Одите ли редовно во црква и зашто?

Одите ли редовно во црква

  • Вкупно гласачи
    49

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Верниците воопшто не се воздржуваат од земните задоволства, бог ги створил за нив. Имаш погрешна перцепција дека верниците не уживаат во животот, имаш некоја претстава дека страдаат и трпат, а баш напротив, верниците го живеат животот со полни гради, уживајќи и радувајќи се на се што бог создал.
Тука лежи проблемот, дека не се воздржуваат, се е „верник на батерии“. Да бевте толкави верници државата ќе ни беше рај, а не пекол како што е.

Ма секако...:icon_lol:

Ајде да се потсетиме што ѓаволот и‘ понуди на Ева:
- славољубие,
- среброљубие и
- сластољубие.

Ајде да се потсетиме што ѓаволот Му понуди на Христа Бога:
- славољубие,
- среброљубие и
- сластољубие.

Ајде да се потсетиме што ти/ни нуди Светов:
- славољубие,
- среброљубие и
- сластољубие.

Понудава се‘ уште е важечка така не чекај-зграпчи го денов!...:icon_lol:
Нормално дека е исто, човек го пишувал и тој буквар, човек го дизјанира и денешниот свет.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Тука лежи проблемот, дека не се воздржуваат, се е „верник на батерии“. Да бевте толкави верници државата ќе ни беше рај, а не пекол како што е.

Нормално дека е исто, човек го пишувал и тој буквар, човек го дизјанира и денешниот свет.
Државата не ја водат верници. Тоа што на некој празник ке видиш некој политичар како се сликал во црква или изјавил дека е верник, не го прави истиот верник. Мислам дека се разликуваме околу поимот на тоа што е задоволство, односно твојот поим за задоволство очигледно се разликува од оној на еден верник.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.513
Поени од реакции
3.639
Нормално дека е исто, човек го пишувал и тој буквар, човек го дизјанира и денешниот свет.
Очебијно е дека не разликуеш што е Божјо, што е човечко и што е демонско...немај гаЉе, може и така да се живее...се‘ до неизбежната средба со Судијата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Државата не ја водат верници. Тоа што на некој празник ке видиш некој политичар како се сликал во црква или изјавил дека е верник, не го прави истиот верник. Мислам дека се разликуваме околу поимот на тоа што е задоволство, односно твојот поим за задоволство очигледно се разликува од оној на еден верник.
Како не ја водат верници, кога сите се вртат околу црквата. Дедото Стефан е главен на секој побитен настан, чиј претставник е тој?
Под задоволство се сите земски задоволства, вклучувајќи и дроги/алкохол/блуд и тн. Нели вие не смеете да правите такви работи?

Очебијно е дека не разликуеш што е Божјо, што е човечко и што е демонско...немај гаЉе, може и така да се живее...се‘ до неизбежната средба со Судијата.
Ако ти е полесно можеш да веруваш дека јас ќе поминам потешко кај „судијата“, али на крајот мислам дека и на двајцата ќе ни мерат 9 педи и ќе бидеме храна за црвите.
 
Лаик

Романтичар
Член од
4 август 2018
Мислења
1.383
Поени од реакции
3.077
А зошто лош пример? Мислиш ли дека тој што оди редовно у црква е поголем верник, подобар христијанин од некој што не оди?
Добар пример ти се свештените лица, тие се стално у црква и што....па кога ќе ми текне само колку педофилија има во католичките цркви...ехеее....
Правиот верник пости оваа време..гледа на тоа случајно да не се излаже да испие кафица која содржи млеко во прав и строго гледа да купува производи на кои пишува-посно а ја мрсам као луд кога не треба и имам погани уста со премногу вулгарности..
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.952
Ако ти е полесно можеш да веруваш дека јас ќе поминам потешко кај „судијата“, али на крајот мислам дека и на двајцата ќе ни мерат 9 педи и ќе бидеме храна за црвите.
10 pedi :mad:
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Како не ја водат верници, кога сите се вртат околу црквата. Дедото Стефан е главен на секој побитен настан, чиј претставник е тој?
Под задоволство се сите земски задоволства, вклучувајќи и дроги/алкохол/блуд и тн. Нели вие не смеете да правите такви работи?

Ако ти е полесно можеш да веруваш дека јас ќе поминам потешко кај „судијата“, али на крајот мислам дека и на двајцата ќе ни мерат 9 педи и ќе бидеме храна за црвите.
Се вртат за да се прикажат како верници а не се тоа. Дедото никој за ништо не го прашува ниту пак има власт нешто да одлучи. Ако некој се слика со дедото не значи дека е верник. А за задоволствата, ако наркоманијата, алкохолизмот и блудот ти се задоволства живеј така па види до каде ке стигнеш, само после не ја кревај главата кон небото и да прашуваш ,,зошто боже,, , нема бог врска со тие твои ,,задоволства,,,. Кога од тие твои задоволства ке дојде ред да крадеш и жената да си ја даваш за малку дрога, кога ке изгубиш семејство и се остало ради дрога или алкохол, кога ке го сјебеш здравјето, кога ради блуд ке изгубиш семејство или ке си навлечеш други бељи, кога и жена или дете ке си видиш како ужива во ,,земните задоволства,, не криви го тогаш Господ, има еден друг кого ке треба да прашаш зошто така те сјебал....
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.578
Поени од реакции
11.595
Реално никој од тука не оди редовно на литургија и нема време за тоа... некои одат пак и еднаш годишно, на „големи празници“ поврзани со нивните религии, а некои и онака, само за да запалат свеќа... иако одење на црква не значи одење за свеќа и 5 мин шетање наоколу...

Интересно... така е всушност со 99% од македонското население кое од чудна причина сеуште мисли дека Македонија и македонскиот народ се христијанска земја и христијански народ, како да сме сеуште под Отоманската империја :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Е де па и ти, зависи од педата :D
Се вртат за да се прикажат како верници а не се тоа. Дедото никој за ништо не го прашува ниту пак има власт нешто да одлучи. Ако некој се слика со дедото не значи дека е верник. А за задоволствата, ако наркоманијата, алкохолизмот и блудот ти се задоволства живеј така па види до каде ке стигнеш, само после не ја кревај главата кон небото и да прашуваш ,,зошто боже,, , нема бог врска со тие твои ,,задоволства,,,. Кога од тие твои задоволства ке дојде ред да крадеш и жената да си ја даваш за малку дрога, кога ке изгубиш семејство и се остало ради дрога или алкохол, кога ке го сјебеш здравјето, кога ради блуд ке изгубиш семејство или ке си навлечеш други бељи, кога и жена или дете ке си видиш како ужива во ,,земните задоволства,, не криви го тогаш Господ, има еден друг кого ке треба да прашаш зошто така те сјебал....
Сепак ќе да го прашуваат, еве и мене никој не ме прашува ама не ме викаат да се сликам со нив на ТВ и да тепам срнечко во Камник на сред најголем пост ;)

Така си е, се што не е арно го смисли ѓаоло, се што е арно госпо. Госпо е семоќен, ама не толку моќен во илјадници години да го ишамари ѓаоло :pos:
Кои прикаски за мали деца по по по, абе се восхитувам на вакви маркетинг модели!
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.555
Поени од реакции
8.382
Секој си оди таму кај што го наоѓа мирот, нема тука ништо невообичаено. Некој кафана, некој теретана, некој у природа, некој у црква и т.н. Работите имаат значење онолку колку што ние ќе им дадеме да имаат. Штета што низ времето во црквата само се барало утеха и ретко кој одел таму да го слави животот, па така станала сива и сериозна, а животот е радост, и така губат поврзаност едно со друго.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.624
Е де па и ти, зависи од педата :D

Сепак ќе да го прашуваат, еве и мене никој не ме прашува ама не ме викаат да се сликам со нив на ТВ и да тепам срнечко во Камник на сред најголем пост ;)

Така си е, се што не е арно го смисли ѓаоло, се што е арно госпо. Госпо е семоќен, ама не толку моќен во илјадници години да го ишамари ѓаоло :pos:
Кои прикаски за мали деца по по по, абе се восхитувам на вакви маркетинг модели!
Зошто некој би се сликал со тебе? Со дедото се сликаат за да се прикажат како верници за да потоа лажат раја да ги гласа, а тоа кој тепа и јаде срни на сред најголем пост незнам ама сигурен сум дека не е дедото. Има и луѓе кои шират невистини (лажат) и оцрнуваат на сред најголем пост, т.е сегогаш го прават тоа оти ич не им е гајле дали е пост, на нив лажењето им е храна и големо ,,земно задоволство,, од кое не сакаат да се лишат.
Не си упатен во православието, инаку ке знаеше дека ѓаволот е одамна ишамаран, уште во моментот кога помислил дека може да биде над господ.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Зошто некој би се сликал со тебе? Со дедото се сликаат за да се прикажат како верници за да потоа лажат раја да ги гласа, а тоа кој тепа и јаде срни на сред најголем пост незнам ама сигурен сум дека не е дедото. Има и луѓе кои шират невистини (лажат) и оцрнуваат на сред најголем пост, т.е сегогаш го прават тоа оти ич не им е гајле дали е пост, на нив лажењето им е храна и големо ,,земно задоволство,, од кое не сакаат да се лишат.
Не си упатен во православието, инаку ке знаеше дека ѓаволот е одамна ишамаран, уште во моментот кога помислил дека може да биде над господ.
Абе тој ако е толку поштен не ни оди да се дружи со политичарите, треба да им е најголем непријател и да ги пегла секојдневно.
Втора работа, ако треба да сте скромни и да не се лакомите, од која мака поповите возат џипови кои чинат колку еден стан?
Да де, само јас сум видел 2ца дупе пијани, тој едниот грев на свадба требаше да ги венчава, се дупнавме во чекање да се отрезни за да не пропадне денот.

хахахахах ако е ишамарен немаше да имаме „зло“, нели тој го буцка и наведува човекот на тие патишта, чим е ишамаран би требало само убаини да имаме.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.572
Поени од реакции
5.976
Љубовницата на Господин (на квадрат) Стефан е од прилепско, Пелагонија. Наводно му е забрането да биде со жена. Ама ете не одолеал човекот и ги смрсил рацете. Е ајде де, овоземни задоволста, не му се први. Ко џипот, не му е прв. Само германско се вози. И тоа не е лошо. Ама зошто на другите им го забрануваш? Тука е најголемиот оксиморон во ортодоксната филозофија.

Уште победно е ко че речат православните, ние сме оригиналните протестанти/евангелисти!! Можда сте биле на стартот. Денес сте бетер од.. или ако не можи бетер од нив, тогаш сте на исто ниво со Католиците. Факт. Двете најбедни христијански фракции. Исус би се срамел од нас.
Автоматски споено мислење:

Оригиналните Христијани (Социјалисти), праеле Оргии. Од моментот кога се вметна конзервативната нишка во она што НИЕ го создадовме, се продаваат небулозите за морал.
 
Последно уредено:

Ova imas nekoi dokazi [уредено од мод: без простачки говор и навреди]?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom