Одземање коли

Член од
12 март 2009
Мислења
19.713
Поени од реакции
15.584
ако се воведе возење Пар - Непар, многу луѓе од иста фирма ќе се здружуваат и ќе се возат наизменично.... не само во град, па и вон град, до фирмата каде работат, а исто и тие што одат по риба :cool:
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Се е можно , ако на пример застанеш на некое место кај што стојат дивите таксисти , и земеш некој роднина или познаник кој чека автобус .... но малце понатака те запира инспекција и ти ја зимат колата поради тоа што наводно си див таксист. А ти немаш врска со превоз , нити си зел пари. Така да кај нас и автостопот е опасна работа, ќе те обвинат за транспорт на мигранти.
И ај да те видам докажи се со нив.

Се има случено , и добра информација си добил.
Ne ste bas vo pravo, nemaat pravo da ve kaznat bez da ve fatat kako naplakjate, ili eventualno sopatnicite kazat deka ste div prevoznik. Moe licno pravo e vo sopstveno vozilo da prevezuvam kogo sakam i kade sakam bez naplata i isto taka liceto da ne izbeglica ili lice koe go goni zakonot, ama tuka vekje vazat drugi zakoni i pravila.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Во среда 25. 11. 2014, Уставниот суд го разгледуваше:
2. Член 99-а став 3 и став 4 во делот: „Во случај на повторување на прекршокот од страна на истиот сторител или со истото возило, возилото што било користено за превоз трајно се одзема во сопственост на Република Македонија со асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на прекршокот, а по издавање на решение за трајно одземање на возилото од страна на инспекторот за патен сообраќај“ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на РепубликаМакедонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13 и 42/2014).

    • Реферат У.бр.66/2014
      Бидејќи медијумите не јавија дека е започната постапка, веројатно оваа одредба ќе остане
    • http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Ќе те стопрат некој ден, ќе ти ја земат колата и нема да се чудиш. Правиме муабет за коли на МК таблици, не за бугарски.
Полесно е да се одземе кола на македнски таблички, отколку со странски. :)
 
Член од
3 декември 2014
Мислења
16
Поени од реакции
0
Пред некој ден добив информација дека ако качиш некого во кола, полиција може да ти ја одземе под изговор дека вршиш транспорт за пари. Дали има некој искуство со ова?
Искрено да проба да ми одземе кола под овој изговор, сигурно ќе добијам кривична за напад на службено лице.
Tocno e toa, ako se slazis so toa. Dodeka vrsis transport "bez" pari. Koj moze da ti ja zeme kolata! Nikoj!!!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Укината е оваа одредба
У.Број:66/2014-0-1
Дата на Донесување:28.01.2015

Вовед
Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија ("Службен весник на Република Македонија" бр.70/1992), на седницата одржана на 28 јануари 2015 година, донесе

О Д Л У К А

Текст
1. СЕ УКИНУВААТ член 99-а став 3 и став 4 во делот: „Во случај на повторување на прекршокот од страна на истиот сторител или со истото возило, возилото што било користено за превоз трајно се одзема во сопственост на Република Македонија со асистенција на униформираниот полициски службеник во моментот на сторување на прекршокот, а по издавање на решение за трајно одземање на возилото од страна на инспекторот за патен сообраќај“ од Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/2010, 140/2010, 17/2011, 53/2011, 6/2012, 23/2013, 120/2013, 163/2013, 187/2013 и 42/2014).

2. СЕ СТАВА НАДВОР ОД СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија преземени врз основа на оспорените одредби од Законот означени во точка 1 од оваа одлука.

3. Оваа одлука произведува правно дејство од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf

.........................
Подносители на оваа иницијатива беа:
Стојанчо Илиевски од село Конопица, Крива Паланка и седум други подносители од Тетово, Велес и Штип и Наумче Ристески од Охрид и седум други подносители од Крива Паланка, Куманово, село Старо Нагоричане и Скопје, до Уставниот суд на Република Македонија поднесоа иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот означени во точка 1 на ова решение.
Честитки за нив!
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
1.281
Поени од реакции
798

Шо значи овоа?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Шо значи овоа?
Ова значи дека оваа одредба е укината
На страницата на Уставниот суд - од лева страна одбери „ одлуки и решенија “ па после на пребарувачот отчукај 66/2014
И цела Одлука ќе можеш да ја прочиташ
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Kajgana Shop

На врв Bottom