзин поопстоен одговор. Сега за сега, ништо посебно не изјавуваат.