"Огласи" за работа

Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Зашто да части кога не го избрале. 200 денари за ич труд не е лошо, поубаво би било кога би било повеќе но и вака за таа работа ок е. Плус ако ти е дополнителна работа уште поубаво, 2-3000 ден месечно ќе има плус од неговата плата.
Дополнителна работа не е да седиш некаде 8 саати, освен тоа треба со нешто да отидеш во суд... да го потрошиш целиот ден за 200 ден е залудно изгубен ден.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Дополнителна работа не е да седиш некаде 8 саати, освен тоа треба со нешто да отидеш во суд... да го потрошиш целиот ден за 200 ден е залудно изгубен ден.
8 саати? Никаде не е цело работно време, обично се има по едно две рочишта во текот на денот. Едно рочиште не трае 8 часа, туку може да трае од 5 мин до еден час, но се тоа зависи од случајот
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ОК, доста безпотребно карање. Нешто друго за вработување во дражавна администрација да си пробам среќата? Да повторам со Гимназија сум Општествено-Хуманистичко Б. Без партиска книшла... :D
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Е во државна администрација тек да се вработиш ти требаат каблииии . Јас досега сум била на 5 интервјуа , секогаш влегувам во потесен круг и на крај ќе се вработи некој од приватен факултет што на интервјуто не знаел ни на едно прашање да одговори. Пробај си среќата, да не те разочарувам ...
 
Безнадежен случај си тогаш. Вади книшка и глуми лудило само така у администрација. :icon_lol:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Е во државна администрација тек да се вработиш ти требаат каблииии . Јас досега сум била на 5 интервјуа , секогаш влегувам во потесен круг и на крај ќе се вработи некој од приватен факултет што на интервјуто не знаел ни на едно прашање да одговори. Пробај си среќата, да не те разочарувам ...
Два пати одбиен до сега..
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Абе далеку од карање е, кажувам само како е. Инаку администрација си знаеш и сам како иде таа работа
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Е во државна администрација тек да се вработиш ти требаат каблииии . Јас досега сум била на 5 интервјуа , секогаш влегувам во потесен круг и на крај ќе се вработи некој од приватен факултет што на интервјуто не знаел ни на едно прашање да одговори. Пробај си среќата, да не те разочарувам ...
Ги има со врски и тие од државните факултети, не игра улога дали е приватен или државен, туку дали имаш врски или не
--- надополнето: 13 февруари 2013 во 15:00 ---
Ова некој сака да лапне некој денар на сметка на некој наивен... Да реално така иде тоа, плаќаш за место, врски за место, но ти треба правиот човек да го најдеш за да ти ја среди таа работа, ако немаш таков човек тогаш ти останува да бараш по нашиве огласи, за кои веќе е пополнето тоа место
 
Член од
5 јуни 2012
Мислења
41
Поени од реакции
22
Не ми беше поентата да ги навредам тие од приватен факултет има луѓе и таму што си учат. Туку конкретно за мојов случај типов не можеше да заврши ни прв семестар на државен се префрли на приватен заврши и со врски се вработи така е за жал ... Врски и само врски
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Абе знам се ова супер, ама како да им објаснам на овие дома? :D
А агенции за вработување, нешто?
 
С

Спасе супата

Гостин
Како треба да изгледа еден оглас.
Оглас за вработување во
Фирмата: Тане, братучедите и кумот.
Работно место: Недефинирано. На визит карта ќе пишува менаџер или организатор на процеси.

Квалификации: Извод од матично не постар од 6 месеци, тестирање на крвна група и генетските тестирања кои покажуваат роднинска врска со директорот Тане. И книшка од нашите (книшката смее да се извади накнадно по вработувањето).
Образование: Не е потребно.

Работни задачи: За почеток најверојатно се, варење кафе, кревање телефони. На Перета брачедон му требит некој помошник или помошничка. Можни се промени на задачите бидејќи уште не се имаме одлучено поконретно, во гужва сне. Ако го продолжиме договорот ќе може да се забушава на фејсбук.

Конкурсот е објавен: Денес наутро Митко кумон го кладе на веб страна. Вчеравечер на слава обеќавме за денес и ево речено сторено огласот е тука.

Рок за пријавување: До денес навечер.

Обавезна документација: Цв, оригинален извод од матично, резултати од тестирањата со печат и потпис во оригинал и нацртано семејно стебло до петто колено.
Да се испрати на адреса: Кај Менка жена му од Тане в канцеларија долу.
 
Raza

N00B
Член од
24 август 2009
Мислења
20
Поени од реакции
7

Kajgana Shop

На врв Bottom