Одлука на Влада за враќање на цените на одредени производи

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Најпрво и најбитно, темава е за правно разгледување на Одлукава, а не за тоа дали е етички исправна или не.

Цените на одделни производи да се вратат на нивото пред поплавите

http://www.vlada.mk/?q=node/12303&language=mk

Владата на Република Македонија на последната седница донесе за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на мало, поточно на: флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција. Највисоките цени на овие производи се утврдуваат на нивото на цените на истите кои се применувале до 5 август 2016 година.

Причина за донесување на оваа одлука се случаите на злоупотреба на дел од трговците, констатирани при проверка од страна на Државниот пазарен инспекторат, по новонастанатата состојба произлезена од поплавите во скопскиот и тетовскиот регион, која налага зголемена употреба на споменатите производи.

Имено, користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи.

Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно.

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.

Дали е ова спротивно на Уставот на РМ?

4. Основи на економските односи
Член 55
Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото. Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот. Републиката презема мерки против монополската положба и монополското однесување на пазарот. Слободата на пазарот и претприемништвото можат да се ограничат со закон единствено заради одбраната на Републиката, зачувувањето на природата, животната средина или здравјето на луѓето.

  • Слободата на пазарот подразбира и слобода да се одредуваат цените врз основа на пазарните механизми на понуда и побарувачка.

Член 54

Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот.
Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба според одредбите на Уставот.
Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.
Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, на правната одреденост на казнивите дела и казните, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.

Член 125

Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.
Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници.

Одлуката со која се утврдува постоењето на вонредна состојба се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници и има важност најмногу 30 дена. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.
  • Слободата на пазарот може да биде ограничена, но вонредна состојба треба да прогласи Собранието
  • Собранието се нема состанато цел август. Утре (поточно на 14-ти) е закажана седница. Тоа значи дека Собранието нема прогласено вонредна состојба.
  • Оттука логично е дека оваа Одлука на Влада е противуставна и не произведува правно дејство.

Дали во државава имаме Устав или немаме?
А образложениево е чист виц
Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно.
Самостојно биле формирани и според тоа словото на законот е запазено. А тоа што не ќе можат да ги менуваат до крајот на август тоа не е толку битно. :)
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.922
Поени од реакции
7.846
режим и диктатура, што очекуваш повеќе
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Се согласувам со оваа одлука, само касно е сега за носење оваква одлука. За уставот, и онака веќе никој не го есапи.
А нашите трговци се најдолно нешто, неизмерно алчни, користат секаква шанса за поголема заработка.
 
Последно уредено:

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Чекајте малку, истото го направи мислам и Српската влада во 2014 после поплавите кога цените на одредени работи потребни најмногу за расчистување на штетите рипнаа страшно. Јас не гледам тука ништо против уставно туку обид на државата и институциите да спречат некој дебело да се збогати на маката на настраданите. Ако на 5-6ти Август една помпа за вода била 3000 ден. зошто сега да биде 6000 ден. и некој да заработи стотици евра дневно?
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Место да покажат солидарност трговците, дури и да ги намалат малку цените на потребните производи. Ќе продадат повеќе и пак ќе имаат добра заработка, а од друга страна ќе има повеќе намирници за настраданите и опрема за доброволците.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Чекајте малку, истото го направи мислам и Српската влада во 2014 после поплавите кога цените на одредени работи потребни најмногу за расчистување на штетите рипнаа страшно. Јас не гледам тука ништо против уставно туку обид на државата и институциите да спречат некој дебело да се збогати на маката на настраданите. Ако на 5-6ти Август една помпа за вода била 3000 ден. зошто сега да биде 6000 ден. и некој да заработи стотици евра дневно?
Не гледаш пошто не читаш. Пишува фино во првиот пост зашто е противуставно. Процедурата не е запазена воопшто. Само се гледа дека НГ и Владата се единствени институции во државава, сите други се марионети.

Кој ќе ми го објасни ова: Што бара НГ во својство на приватно лице таму да им се јавува на одговорни лица и да им кажува што треба да прават и како да си ја работат работата?
Или сите стручни лица на одговорни позиции ги заменија со партиски војници и сега никој нема појма како да се справи со кризата?

Ама нејсе, пак кажувам, коментирајте од правен аспект, за тоа колку биле алчни трговците не ме интересира, бар на оваа тема. Фино е поставена во право и закони, не за џабе.
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099

problemot e sto kompleksno prasanje ti probuvas da go prikazes samo od eden aspekt za da ja opravdas tvojata predrasuda,zvucis kako gjogjri n. so negovoto neustavno sjo
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Не гледаш пошто не читаш. Пишува фино во првиот пост зашто е противуставно. Процедурата не е запазена воопшто. Само се гледа дека НГ и Владата се единствени институции во државава, сите други се марионети.

Кој ќе ми го објасни ова: Што бара НГ во својство на приватно лице таму да им се јавува на одговорни лица и да им кажува што треба да прават и како да си ја работат работата?
Или сите стручни лица на одговорни позиции ги заменија со партиски војници и сега никој нема појма како да се справи со кризата?

Ама нејсе, пак кажувам, коментирајте од правен аспект, за тоа колку биле алчни трговците не ме интересира, бар на оваа тема. Фино е поставена во право и закони, не за џабе.
Прочитав јас се што си напишал. И пак ќе повторам, не гледам ништо против уставно со оваа одлука. Ако во некој случај има нешто против уставно тогаш се надевам има институции што ќе го разгледаат ова и ќе донесат соодветна одлука.[DOUBLEPOST=1471137554][/DOUBLEPOST]
Не гледаш пошто не читаш. Пишува фино во првиот пост зашто е противуставно. Процедурата не е запазена воопшто. Само се гледа дека НГ и Владата се единствени институции во државава, сите други се марионети.

Кој ќе ми го објасни ова: Што бара НГ во својство на приватно лице таму да им се јавува на одговорни лица и да им кажува што треба да прават и како да си ја работат работата?
Или сите стручни лица на одговорни позиции ги заменија со партиски војници и сега никој нема појма како да се справи со кризата?

Ама нејсе, пак кажувам, коментирајте од правен аспект, за тоа колку биле алчни трговците не ме интересира, бар на оваа тема. Фино е поставена во право и закони, не за џабе.
Прочитав јас се што си напишал. И пак ќе повторам, не гледам ништо против уставно со оваа одлука. Ако во некој случај има нешто против уставно тогаш се надевам има институции што ќе го разгледаат ова и ќе донесат соодветна одлука.
 
Т

Триптико

Гостин
Пазарна одела по фирми и (замисли) наредувала да се намалат цените (?!?) Кој к*р фактор е Пазарна да кажува по кои цени ќе се продава нешто? Цените ги определува продавачот, а не на кој како му текне. Ај тоа, туку има фирми што секогаш имале високи цени, затоа што продаваат квалитет и стока од увоз дадена на консигнација. Производител им диктира цена, Пазарна се к*рчи? Дека е нечовечно однесувањето со поскапување во вакви околности, Е! Дека е против закон, устав...НЕ Е! Ако одиме по таа логика, каде е државата да реагира на поскапените овошје и зеленчук во последните неколку денови? Каде е да реагира за Велигден? Оваа одлука е директно насочена против слободното функционирање на пазарот и формирањето на цените. Тоа што ние сме идиот народ и гледаме да го прее*еме другиот и да заработиме на неговата мака...нема закон што ќе промени менталитет на народ.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
единствено ако постои владина одлука со која се прогласува состојба на елементарна непогода или состојба на војна, би можела државата да се меша во формирање на цени на производи со вакви вонредни мерки.
А би можела влада да даде субвенции сега за набавка на пумпи или останата опрема за расчистување или да ги ослободи од царини и давачки....
 
Т

Триптико

Гостин
Елементарна непогода се прогласува на цела територија, не на 5 села :tapp: Важи ли одлуката за Берово, Гевгелија, Битола...еве и Велес, поблиску е?
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Не било уставно бе...:pos:

Ко у Македонија да е битно што е уставно или законски, а што не.
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Сојуз нерушимыј республик свободных
Сплотила навеки Великаја Русь.
Да здравствует созданныј волеј народов
Единыј, могучиј Советскиј Сојуз!

Славьсја, Отечество наше свободное,
Дружбы народов надёжныј оплот!
Знамја Советское, знамја народное
Пусть от победы к победе ведёт!
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Не било уставно бе...:pos:

Ко у Македонија да е битно што е уставно или законски, а што не.
Мораме да бидеме свесни за тоа што ни се случува. Не смееме да дозволиме да беззаконието ни стане нормала.
Тужно е што постариве генерации памтат една Македонија каде колку толку имало ред и закон, а сегашниве миленијалци ја памтат само оваа МКД од 2000-та наваму, што значи за нив ова безредие и хаос и корупција се нормала.

Мораме да се бориме против тоа и да укажуваме на проблемите инаку идните генерации ќе мислат дека проблем не постои, дека така функционираат работите и Уставот и законите се само за на хартија.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.779
Поени од реакции
21.187
Можеби и не е уставно и законски( незнам и не навлегувам во тоа), но сигурно не е етички да правиш пари на туѓа мака. За злото да би било поголемо кога сите донираат и волонтираат некој да зголемува цени заради лична заработка е дно дна. Едно решение ( побезболно) е ова со регулирање на цените на одредени производи да останат на ниво на кое што било пред настанот , а другото според мене каде каде поефективно би било владата воопшто да не се меша во цените туку да употреби други механизми кои и се на располагање и да им го еби мамето на секој кој сака да направи екстра профит во вакви моменти. Нека им се загнат разноразни инспекции и што ти јас знам што и нека ги убијат од казни и тоа најголемите пропишани по закон за најмал прекршок или отстапување. Да не речам да ги земат на око. Тоа ќарот што би го направиле неколкукратно да го вратат. Па некој ако се чувствува дека е толку спремен и дека се им е по пропис и закон нека повели. Се кладам дека во најбрз можен рок не само цените што би се вратиле на претходното ниво туку и драстично би паднале секако во духот на солидарноста, а најверојатно и бројот на донациите би се зголемил баш од тие фирми и баш за тие производи. Можеби личи на класичен рекет ама јбг, неможи некој да волонтира , да донира а некој на сето тоа да прави екстра профит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom