Според она што го кажа делува како скроз да откачил, BFR - Big Facking или Big Falcon Rocket, старо новото име за ракетава што ја гради треба да биде спремна за само 5 години да изведе 2 карго лета до Марс, а за 7 години 2 мисии на Марс x 100 луѓе + 2 карго лансирања за Марс истата година.
И тоа не е се него се што поседува Спејс Екс ќе биде заменето со новиот систем, Фалкон 9, Фалкон Хеви, Драгон, Драгон В2 уште не почнал да лета а веќе му е најавено пензионирање, премногу краток век - ќе излезе развојот многу подолг од векот на експлоатација, а Ред Драгон нема ни да го има, откажан е за сметка на новиот систем.
Ракетава е со редуцирани димензии но и понатаму е огромна, поголема од било што до сега се појавило. 150 тона капацитет до орбита, сува маса на горниот степен 85 тони значи помалку од шатлот, а и со делта крилава потсеќа малку на шатлот. Но затоа ќе се докира во орбита со гориво за далечни дестинации.
Да не ја прераскажувам целата презентација, премногу нереално е тоа што го кажа, новиов систем ќе се користи од мисии за Месечината и Марс, до лансирање на сателити во орбита, до ISS, па дури и нов вид за превоз на патници од една до друга дестинација за не повеќе од 1 саат преку орбита. Нема да биде поскапо од авионскиот превоз и го даде примерот со Боинг 747 кој не се фрла после секој лет, е па слично и новиот систем ќе биде целосно повеќекратен како и авионите и ќе се користи многу пати.
Многу ризично е сето ова, ако се земе во предвид дека Фалкон 9 одлично функционира и дури сега и наредната година зема замав спрема бројот на лансирања 20 оваа 30 наредната година, а веќе му спрема замена, може да ја упропасти фимата уште побрзо одколку што му требаше да ја изгради.
Сепак има доста први степени складирано од предходинте лансирања и може нив да ги користи додека новиот систем не биде спремен за користење.
И да, звучи неверојатно дека од онаа мала Фалкон 1 ракета, има само 9 години кога прв пат успешно е лансирана до она што е денес СпејсЕкс, па и во таа смисла 5 години за него е многу време.