Мислење за работно место заменик раководител/раководител во Кам-Маркет . 18к за заменик раководител се ок плата според вас? Малку ми смета тоа со смените, 1 недела прва, 1 недела втора , бар недела да не се работеше... некој со мислење ?
Ако ти понудиле веднаш заменик раководител - значи си оставил добар впечаток и ќе те спремаат за раководител во иднина.
Инаку, КАМ ти е ретко солидна фирма, најголема во тој бизнис, во топ листа на најуспешни компании, ако не грешам некаде 14 место во МК, со постојан раст. Планирај дека ќе ти биде се по закон - редовна плата, редовни одмори, зимски, летен, К15, систематски, обуки, платени прекувремени ако имаш ( а вероватно ќе имаш во одредени периоди). Од друга страна планирај дека ќе се бара доста од тебе , и работа, и почитување на правила и се.
Ако веќе имаш друга работа и се мислиш дали да ја прифатиш оваа - незнам, дискутабилно....ако немаш работа или работиш во иста дејност - тогаш КАМ ти го препорачувам, и солидни плати, и можност за напредување, и јако искуство...
Не знаев дека заменик има 18К плата, ама знам дека раководител на маркет има 30+