Одиме на Марс?

Член од
22 април 2021
Мислења
131
Поени од реакции
458
Целата идеја околу колонизација на Марс е човекот да постане мултипланетарно суштество.
Зошто? Постои изрека “Не ги чувај сите јајца во иста кошница.“
Во случај на настан кој би довел до масовно изумирање на човештвото (метеор, болест, хемиска/биолошка/нуклеарна војна) овие луѓе би биле на сигурно и би ја населиле Земјата од ново кога за тоа повторно би се створиле услови. Баш како во библиската приказна со Ноевата арка. Или семенскиот сеф на Свалбард. Само што во овој случај, според научниците, потребни се минимум 500 машки и женски репродуктивно здрави индивидуи со разновиден генетски код (некои пресметки оваа бројка ја сведуваат на апсолутен минимум од 160) за да осигураат поколенија без ризик од инбридинг/генетски дефицит.

На подолг рок, колонизацијата на Марс треба да биде само отскочна даска за населување на планети надвор од Сончевиот систем, за да се осигура опстанок на човештвото во случај на судар со друг систем, или кога енергијата од Сонцето ќе постане недоволна за опстанок на жив свет на Земјата.

Проблемот со Марс е што е енергетски мртва планета и никогаш нема да може да стане енергетски независна.
Атмосферата не е ниту 1% од таа на Земјата. Јачината на сончевата светлина е едвај 44% од таа на Земјата (кога нема песочни бури). Гравитацијата е 2.66 пати помала споредено со земјата. Нема активни вулкани, а јадрото е скоро мртво. Почвата е отровна, радијацијата е смртоносна, количините на вода е минимална, а за бушење подземна вода треба да се транспортира тешка машинерија од Земјата. Просечната температура на површината е -80C.

Потрошувачката на енергија по лице би била толку голема, што денешна (позната за јавноста) технологија не го решава ни овој основен проблем. Сончеви колектори се илузија заради песочните бури, ограничената јачина на светлина и проблемот со складирање на енергијата. Геотермална енергија е само претпоставка. Потпирањето на атомска енергија е најдобрата опција во моментот, но количината на радиоактивни елементи на самата планета е занемарлива и бара технологија за преработка. За само десетина лица е потребен нуклеарен реактор тежок 170 тони и 25 тони ураниум да бидат транспортирани секои 15ина години. Со денешната стапка на потрошувачка, предвидувањата се дека имаме ураниум само за наредните 200 години.
***

SpaceX е потврда дека НАСА е очајна. Замисли сите надежи да ги потпреш на кловн како Илон Маск, кој моментално е зафатен со градење ресторани за сопственици на Тесла автомобили.

Трамп во 2017 најави програма Артемис за враќање на човекот на Месечината до 2024. Сфатија до каде ѝм се можностите.
Артемис е дел од т.н. Месечева Порта (Lunar Gateway) каде ќе се вршат биолошки испитувања (растенија, здравје на луѓето) и веројатно по примерот на ISS ќе се врши составување на вселенски летала кои некогаш би се упатиле кон Марс. НАСА овде соработува само со европската, јапонската и канадската вселенска агенција.

Во 2005 Русите имаа идеја наречена Марспост, која ја напуштија. Таа требаше да биде вселенска станица со луѓе, која со мотори на нуклеарен погон би орбитирала околу Марс од 2021, праќајќи до површината на Марс роботи кои ќе вршат истражувања. Нешто налик марсовски ISS, кој би барал постојан дотур на вода, храна и енергија од Земјата. Станицата може да се програмира секогаш да орбитира на осветлената страна на Марс, на тој начин обезбедувајќи дел од потребната енергија.

И тука доаѓаме до Кина.

Автоматски споено мислење:

Уште во 2007 година Кина изразила готовност да плати и да биде дел од ISS. Ова наишло на поддршка од Европската вселенска агенција. САД одговориле со резолуција на Сенатот со кој Кина бела наречена “Империја на злото“ и ѝ било забрането учество. Од 2011 навака, Националната кинеска вселенска администрација започна со план за своја вселенска станица со луѓе.

14 мај 2021. Роверот Zhurong, дел од мисијата Tianwen-1, успешно се спушти на Марс.

6 јули 2021.
Тројца кинески астронаути успешно слетаа на Кинеската вселенска станица Tiangong.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom