Одиме на Марс?

pacienat

Лабав надуен
Член од
7 септември 2010
Мислења
524
Поени од реакции
718
Презентацијата, идејата и самиот проект е историски момент за човештвото, независно од тоа дали се американците или било кој други, капа долу за Елон, генијалец на новото време.
А ропаци како овај летачот ќе останат да мрчат... леле колку си глуп боооо!!! :facepalm:
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.645
Поени од реакции
1.894
Чудо никој не ја постирал песнава уште.... Или тоа или модераторите работат екстра ажурно.

Иначе сумњам искрено дека ќе успее ова. Све си мислам ќе испогинат за џабе и после ќе им биде тртки на сите да пробаат таква глупост пак.
 
А

Атлантист

Гостин
Има теми за постирање глупости колку саакаш, ова не е таква тема.

Едно е да се сомнева во успех на целиов проект и јас се семневам, затоа и прашалникот и изјавата на Дигрис Тајсон, кој е доста конкретен.

Но типов не е шарлатан, се исмеваа со него кога пред 15 години отишол кај Русите за да бара да му продадат ICMB ракети, се разбира без успех.

Ни е ова на ниво на MarsOne и слични компании кои немаа ништо конкретно освен снимена реклама и бараа пари и продаваа билети за Марс.

Сите сериозни портали неговата презентација ја третираат сериозно, не се ова само планови и желби, не е ни на почеток, веќе подолго време работи на проектов, моторот е тестиран, огромниот резервоар изработен од композити исто така, секако ќе треба уште многу работа и пари.

Значи ќе се обиде ова да го оствари, ќе троши свои пари и ресурси, а тоа заслужува почит.

И се разбира нема да се чека 10 години за да видиме како се одвиваат работите, треба да има доста меѓучекори, кои се сами по себе грандиозни и до сега неостварени во таков обем. Пр. за неколку месеци, на почетокот на наредната година се очекува да ја лансира Фалкон Хеви која е далеку од нивото на ракетава во презентацијата но е многу помоќна од сите ракети кои што денес се во употреба.
Истиот овој ФалконХеви треба за 2 години, т.е. 2018 да ја лансира 6,5 тонскиот РедДрагон према Марс. СпејсЕкс самиот ја тестира оваа мисија, НАСА е на ниво на техничка размена. Досега ништо со слични димензии не е лансирано према Марс, а овој брод треба таму меко да приземји.

Значи за почеток да видиме дали ќе се оствари оваа мисија со РедДрагон, а за неа и не треба многу да се чека, за 2018 година е закажана. И според планот секои наредни 2 години ќе следува нова мисија со Ред Драгон према Марс.

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
НАСА и другите вселенски агенции (претпоставувам дека и агенции надвор од САД ќе можат да резервираат летови) може многу добро да го искористат овој систем што го нуди СпејсИкс за истражување на Сончевиот систем. Почнувајќи од летови со екипаж до Месечината, Марс, Венера, астероидниот појас, па понатаму (временски) се до Јупитер и Сатурн. Може да го искористат и како платформа за лансирање на брзи мисии до надворешните планети, Куперовиот појас итн. Можеби дури и за орбитални станици на Марс.

Но колонизирање на Марс и формирање самоодржлива колонија е прилично далеку од сега. Не дека луѓето немаат волја, не дека можеби е скапо, туку дека околината на Марс и тоа како влијае на здравјето.
Марс има слаба гравитација, тоа многу ќе влијае врз долгогодишен престој.
Марс скоро и да нема магнетно поле и атмосфера, што значи дека колонистите ќе бидат приморани да живеат под површината, или евентуално во специјално изградени населби кои би штителе од радијација.

Тераформирање на Марс е стотици години далеку, а дури и да се рекреира атмосферата, останува проблемот со магнетното поле и гравитацијата.

Единствен начин да живеат луѓе на Марс е да се создаде вештачка гравитација и магнетно поле, нешто што нема да се случи во догледно време.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Има теми за постирање глупости колку саакаш, ова не е таква тема.

Едно е да се сомнева во успех на целиов проект и јас се семневам, затоа и прашалникот и изјавата на Дигрис Тајсон, кој е доста конкретен.

Но типов не е шарлатан, се исмеваа со него кога пред 15 години отишол кај Русите за да бара да му продадат ICMB ракети, се разбира без успех.

Ни е ова на ниво на MarsOne и слични компании кои немаа ништо конкретно освен снимена реклама и бараа пари и продаваа билети за Марс.

Сите сериозни портали неговата презентација ја третираат сериозно, не се ова само планови и желби, не е ни на почеток, веќе подолго време работи на проектов, моторот е тестиран, огромниот резервоар изработен од композити исто така, секако ќе треба уште многу работа и пари.

Значи ќе се обиде ова да го оствари, ќе троши свои пари и ресурси, а тоа заслужува почит.

И се разбира нема да се чека 10 години за да видиме како се одвиваат работите, треба да има доста меѓучекори, кои се сами по себе грандиозни и до сега неостварени во таков обем. Пр. за неколку месеци, на почетокот на наредната година се очекува да ја лансира Фалкон Хеви која е далеку од нивото на ракетава во презентацијата но е многу помоќна од сите ракети кои што денес се во употреба.
Истиот овој ФалконХеви треба за 2 години, т.е. 2018 да ја лансира 6,5 тонскиот РедДрагон према Марс. СпејсЕкс самиот ја тестира оваа мисија, НАСА е на ниво на техничка размена. Досега ништо со слични димензии не е лансирано према Марс, а овој брод треба таму меко да приземји.

Значи за почеток да видиме дали ќе се оствари оваа мисија со РедДрагон, а за неа и не треба многу да се чека, за 2018 година е закажана. И според планот секои наредни 2 години ќе следува нова мисија со Ред Драгон према Марс.

..веројатно е дека ќе се оствари , ако не од прва тогаш од втора или трета рака. Ама тоа од некакво колонизирање на Марс е далеку, колку што сме ние од следната галаксија десно од Млечниот Пат. И редот величина не е ама ич ко соодносот: Линберг го прелетал океанот од Лонгајленд до Париз у еден цуг и секојдневното денешно прелетување на стотици џиновски џетови... преку истата бара, таму-ваму.
Незамисливо е покомплициран.
Дури и под услов ако нашата престава за космосот е погрешна..што може да се дебатира за длабокиот космос , ама за мноооогу блискиот како Марс и крајот на Сончевиот систем секако не е : тоа е едно апсолутно непогодна-неиздрживо непријателска средина за живи суштества од вид и состав какви се луѓето.
Никој нема против стрип авантурите , сите ние сме одгледани на нив и подоцна на совршените филмски премрежиња..., ама колонизација, па и некакво помасовно летање на Марс од економско- логични причини..., ни близу не е на технолошкото ниво со кое располагаат жителите на планетата Земја. Од друга страна може ќе налетаат некои од галактичката федерација па ќе ни донесат некои подароци.:)
Но и тоа е дааалеку понеизвесно од примањето на Македонија во ЕУ.
 
А

Атлантист

Гостин
Не знам што сите се фативте за колонизацијата, кога тоа беше само еден мал дел од презентацијата, некаква негова визија за 50 - 100 години и јасно е дека од денешен аспект не може да се предвиди, исто како што футуролозите од Аполо ерата некако сосема поинаку го замислувале почетоков на 21 век.

Овој другиов дел на кој што денес конкретно се работи за самата мисија после 10 години(или кога и да биде ако дојде до пролонгирање) е далеку поинтересен и може ќе се оствари а може и не.
Битно е само дека секојдневно се работи на овој проект со конкретни рокови, стигнале до некаде и тоа го објавија, ќе видиме како понатаму ќе се одвиваат работите.
 
...летање на посади на Марс веројатно ќе се оствари , ако бабата клингтон не не бутне у света војна..:) Тоа е прашање на пумпање доволно голема количина нечии пари во проектот во единица време и ангажман на доволно голем број стручни стручњаци. Нема принципиелни технички приблеми. Се поставува само основниот проблем дали тоа некому му треба.., ко на примерот Скопје 2014, некои тврдат дека тоа е непотребен необарок... :) :) :)
 
А

Атлантист

Гостин
^
Ова е точно но за другиот проект на НАСА - SLS-Orion, кој се појави како компромис за зачувување на технологијата од шатлот + работни места.Неговото финансирање е многу развлечено во споредба со она од Аполо. Има мислење дека ќе заврши како и Аполо, ќе дојде некој политичар кој нема да сака да троши пари на тоа и ќе го стопира.

Но проектот на СпејсЕкс е целосно приватна иницијатива. Сега која е логиката еден приватник да троши пари на ваков проект? Трошоците особено на почетокот ќе бидат огромни, дали ќе ги издржи + дали ќе добие некаква поддршка, ќе видиме.

Сепак има неколку адути за разлика од проективе на НАСА.

- ракетата нема да согори, односно истата ќе може да се користи за уште x лансирања. Значи главниот трошок е да се направи целиот тој систем.

- капацитетот на ракетата. Изгледа не случајно ја предвидува толкава за да може да пренесе 100-200 патници кои треба да платат карти. Спомна некоја сума од 200 000 долари, не знам колку е реална и мислам дека барем на почетокот може да оди уште нагоре, затоа што за еден друг проект на Ричард Бренсон се потепаа богаташи за иста таква цена од 200 000 $, за суборбително лансирање и 5 минутна бестежинска состојба.

- Фирмата СпејсЕкс расте енормно, од неколку луѓе пред 10-тина години, сега е на ниво од 5000 вработени + доправа се очекува експанзија затоа што воведува технологија на ракети за повеќекратно користење. Пример, иако и досега беше многу конкурентен и ги потисна другите од пазарот, за првото лансирње со користен прв степен даде дисконт од 30 до 50%, а сигурно има уште простор, па кога нема конкуренција ќе диктира цени.

Но настрана цената и техничките проблеми, сето ова има и етичка димензија, треба дозвола да добие за мисија која е многу ризична и вклучува цивили, инаку луѓе подготвени за ваков ризик па уште и да платат секако ќе се најдат.
 
..летањето во вселената е приказната на која порасна мојата генерација, ко што оваа сега расте на социјалните мрежи и лов на покемони..., :) сите стрипови , весници , литература сум ги купил, читал, следел . До таму.... што потрошив и 20 години од младоста и професионално на тоа. За тоа сум тата-мата........и у буквален смисол... :)
Затоа и еретички тврдам дека нема шанса за лет во велената од рационални причини, економски и слични... едноставно на ова ниво на развој на човештвото тоа е невозможно. Прашање дали било кога ќе биде возможно, освен ако од некаде заради нашето погрешно сваќање на времето и просторот не ни падне у кљун некоја можност. Ако е онаков каков мислиме дека е..ни тоа не е можно. Заради енормно несватливо големите растојанија за некоја биолошка интелигенција осудени сме на осаменост. Можеби со некоја нежива интелигенција,како логичен развој на живата , а за која времето е небитно и сме се допреле, ама бидејќи резонираме на различни фрекфренции не сме ни свесни за тоа...или го подведуваме под некои други категории :)
Нормално авантури како освојување на Монт Еверест, гњурење у најдлабоките процепи на Океанот, трка до Јужниот Пол и слични такви не се забранети, а во денешно информатичко време кога светот е глобално село , можат , ако се има добра гачка да се соберат и мнооогу пари. Но тоа нема врска со секојдневното функционирање на светот, бизнисот и можностите за негов развој.... :) :)
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268

Затоа и еретички тврдам дека нема шанса за лет во велената од рационбални причини, економски и слични... едноставно на ова ниво на развој на човештвото тоа е невозможно. Прашање дали било кога ќе биде возможно, освен ако од некаде заради нашето погрешно сваќање на времето и просторот не ни падне у кљун некоја можност. Ако е онаков каков мислиме дека е..ни тоа не е можно. Заради енормно несватливо големите растојанија за некоја биолошка интелигенција осудени сме на осаменост. Можеби со некоја нежива интелигенција,како логичен развој на живата , а за која времето е небитно и сме се допреле, ама бидејќи резонираме на различни фрекфренции не сме ни свесни за тоа...или го подведуваме под други други категории :)
Нормално авантури како освојување на Монт Еверест, гњурење у најдлабоките процепи на Океанот, трка до Јужниот Пол и слични такви не се забранети, а во денешно информатичко време кога светот е глобално село , можат , ако се има добра гачка да се соберат и мнооогу пари. Но тоа нема врска со секојдневното функционирање на светот, бизнисот и можностите за негов развој.... :) :)
На времето имаше еден енглески мислам професор ил научник кој тврдеше дека иднината на возовите е многу ограничена пошто при брзина од 60 километри на сат ќе се создавал вакум во вагони и патниците ќе се угушувале и аутоматски ќе умреле ради тоа, па сегамакедонска железница се уште мудро се држи до 50-55 км на час поради безбедност на патниците.
Aјнштан беше убеден дека не може да се добие енергија од атом, Вестерн Јунион го отфрли телефонскиот апарат како некорисно средство за комуникации, АјБиЕм предвидуваше дека во светот се потребни само 5 компјутери, На Форд му докажуваа дека коњите се незаменливи за трансорт и превоз и дека никаков “автомобил“ нема да успее да ги истисни, предвидуваа дека телевизијата е само краткотрајна мода и дека човештвото брзо ќе ја отфрли, многу пронаоѓачи на оружја тврдеа дека нивните изуми ќе направат да ги снема војните, како глупост ја отфрлаа идејата за пароброди контра стари добри едрењаци, генерали не веруваа дека тенкови ќе успеат да заменат коњица на боиштата, електрично осветление дека нема иднина....
 
хмммм, примериве за споредба ти се човек да се фати за петици и да се тресне од земја... :)
Очигледно си аматер на темата... :)
Остај на страна егзибиционизам и натпревари во наоружување. Лет на луѓе , па уште и масовен лет у стил освојување на америка , австралија итн. се нажалост невозможни до даљег ..при што тоа даље е у некоја друга димензија, која ние можеме да ја посетуваме само во соништата... :)
 
првите чекори ги направивме и видовме дека е можно, од летот на Рајт 1903 кој траеше нецела минутка на висина од дестина метри и брзина од десетици км на час поминаа 60 гоини кога СР71 беше во воздух 12 часа со брзина до 3000 км на час и висина од 20 километри.
Само е потребен мотив па да се отворат вентили на владини и невладини фонтани на финансии и брзо да се оствари замисленото
 
А

Атлантист

Гостин
..летањето во вселената е приказната на која порасна мојата генерација, ко што оваа сега расте на социјалните мрежи и лов на покемони..., :) сите стрипови , весници , литература сум ги купил, читал, следел . До таму.... што потрошив и 20 години од младоста и професионално на тоа. За тоа сум тата-мата........и у буквален смисол... :)
Затоа и еретички тврдам дека нема шанса за лет во велената од рационални причини, економски и слични... едноставно на ова ниво на развој на човештвото тоа е невозможно. Прашање дали било кога ќе биде возможно, освен ако од некаде заради нашето погрешно сваќање на времето и просторот не ни падне у кљун некоја можност. Ако е онаков каков мислиме дека е..ни тоа не е можно. Заради енормно несватливо големите растојанија за некоја биолошка интелигенција осудени сме на осаменост. Можеби со некоја нежива интелигенција,како логичен развој на живата , а за која времето е небитно и сме се допреле, ама бидејќи резонираме на различни фрекфренции не сме ни свесни за тоа...или го подведуваме под некои други категории :)
Нормално авантури како освојување на Монт Еверест, гњурење у најдлабоките процепи на Океанот, трка до Јужниот Пол и слични такви не се забранети, а во денешно информатичко време кога светот е глобално село , можат , ако се има добра гачка да се соберат и мнооогу пари. Но тоа нема врска со секојдневното функционирање на светот, бизнисот и можностите за негов развој.... :) :)
Ок, но за тоа има добра причина што со години не се случуваше ништо битно кое што ќе го реши главниот прблем, а тоа е дека ваквите ракети се многу скапи а од друга страна се за една употреба.

Сега конечно во оваа свера се случува технолошки пробив на кој се чекаше 50 години, тоа се ракетите за повеќекратно користење. Не е само СпејсЕкс, за очекување е повторно да се разбуди интересот и кај приватници и кај владите.

Инаку збориме за патување до Марс, евентуално после и до некоја друга планета/ сателит. За нешто повеќе од тоа во некои други времиња.

ПС. Еден друг приватник 3-тиот по богатство милијаредер влегува во игра, засега само за туристи во суборбитален лет користејќи вакви ракети. Но има многу поголеми амбиции, почна со изградба на фабрика на Флорида за ракети кои се во категорија на Сатурн 5, само што ќе бидат за повеќекратно користење.
[DOUBLEPOST=1476209465][/DOUBLEPOST]
 
Последно уредено од модератор:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
..летањето во вселената е приказната на која порасна мојата генерација, ко што оваа сега расте на социјалните мрежи и лов на покемони..., :) сите стрипови , весници , литература сум ги купил, читал, следел . До таму.... што потрошив и 20 години од младоста и професионално на тоа. За тоа сум тата-мата........и у буквален смисол... :)
Затоа и еретички тврдам дека нема шанса за лет во велената од рационални причини, економски и слични... едноставно на ова ниво на развој на човештвото тоа е невозможно. Прашање дали било кога ќе биде возможно, освен ако од некаде заради нашето погрешно сваќање на времето и просторот не ни падне у кљун некоја можност. Ако е онаков каков мислиме дека е..ни тоа не е можно. Заради енормно несватливо големите растојанија за некоја биолошка интелигенција осудени сме на осаменост. Можеби со некоја нежива интелигенција,како логичен развој на живата , а за која времето е небитно и сме се допреле, ама бидејќи резонираме на различни фрекфренции не сме ни свесни за тоа...или го подведуваме под некои други категории :)
Нормално авантури како освојување на Монт Еверест, гњурење у најдлабоките процепи на Океанот, трка до Јужниот Пол и слични такви не се забранети, а во денешно информатичко време кога светот е глобално село , можат , ако се има добра гачка да се соберат и мнооогу пари. Но тоа нема врска со секојдневното функционирање на светот, бизнисот и можностите за негов развој.... :) :)
Ако постои војла да се потрошат онолку пари колку тие потрошени на мега проекти како на пример Аполо проектот или меѓународната вселенска станица, со технологиите што ги нуди СпејсИкс (и наскоро БлуОриџин), за помалку од 20 години може да се пренесат десетици илјади луѓе на Марс, а не 60 години како што предвидува сопственикот на СпејсИкс. Може да се организираат еден куп истражувачки мисии со екипаж до скоро сите планети.

Но се надвор од 8те планети околу Сонцето е временски многу далеку (иако пишав, сепак ќе претставува вистински предизвик да се испратат луѓе околу да речиме Сатурн, а камоли нешто подалеку, но не е невозможно) за истражување со екипаж. Ќе бидат потребни големи пробиви во физиката, па подоцна и во инжинерството за да може да патуваме меѓу ѕвездите. :)

Но засега Сончевиот систем е доволен предизвик.

И сето тоа овозможено одкога приватни компании навлегоа во бизнисот. Не дека досега приватни компании не лансираа ракети, туку тие што постоеа најмногу беа зависни од државни средства за развивање, а и државите беа нивните главните клиенти. Оттука компаниите не сакаа да се откажат од дебелите профити што ги правеа на сметка на државата и да вложат во нови истражувања. Затоа сега ќе горат и најверојатно ќе го изгубат својот удел на пазарот на сметка на тие што вложуваа во истражување и развој.
 
Член од
21 февруари 2012
Мислења
1.641
Поени од реакции
864
Само не мие јасно како ќе живеат на Марс, без услови за живот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom