Одбранбени механизми

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
383
Кај фројдовата психоаналитичка теорија, одбранбените механизми се психолошки стратегии кои ги користат поединци, групи, па дури и нации за справување со реалноста и задржување на сликата и поимот за себеси. Здрави личности вообичаено користат разни одбрани во текот на животот. Одбранбените механизми на егото стануваат патолошки тогаш кога нивното упорно користење води кон неприлагодливо однесување, така што физичкото и/или менталното здравје на индивидуата се во значително нарушени. Намената на одбранбените механизми на егото е да го заштитат умот/битието/егото од напнатост, од општествени санкции или да понудат бегство од состојба со која некој не може моментално да се справи.

Ваквите одбранбени механизми на егото може да се категоризираат соодветно на тоа дали импулсите на егото се конфликтни помеѓу себе, дали импулсите на егото се во конфликт со вредностите у убедувањата на суперегото или дали има надворешна опасност по егото.

Какви одбранбени механизми користите?Колку често?
Шмек :smir:
 
Magde.

Модератор
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.689
Поени од реакции
3.900
Какви одбранбени механизми користите?Колку често?
Секогаш кога не сакам да се соочам со ситуацијата во која се наоѓам.
Знам да најдам оправдание за се и на тој начин се штитам од реалноста.
Најчесто ако е лоша или болна.

Лошо е тоа зашто се создава поинаква реалност, но без такви механизми би полуделе многу бргу.
 
S

smart ass

Гостин
фројд претерал со егото,највероватно тешкотии имал цура да фати.

инку нема подобар одбранбен механизам од разумот.

нема да се правиме вака онака,едноставно кој и да е ако веќе сум во право же приложам аргументи и Точка...ако не сум нема што да вријам џабе и да бранам некакво си его кое у суштина и не е загрозено.

бтњ ова со нациите ме потсети на реал политик теори...најрелевантна која ја отсликува реалноста.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
9.711
Поени од реакции
13.274
Кај фројдовата психоаналитичка теорија, одбранбените механизми се психолошки стратегии кои ги користат поединци, групи, па дури и нации за справување со реалноста и задржување на сликата и поимот за себеси. Здрави личности вообичаено користат разни одбрани во текот на животот. Одбранбените механизми на егото стануваат патолошки тогаш кога нивното упорно користење води кон неприлагодливо однесување, така што физичкото и/или менталното здравје на индивидуата се во значително нарушени. Намената на одбранбените механизми на егото е да го заштитат умот/битието/егото од напнатост, од општествени санкции или да понудат бегство од состојба со која некој не може моментално да се справи.

Ваквите одбранбени механизми на егото може да се категоризираат соодветно на тоа дали импулсите на егото се конфликтни помеѓу себе, дали импулсите на егото се во конфликт со вредностите у убедувањата на суперегото или дали има надворешна опасност по егото.

Какви одбранбени механизми користите?Колку често?
Шмек :smir:
Колку што ми е мене познато човечката психа се состои од три дела тоа се ID, его и суперего.

При што ID то ги претставува основните човекови инстинкти како што се храна, вода, секс и така натаму. Во основа функционира на принципот задоволство - болка. Инаку Фројд ги има поделено овие инстинкти на животни и смртни инстинкти. При што во животните инстинкти спаѓаат нагоните за задоволство, како на пример храна или копулација. Додека во смртните инстинкти спаѓа несвесната желба на човекот да умре, затоа што смртта става крај на постојаната борба на човекот за задоволство и среќа, со смртта човекот го наоѓа сопствениот мир и затоа несвесно ја посакува. Смртните инстинкти можат да бидат манифестирани преку забегување во фикција, дроги, медиуми, насилство, односно најразлични обиди да се избегне реалноста.

Егото пак го претставува реалниот дел на една личност, со помош на егото личноста успева да ја перцепира и да си ја обликува реалноста, односно да создава мисли кои што би ни биле рационални на нас и на нашето опкружување. Егото всушност претставува баланс или медијатор помеѓу надворешниот свет, ID то и супер - егото кои што се во постојан конфликт.Всушност егото постои за да ги задоволи крајните желби на ID то и суперегото. При што во оваа константна борба се смета дека егото можеби му е малку понаклонето на ID то и понекогаш се преправа дека му е грижа за некои фини детали од реалноста. Поради што е казнувано од суперегото со чувство на вина, анксиозност и инфериорност. При што за да го преброди ова егото си создава механизми за одбрана како што се : одрекување, интелектуализација, разместување, компензација, рационализација, формулирање на реакција, регресија, подреденост, репресија и така натаму.

Супер - егото пак е во краен контраст со ID то, тоа има тенденција да ја води личноста кон социјално прифатливо однесување се со цел за заземање на што подобар статус во општеството, нешто што е контрадикторно на ID то кое што бара инстантно задоволување на потребите
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.442
Не е чудно што имаме одбрамбени механизми од потенцијално лошите работи кои можат да ни се случат.Природата и еволуцијата не дресирале така за да опстанеме.Чудно е што повеќето имаат одбрамбени механизми и спрема потенцијално добрите работи кои можат да ни случат.Дури вториве се и поизразени...
 
С

Сатори

Гостин
Ваквите одбранбени механизми на егото може да се категоризираат соодветно на тоа дали импулсите на егото се конфликтни помеѓу себе, дали импулсите на егото се во конфликт со вредностите у убедувањата на суперегото или дали има надворешна опасност по егото.
Какви одбранбени механизми користите?Колку често?
Сечие его кое што насетува потенцијална опасност по себе ја искористува можноста за одбрана од истата таа закана, зошто воопшто човекот би преживеал низ сите овие векови, социјално, емоционално и буквално ако немал заштита?
Примарен инстинкт е оној за преживување, на секое поле.
Од таму произлегува и самата идеологија за одбранбен механизам која што категоризирана или објаснета може да ни даде само површен увид на комплексноста на механизмот кој што делува во практика.
Веројатно ова е единствената тема на која што генерализацијата може да се искористи, сите се подложни кон себе заштитување, нема исклучоци.
Јас лично, ако почнам да ги набројувам нема да ми стигнат 10 постови, а такви случаи на реагирање има доволно, примарен ми е оној за заштита на волевата моќ, и бинго и лото во една серија.
:шмизла:
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Затворање во себеси, кинески ѕид, и се ми е рамно, овој свет не вреди да се бориш за него, ни за себеси во него. :) Бати кукавицата...

примарен ми е оној за заштита на волевата моќ, и бинго и лото во една серија.
:шмизла:
Може малку повеќе за ова, волева моќ??? Бинго и лото? :)
 
С

Сатори

Гостин
Може малку повеќе за ова, волева моќ??? Бинго и лото? :)
Како не може. :)
Според мене единствената моќ која што човекот вистински ја поседува е онаа што му произлегува од волјата, затоа и терминот волева моќ ја генерира најголемата потреба од заштита, зошто човекот без волја не е вистински човек. :)
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
11.038
Поени од реакции
21.262
Изолирање од светот, игнорирање, најчесто сарказам.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
15.962
Поени од реакции
7.747
Јас не го користам туку ми е природно од Бога даден, а тоа е мојата физичка големина покрај интелектуалната :icon_lol:.
 
S

Sucubus

Гостин
Јас не го користам туку ми е природно од Бога даден, а тоа е мојата физичка големина покрај интелектуалната :icon_lol:.
Замислувам само колку си голем според ова што го пиша :icon_lol:
он: негација е мој одбрамбен механизам.Секогаш кога не се чуствувам убаво изразувам спротивни емоции со цел да ја прикријам вистинската слика.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.652
Поени од реакции
585

Ама ако пречесто практикуваш лажни емоции, ке ти стане навика, и честопати нема да бидеш сфатена од другата страна.
Ќе дојдеш до состојба и кога се чуствуваш добро да го прикриваш тоа.
 
S

Sucubus

Гостин
Ама ако пречесто практикуваш лажни емоции, ке ти стане навика, и честопати нема да бидеш сфатена од другата страна.
Ќе дојдеш до состојба и кога се чуствуваш добро да го прикриваш тоа.
Тоа е тоа, одбрамбените механизми се неопходни треба само да се држат под контрола.
Мада не го сметам тоа за негативна особина.Најдобро ке биде ако успеам да ги искоренам на некој начин во целост.И онака немам никаква полза од нив.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.652
Поени од реакции
585
Тоа е тоа, одбрамбените механизми се неопходни треба само да се држат под контрола.
Мада не го сметам тоа за негативна особина.Најдобро ке биде ако успеам да ги искоренам на некој начин во целост.И онака немам никаква полза од нив.

Не е негативна особина ако ја држиш под контрола, ама не верувам дека долго време ќе успееш со тоа темпо. Онака внимавај си :)
Пошо добро е да си ја држиш негативната енергија за себе, ама лошо е ако ја држиш и позитивната само за себе.
 
Во смисол убаво е кога не ги замараш другите со твои проблеми а лошо е кога не си со идиотска насмевка на лицето цело време.Одбрамбените механизми се за да си олесниш себеси од влијанието на другите а не да им олесниш нив од твоето влијание.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom