Огласи за вработување кои го заслужуваат вашето внимание

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Тука ќе објавуваме линкови до активните огласи за вработување кое вредат да се погледнат и отскокнуваат од секојдневните „работва во Дубаи“ и „бараме девојки за работа“ глупости кои ги сретнуваме по сајтовите за барање на работа. Исто така, воздржете се од објавување на огласи од типот на оние на кои вработените ги бираат по пат на „лотарија“ или од огласи за „интернет заработувачка“.

Како за почеток:
- Netcetera има неколку отворени позиции за систем, Windows, софтвер и db инженери. Огласот може да го погледнете на http://jobs.netcetera.com.mk/home.html


Слободно дајте го и вашиот придонес на темава.
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
За преку 7.000 наши клиенти во Средна Европа ставаме на располагање 80.000 соработници и нудиме иновативни кадровски решенија, флексибилно и динамично повеќе од 20 години.
За вработување кај наш клиент во Скопје потребен е:
ПРОДАВАЧ

УСЛОВИ:
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со фискална каса
  • Завршено минимум средно образование
ПОНУДА:

  • Работа во продавница
  • Социјално осигурување
  • Фер и коректно плаќање

Напомена: Ве молиме наведете ја позицијата за која аплицирате.

Тренквалдер - Времено Вработување
Адреса: 29-ти Ноември 62/1
1000 Скопје
Тел: +389 2 3246-899
Факс: +389 2 3246-897
e-mail: rabota@trenkwalder.com.mk

http://www.trenkwalder.com/mk/Кандидати/барање работа.html?reference_id=MK2013250225
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Овие се посредници и постојано бараат работници за во други фирми. Мислам дека ја утна целта на темава.
Еве Acid нека се изјасни дали се дозволени и посреднички фирми.
Тие те најмуваат тебе и фактички ти си вработен кај нив. А работиш за сосем трети. Колку ги мрзам тие агенциите за вработување. Секој месец те тераат да правиш нов договор. Треба измени во законот, ако те најмуваат подолго од 6 месеци истите треба после тоа да се потпишува договор на подолго време (пример на 12/24 месеци). Поарно баталете такви фирми посреднички овде. :)
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Тие те најмуваат тебе и фактички ти си вработен кај нив. А работиш за сосем трети. Колку ги мрзам тие агенциите за вработување. Секој месец те тераат да правиш нов договор. Треба измени во законот, ако те најмуваат подолго од 6 месеци истите треба после тоа да се потпишува договор на подолго време (пример на 12/24 месеци). Поарно баталете такви фирми посреднички овде. :)
Двапати најдов работа преку агенција за вработување. Легален рекет, работа која би била платена 18000 ја работиш за 10000, и тие ќе си ги чекаш 100 години дур ти ги префрлат.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Двапати најдов работа преку агенција за вработување. Легален рекет, работа која би била платена 18000 ја работиш за 10000, и тие ќе си ги чекаш 100 години дур ти ги префрлат.

Да на секаде се исто срање агенциите за вработување, јас работев БГ за една, добро беше што после 9 месци ме префрлија. Преку агенција земав двојно помалку плата уствари пола од платата за нив одеше.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Машински инжињер
би го препорачал во една компанија.
насока:производно машинство,хидраулика,заварување или нешто слично.
(мотори-моторни возила не би одговарало ама ич)
Да видиме дали ќе има некој незапослен да се јави(се разбира предност 10)
Да ме контактира преку сандаче или пп како ли се вика.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630

AKTOR
Оглас за изразување интерес за вработување на проектот за Коридор 10 Демир Капија - Смоквица
Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Kапиja Смоквица е проект со кој се предвидува изградба на нова модерна автопатска делница Демир Капија Смоквица, во должина од 28.18 км, во согласност со европските стандарди, со што ќе се комплетира главната оска од Коридорот 10 која поминува низ Република Македонија. Заради комплексноста на теренот на кој ќе се извршуваат градежните работи, проектот е оценет како доста сложен и опфаќа изградба на мостови, тунели, надвозници и патни јазли.

Изведувачот на Коридот 10 фирмата Актор, реномирана компанија во градежната индустрија во регионот, со докажана експертиза на повеќе крупни инфраструктурни проекти во Грција, Албанија и Романија, во моментов на проектот во Република Македонија, има ангажирано околу 330 вработени и секојдневно бројот го зголемува.

Компанијата ги почитува сите прописи во однос на вработените вклучително и безбедност и заштита при работа.
За да ги комплетира своите планирани проектни активности и задачи во периодот кој следи, а кој опфаќа изградба на повеќе мсктови, надвозници и патни јазли Актор има потреба од 250 искусни вработени со повеќегодишно работно искуство на проекти за поставување и изведба на високи конструкции до 100 метри, работа на висина, работа со големи челични и бетонски конструкции, транспорт и просторна манипулација на габаритни конструкции и нивно соодветно поставување
Компанијата има потреба од градежни инженери, кранисти и работници.
Вработените треба да имаат работно искуство на проекти на кои се поставувани мостови со Герберова греда односно конзолни носачи, засводени мостови, мостови со нпреднапрегнати греди, мостови лиени и обликувани со бетон, мостови со фина оплата и висина до 95 метри.
Работните активности ќе се одвиваат на големи висини така што вработените треба да бидат во добра/одлична психофизичка состојба, да немаат страв од висини и да бидат подготвени да работат во ветровито опкружување.
Работните часови на вработените како и досега ќе бидат согласно предвидената законска регулатива, односно зависно од работната позиција вработените ќе треба да бидат подготвени да работат во смени, и во зависност од темпото на активностите кои треба да се резимираат да се подготвени да работат по неколку прекувремени часови во работните денови како и за време на викенди.
Актор има обезбеден превоз за вработените од околината на Демир Капија и Миравци, односно Актор е подготвен да обезбеди секојдневен транспорт на вработените со место на живеење со оддалеченост од максимум 70 км, а за вработените кои живеат на оддалеченост над 70 км Актор би обезбедил дополнителен надоместок за сместување во градовите од кои има превоз: Гевгелија, Валандово и Кавадарци.
Воедно се повикуваат и вработени кои немаат работно искуство a се заинтересирани за работа на проектот да се пријават на овој оглас Одбраните ќе добијат соодветна обука за заштита при работа, работа на висина и користење на заштитна опрема, користење на соодветни алати како и се она што е неопходно за правилно извршување на планираните активности.
Покрај тоа, вработените ќе имаат можност со стекнатото работно искуство на овој проект да добијат идни ангажмани на слични проекти на Актор или на неговите подизведувачи во земјава и странство, бидејќи ваквите компании секогаш се насочени кон обучување и ангажирање на квалитетни вработени на своите проекти.


AKTOR Оглас за изразување интерес за вработување на проектот за Коридор 10 Демир Капија Смоквица. Компанијата има потреба од градежни инженери, кранисти и работници. Сите заинтересирани може да ги достават своите податоци во центрите за вработување на агенцијата за вработување co назнака „апликација за коридор 10“ или да се пријават на електронска пошта: construction@avrm.gov.mk
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ako ste zainteresirani za dobra internet zarabotka i sakate da si go podobrite standardot na ziveenje, SFI kompanijata za marketing e odlicna moznost. i najvazno od se e sto NE vlozuvate nikakvi sredstva, a parite doagaat so trud i rabota. Na sledniot link moze da se zaclenite i da probate, nema nisto da izgubite :)www.sfi4.com/13392748/FREE
Ова нека ви служи како одличен пример за типот на преварантски огласи треба мора да избегнувате. @alexkoleva е баниран/а од форумот.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.659
Поени од реакции
6.525
Налетавте на нешто интересно во последно време?
Еве најново ако те интересира ама ваквите огласи од џонсоновци според мене е само мачкање очи. Кај ке вработат тие некој незнаен бе со никакво или минимално искуство. А па новопечен дипломец, нема шанси...ќе си најдат тие човек по други канали, преку огласов тешко. Али кој сака нека си ја проба среќата.
http://www.fakulteti.mk/news/13-11-20/oglas_za_vrabotuvanje_vo_dzhonson_meti.aspx

П.С. Еднаш бев на интервју Во Контролс, пред 2-3 години беше тоа...1000 денари ме кошташе да одам дотаму...:facepalm: не се ни понудија да ми го платат трошокот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom