Одиме на Марс?

Член од
10 октомври 2016
Мислења
0
Поени од реакции
3
Штом на астронаутите им е дозволен престој по цела година, немаат гајле. :) Веројатно многу повеќе радијација примаат работниците во металната индустрија и оние во енергетиката кои работат во електрани на јаглен.
:)
Тие се заштитени од магнетното поле на земjата така да не збори глупости. На Марс заштитата ке биде од некакви куполи кое е глупо. Треба да се ископа подземна дупка и таму да се гради и да се живее през поекето време. Инаку сончевиот ветар ке ебе матер на се . Без магнетно заштитно поле само 24 саата на сончевиот ветар и с и мртов опечен како леб.
 
А

Атлантист

Гостин
Во видеово на едноставен начин се објаснети проблемите што треба да се решат за евентуалната Мисија на Марс, вклучително и проблемот со радијацијата.
Hydrogenated boron nitride nanotubes, е материјалот на кој што се работи, иако и резервоар со вода ефикасно би штител од космичката радијација.
https://www.nasa.gov/directorates/spacetech/niac/thibeault_radiation_shielding.html

Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.637
Поени од реакции
38.817
мислам да продолжила трката на ссср и сад до ден денешен сеа би имало луѓе и на марс, многу се запоатави патувањето низ вселената после крајот на студената војна па и пред неа
 
А

Атлантист

Гостин
мислам да продолжила трката на ссср и сад до ден денешен сеа би имало луѓе и на марс, многу се запоатави патувањето низ вселената после крајот на студената војна па и пред неа
Да, заедничката мисија Аполо - Сојуз 1975 и стави крај на трката во вселената и драстично се редуцираа буџетите.
Јбг. какви проекти имало тогаш, а се било ставено во втор план од безбедноста на астронаутите до цената на мисиите...
Пр. неверојатно е од сегашен аспект кога ќе ги погледаме проектите како Орион, Нерва, Дедал итн. Ок Дедал бил само тероетски концепт и за него е потребен термонуклеарен реактор кој сеуште е невозможно да се произведе.
Но Орион како погон би користел мини атомски или термонуклеарни бомби кој во одредени кратки секвенци би се активирале последователно. Се разбира невозможно би било со ваков брод да се праќаат астронаути, но интересно е што на едноставен начин се решава еден од проблемите а тоа е постигнувањето на огромни брзини. Пр. со ваков погон би се постигнала 5% од брзината на светлината.

https://www.youtube.com/watch?v=znmZeEycRwE
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Илон Маск во документарецот за Нат Гео спотна еден проблем кој фрла сенка и на спуштањето на Месечината кој звучи реално, а тоа е самото слетување, спуштање на површината на Марс. Возилата што сега го испитуваат се спуштени со помош на обвивка од надувани балони со кои е ублажено паѓањето и е оневозможено оштетување на возилата. Маск вика дека не се сигурни дали атмосферата е доволно густа за да може да се спроведе спуштање со реактивен ракетен погон. Ако знаеме дека на Месечината нема никаква атмосфера, тогаш како се спуштени сондите во 1960-тите останува сомнително. Тука во тој контекст е и фамозниот Ван-Аленов појас на радијација кој го има Земјата и кој има екстремно високи вредности - дури има скептици кои тврдат дека оловна обвивка од 1 метар е потребна за да остане внатрешноста неопфатена.
Останува овој подвиг да очекуваме да го финансираат приватни инвеститори, затоа што Наса од претходниве администрации добива трошки и е сведена на друштво, за разлика од времето на Студената војна кога скоро 400 000 луѓе биле на некој начин инволвирани. Со Трампов може да се очекува целосно да ја укине. Ама од друга страна добро е што вселенска програма сега има ЕУ, Индија, Кина, Јапонија - може да предизвикаат нов натпревар, освен ако не се испотепаме меѓу себе уште еднаш.
 
А

Атлантист

Гостин
^
хм, најголемиот досега товар при спуштањето на Марс (Кјуриосити роверот) користени се и реактивни мотори, покрај падобранот и топлотниот штит. Иако го немам гледано документарецот, не знам на што точно мислел Маск?
Во секој случај за наредната година најавува лансирање на неговиот беспилотен Ред Драгон кој е увертира, кој кога ќе стигне на Марс секако дека ќе користи реактивни мотори за да се спушти.

За Трамп - Иако Маск пред изборите беше на страна на демократите, сега доби функција на советник на Трамп, откако овој победи. Е сега што од тоа ќе се изроди доправа ќе се види.

Инаку интересно ми е да ги пратам Американсите не само поради Маск, таму има мноштво на најразлични програми и многу играчи, од кои најдалеку е отиден не проектов на Маск него оној на НАСА - Орион, на кој работат и БОИнг и Локид и АТК- тоа е брод за длабок космос како што се изразуваат, односно за мисии подалеку од ниската земјина орбита. Дали Месечината, дали мисија на астероид, во секој случај конечно се случува нешто интересно на ова поле.

Околу радијацијата:
An instrument aboard the Curiosity Mars rover during its 253-day deep-space cruise revealed that the radiation dose received by an astronaut on even the shortest Earth-Mars round trip would be about 0.66 sievert. This amount is like receiving a whole-body CT scan every five or six days.
A dose of 1 sievert is associated with a 5.5 percent increase in the risk of fatal cancers. The normal daily radiation dose received by the average person living on Earth is 10 microsieverts (0.00001 sievert).

http://www.space.com/21353-space-radiation-mars-mission-threat.html
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711

Орион е прескапа капсула, наменета единствено за масивни ракети, чија долгорочна употреба е знак прашалник заедно со целиот проект вклучувајќи ја и ракетата (SLS).
Американците немаат никаков конкретен долгорочен план во истражувањето на вселената. Постојано одат на проекти на кои крајот им се гледа брзо, а нивната еволуција е непостоечка. Примери како Аполо, Спејс Шатлот. Екстремно скапи проекти.
Додека останатите всеченски агенции, најмногу Руската и Кинеската со бавни но сигурни чекори полека ги еволуираат своите проекти и одат напред на долгорочен план. Од мали привремени човечки станици во вселената, преку постојани вселенски станици, па се до бази на Месечината во блиска иднина.

Единствениот добар потег, веројатно и најдобар е што НАСА дел од работата и истражувањата полека префрла на приватниот сектор.
 
Член од
29 септември 2016
Мислења
464
Поени од реакции
285
и што ќе правиме кога ќе одиме на марс?
нема атмосфера таму
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
@Атлантист сигурно немаш проблем со торенти - побарај ja првата епизода (мислам дека не грешам, евентуално prequel на серијата што беше научна, ама сепак фикција и не ми беше многу интересна). Ова е делот за што зборам.
Со тоа што во самиот документарец е малку подолго елаборирано и прикажани се маките со претходните ровери, а и тестирањата со нив. Практично се гледа дека лимитираниот буџет на Наса значи намален број на обиди за слетување, намален број на персонал и проблеми од таков тип што е жално. Де Грас Тајсон го слушав во некоја прилика (мислам дека Space talk емисијата што ја водеше) дека имал прилика да оди во Кина во нивната вселенска програма и дека како на Американец му е криво што Кинезите се во таков подем за разлика од Наса. Нормално, денешните големи компании располагаат со богатства и буџети поголеми од добар дел од земјите од светот, ама нивните мотиви во вакви инвестиции се од чисто капиталистичка природа и потребен е профит за да ги поттикне.
 
А

Атлантист

Гостин
@Human , за разлика од Аполо или Шатлот кој биле единствена карта на кој се играло кога се вовеле, сега има многу програми, дали за ниска орбита до ISS, или овие поамбициозниве дип спејс мисии.
За Орион -SLS ако е таква судбината нека пропадне, други ќе го заменат, но не верувам пред да исполни барем една мисија. Премногу далеку е отидено со овој проект и секако ќе потрае барем колку Аполо.

@Almeida , во ред ке го побарам документарецот. Секако Кинезите се во подем, но сеуште само го повтараат она што го правеше СССР, еве доправа најавуваат вселенска станица која е налик на Мир, не е тоа во класата на ISS.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
@Human , за разлика од Аполо или Шатлот кој биле единствена карта на кој се играло кога се вовеле, сега има многу програми, дали за ниска орбита до ISS, или овие поамбициозниве дип спејс мисии.
За Орион -SLS ако е таква судбината нека пропадне, други ќе го заменат, но не верувам пред да исполни барем една мисија. Премногу далеку е отидено со овој проект и секако ќе потрае барем колку Аполо.

@Almeida , во ред ке го побарам документарецот. Секако Кинезите се во подем, но сеуште само го повтараат она што го правеше СССР, еве доправа најавуваат вселенска станица која е налик на Мир, не е тоа во класата на ISS.
Не реков дека ќе пропадне или дека е лош, реков дека е премногу скап проект. Преку 10 билиони потрошени само на капсулата. Уште 10 потрошени на SLS. Веќе самиот развој чини 20 билиони долари и уште е далеку од завршен. Тие пари да им ги поделеа на 2 приватни компании мислам дека досега ќе летаа луѓе кон Марс. СпејсИкс, БлуОриџин мислам дека имаат многу подобри проекти од НАСА. Со парите на НАСА многу побрзо и поефикасно ќе ја завршат работата. А не да трошат 400 милиони само за тестирање на влегувањето во атмосферата на капсулата. :tapp:
Патем, освен посета на астероид со човечки екипаж што треба да се случи некаде во втората половина од следната деценија, други мисии не се планирани. НАСА нема испланирано, а камоли да започни со развој на инфраструктура за човечки лет кон Марс.

Можеби за сето ова најмногу крив е Обама кој го запре претходниот проект Арес каде веќе беа потрошени десетици билиони долари и ги префрли ресурсите на комплетни новиот SLS. Којзнае со што ќе го замени Трамп...

Штета, имаат огромни ресурси, а едноставно ги фрлаат...
 
А

Атлантист

Гостин
Изгледа сакаат да имаат таков брод и ракета а целите дополнително да ги одредат. А тоа со трошоците изгледа нема лек кога се државни проекти во прашање, истото беше и со шатлот.
За почеток изгледа сепак месечината е најлогичен избор.
Trump's Advisers Want to Return Humans to the Moon in Three Years
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.064
Поени од реакции
4.711
Изгледа сакаат да имаат таков брод и ракета а целите дополнително да ги одредат. А тоа со трошоците изгледа нема лек кога се државни проекти во прашање, истото беше и со шатлот.
За почеток изгледа сепак месечината е најлогичен избор.
Trump's Advisers Want to Return Humans to the Moon in Three Years
Читав доста критики дека насоката во која се движи НАСА во врска со човечкото истражување на вселената е сосема погрешна. Изгубени се последниве години. Дел од тие критики се на луѓе кои се дел од НАСА.
Дали тоа е така заради политиката, секој кој ќе дојди на власт прави што сака со проектите во НАСА.

Голема среќа што покрај огромните ресурси во Америка постојат луѓе кои веќе самостојно прават напори за проширување на човечкото присуство подалеку од планетава.

Месечината е најдобриот старт. Русите, Кинезите, и некои останати имаат планови за човечки бази на Месечината. Едни од подобрите вселенски програми, иако далеку послабо финансирани од Американската се Руската (иако често во криза) и Кинеската.
Едноставно се движат на долгорочен план кон освојување на вселената. Следниот чекор им е воспоставување на човечки бази на Месечината.

Еднаш воспоставен транспортен систем на луѓе и ресурси до и од Месечината, ќе резултира со драстично подобрување на технологијата, нејзино поефтинување и природно ќе се трасира патот кон Марс.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Не навлегувам во дискусијава за капсулава како неупатен многу, само да ви укажам дека наш збор за „билион“ е „милијарда“.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom