Таков податок ретко кој дава.
Друго, искуствено ќе го напишам ова од пред неколку години, кога не беше ваква криза. Се случи во ист месец да напуштат двајца кои едвај чекавме да си одат пошо дрвеа к на работа, а земаа поголема плата од сите. Ќе беше ептен безобразно, инаку сакавме опроштајна журка да им организираме од шо беа џаболебари.
И само за доилустрирам, човек штом најде добра работа и заработува добро една, две години и повеќе, губи осет со реалноста. Заборава дека претходно не работел или работел за многу помала плата и лета во облаци. А пазарот не што е мал, туку е минијатурен и сите се знаат меѓусебно.
Последниве неколку години земам релативно добра плата за наши услови, ама спремен сум во секој момент нешто да се случи, никогаш не се опуштам. Штом го зафати човек тој конформизам, веќе не се ни надградува, не ни учи, не се бори за работата.
Совет од мене за наоѓање добро место е контакти со луѓе. Не ги исклучувам и другите опции, затоа што има такви што нашле и на оглас, ама јас лично за мене, сите работни места ги имам најдено преку пријатели или роднини. И тоа не како "врска", туку како квалификуван за тоа место, одговорен човек што сака да работи.
Немојте да се жалите дека сте очајни, туку кога зборите со луѓе, без срам кажувајте им дека барате работа и дека сте спремни за учење и надградба и дека имате квалитети.
И за квалитетот на една фирма не земајте здраво за готово што ќе ви каже еден човек. Се е работа на лична перцепција. Има многу исфрустрирани луѓе што само за кавга знаат, а држат некое работно место за кое ниту се квалификувани, ниту добро го работат, ниту прават работна атмосфера таму каде што седат. Таков лик никогаш нема да ти каже дека фирмата во која тој работи е ок.