Овчи сипаници (зараза со варичела)

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Здраво.
Темава ја отворив за да побарам совети од вас :).
Моментално сум заразен со ова, веќе 4-5 дена сум нафрлан и последниве 3 дена редовно се мачкам со течна пудра. Па сакам да ве прашам за болеста. Колку од прилика траат и дали пред да се нафрлам јас на некој начин претставував зараза за другите ? И дали сега може да заразувам други?
Мислам дека во саботата ги фатив бидејќи имаше едно бебе нафрлено со меурчињава до мене, ама па ја не се пазев :(. И почнаа да ми излегуваат веќе во средата ( ми се чини дека и вторникот приметив 1-2) Па тоа ми е чудно, зошто после неколку дена ми излегоја ?
Исто да ве прашам дали и смеам да се бањам, и како .. ? Иначе имам 16 години.
Фала ви однапред на сите :)
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Не е опасно

Повели прочитај повеќе http://goo.gl/IeN7k
Фала :)
И да прашам ако знаеш ти или некој друг...
Во рековалесцентниот (опорувачкиот) период, значи после изчезнувањево на црвениве точки ко меурчиња што се... Не ширам зараза тогаш и смеам нормално се да правам ? :)
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Здраво.
Темава ја отворив за да побарам совети од вас :).
Моментално сум заразен со ова, веќе 4-5 дена сум нафрлан и последниве 3 дена редовно се мачкам со течна пудра. Па сакам да ве прашам за болеста. Колку од прилика траат и дали пред да се нафрлам јас на некој начин претставував зараза за другите ? И дали сега може да заразувам други?
Мислам дека во саботата ги фатив бидејќи имаше едно бебе нафрлено со меурчињава до мене, ама па ја не се пазев :(. И почнаа да ми излегуваат веќе во средата ( ми се чини дека и вторникот приметив 1-2) Па тоа ми е чудно, зошто после неколку дена ми излегоја ?
Исто да ве прашам дали и смеам да се бањам, и како .. ? Иначе имам 16 години.
Фала ви однапред на сите :)

Инфективен(заразен) си 2 дена од појавата на осипот до формацијата на суви красти(најчесто после 5-6 дена).
Инкубациската доба(добата кога си ти заразен а немаш симптоми) трае од 1-3 недели(така да,веројатно си се заразил многу порано од тоа што мислиш).
Нормално,смееш да се бањаш.Ќе пазиш на температурата на водата(малку поладна би било прикладно) и чистење на кожата со сапунче(превентивно).
Ќе пазиш на крпите(ќе пазиш да не ги употребува никој освен ти)/контактите и.т.н.
 
Член од
11 декември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво на сите, нов сум на форумов.
Имам 22 години и веќе 9ти ден сум со овчи сипаници односно варичела. Верувајте, болеста си го извади максимумот од максимумот. Жив ме изеди. Првите 3 дена ми беа океј, 4тиот ден, сабајлето имав температура и најмногу се исфрлив тој ден. Четвртиот ден беше точно на 31.12.2017, односно новогодишниот ден. Вечерта на нова година кревам 39.3 и сабајлето, петтиот ден, одам на заразно во битола на инфективна. До сега користев само пена за нега на меурчињата Pox Clin. Сега, на заразно гледат дека имам гној на ангина и нешто као некое воспаление на белите дробови или бронхит па ми даваат анцикловир, панцефт и провен. Ацикловир пијам 5 пати на ден по 5 таблетки од 200мг. Панцефт еднаш дневно а Провен 2 саати после Панцефт. Со оваа терапија одиме 2 дена, пошто температурата не спаѓа, почнав да примам и инфузија (вкупно 5) со антибиотик и аналгин, па панцефт и провен исклучивме. Е сеа, на 7тиот ден меурчињата ми фатија гној, па ги чистам со хиперманган и бетадине. ГЛАВНИОТ муабет ми беше и за то го пишам постот. Веќе ми е 9ти ден, а веќе 3 дена откако ќе голтнам, после 3 секунди осеќам болка некаде во желудникот/хранопроводот или пак веднаш под градите (насредина). Не можам да ја одлучам болката каде е точно. Кога не јадам ништо не ми е. Ама и плунка да голтнам е истото како и кога ќе јадам, пак осеќам болка. И течност кога пијам, осеќам болка само не толку интензивна како кога внесувам храна на пример. Болката се случува после 3-4-5 секунди откако ќе го голтнам залакот/плунката/едно ронче милиметарско некаде под градите. Некогаш се осеќам и дека откако ќе се иждригам како да имам уште воздух во мене. Совет нешто, некој? Дали е желудникот или пак хранопроводот или пак белите дробови? Или пак нешто друго...
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
КАко поминавте.Јас ја наебав на 40 и кусур ја фанав од децата.Не се пазев и сега сум како мало дете.Боледувам страшно.Искуства некој да кажете или гледам темава е скоро мртва.Слабо болни има што е добро
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.794
КАко поминавте.Јас ја наебав на 40 и кусур ја фанав од децата.Не се пазев и сега сум како мало дете.Боледувам страшно.Искуства некој да кажете или гледам темава е скоро мртва.Слабо болни има што е добро
Има 4-7 дена (најчесто 4) со висока температура, тука негде ќе прекинат да се појавуваат нови и после уште едно минимум десетина дена додека ти се исушат и полека ги снемува.
Мачкање со течна пудра, ваљда више не преопорачуваат, него со хиперманган. Чак и бањање препорачуваат денес (порано викаа - не). И во купката се става хиперманган.
Ствар за симињање температура, течности, одмор и тоа е.
Деца ако имаат, а ти не си прележал - нема пазење. Многу се заразни. Пазење - да не живееш со нив тоа време дур не почнат да им се сушат. Иначе, искачаат у бранови тие први недела дена, ти може си помислил - еве не искачаат више, а да почнат пак.

Спаниците го намалуваат имунитетот и откоа ќе поминат пази се од настинки и сл. Пиј цинк тогаш или нешто друго за имунитет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom