Одгледување на нане во домашни услови

Член од
21 септември 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
Здраво, не сум сигурен дека темата е за во овој под-форум ама не знаев каде би одговарала.

Живеам во стан и сакам во саксија дома да си посадам Нане. Никаде не успеав да најдам некое подетално упатство како се сади и секако одржува. Ептен немам поим за вакви ствари.

Целта ми е да си имам свежо нане да го ставам во вода за пиење.

Некој да ми каже подетално што треба да направам?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Тешко дека ќе можеш да одгледуваш доволно нане во саксија! Прво ти треба голема саксија, пожелно керамичка! Нането се размножува многу брзо и за една година тапан ќе ти ја направи саксијата, од толку многу корења. За почеток земи од некој кој има дома во двор 2-3 корени и посади ги во саксија или поголема жардињера. За едно лето ќе ја наполнат саксијата(жардињерата). Следната година, пола или 2/3 од корењата извади ги и пресади ги во две други жардињери. За 2-3 години цел балкон ќе ти биде со нане :pos:
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Здраво, не сум сигурен дека темата е за во овој под-форум ама не знаев каде би одговарала.

Живеам во стан и сакам во саксија дома да си посадам Нане. Никаде не успеав да најдам некое подетално упатство како се сади и секако одржува. Ептен немам поим за вакви ствари.

Целта ми е да си имам свежо нане да го ставам во вода за пиење.

Некој да ми каже подетално што треба да направам?
Не си побарала како што треба.

 
Член од
21 септември 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
За почеток земи од некој кој има дома во двор 2-3 корени и посади ги во саксија или поголема жардињера. За едно лето ќе ја наполнат саксијата(жардињерата).
Пробав вака 3 пати и не ми успеа, одма ми се сушеше :/
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Пробав вака 3 пати и не ми успеа, одма ми се сушеше :/
Проблем ти е големината на жардињерата и количеството земја! Нејзе и треба многи земја и влага. Тешко е во вештачки услови, кај мене у двор и во сенка расте, ама во двор.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Нането е зачин кој најдобро успева, во секакви услови. Јас исто чувам во саксија (плус и секакви други зачини: оригано, мајчина душичка, рузмарин, босилек, магдонос...), и имам нане за цела зима чај да правам. И тоа летоска додека бев на одмор 10 дена вода немаше видено, и пак остана живо. А имав само 3 коренчиња, купени од расадник за 3 за 100. Убаво ти кажаа: купи си од расадник, посади го во поголема саксија и до година ќе ти се мултиплицира за ти да продаваш!
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Член од
21 септември 2021
Мислења
4
Поени од реакции
2
купи си од расадник, посади го во поголема саксија и до година ќе ти се мултиплицира за ти да продаваш!
Глупо прашање: Кај во Скопје има расадник? На било кое пазарче?
Автоматски споено мислење:

Низ видеата користат различни типови на земја. Еднаш побарав во 2 цвеќари и ми нудеа само огромни вреќи со земја :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Нема потреба од вакви еклибрации, во Македонија имаш расаден материјал во секој двор. Земи со корења и гурај веднаш!
А бре какви еклибрации?
Само пишав одгледување на нане во домашни услови. Имаш полно видеа, не знам на што точно мислиш.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Глупо прашање: Кај во Скопје има расадник? На било кое пазарче?
Јас ги купив од Фоја, можеш да нарачаш и онлајн, ти ги носат до дома... Фоја е инаку, во Кисела Вода. Имаш Левидија - Качанички пат, од тие од кои јас најчесто купувам, и еден куп други помали. Напиши на fb search расадник, минимум 10 ќе ти се отворат.

Од пазарчињата - на Бит пазар сигурно има, Буњаковец и Зелено пазарче - најверојатно.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
А бре какви еклибрации?
Само пишав одгледување на нане во домашни услови. Имаш полно видеа, не знам на што точно мислиш.
Што бре :pos:
Мислев нема потреба да р’ти стебленца! Има расаден материјал скоро секој двор, а ако не има во расадниците. Еве Злате нашол во Фоја.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Семе треба да имаш и во земјоделска аптека, од едно паковање имаш за цел комшилук :D
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Што бре :pos:
Мислев нема потреба да р’ти стебленца! Има расаден материјал скоро секој двор, а ако не има во расадниците. Еве Злате нашол во Фоја.
Нешто си се збунил друже. Не сум советувал јас дали да рти или па дали има расаден материјал. Само споделив линк од јутуб.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Нешто си се збунил друже. Не сум советувал јас дали да рти или па дали има расаден материјал. Само споделив линк од јутуб.
Бре ама си напорен, како навивач на Интер :D И јас не реков да го игнорира видеото:facepalm:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom