- Член од
- 18 септември 2011
- Мислења
- 5.432
- Поени од реакции
- 5.555
Од сите спортови, одбојката е последна додадена во програмот на Олимписките игри. Поточно и мажите и жените играат од 1964 година кога Олимписките игри биле одржувани во Токио.
Освојувачи на медали од Лондон се репрезентациите на Русија(злато), Бразил(сребро) и Италија(бронза).
Најуспешна репрезентацијата по бројот на медалите е бившата репрезентација на СССР со освоени 6 медали - 3 злата,2 сребра и 1 бронза.
Рекордер по бројот на настапи на ОИ е селекцијата на Бразил со 14 настапи и е една и единствената репрезентација која настапувала на сите ОИ.
Maжите се поделени на 2 групи:
ГРУПА А
Италија
Франција
Бразил
Мексико
САД
Канада
ГРУПА Б
Полска
Египет
Русија
Куба
Аргентина
Иран
Турнирот кај мажите започнува на 7 август а ќе трае до 21 август.
ЖЕНИ
Кај жените бранители на медалите се репрезентациите на Бразил(злато), САД(сребро) и Јапан(бронза). Најуспешна репрезентација кај жените е рерпрезентацијата на СССР со 6 медали(4златни,2сребра).
Рекордерки по бројот на настапи се Јапан со 12 а следуваат Ј.Кореја и САД со по 11.
Жените исто како и мажите се поделени во 2 групи
ГРУПА А
Јапан
Ј. Кореја
Бразил
Камерун
Русија
Аргентина
ГРУПА Б
Кина
Холандија
САД
Порторико
Србија
Италија
Kaj жените турнирот за почнува на 6 август и ќе трае до 21.