Овулација

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.502
Поени од реакции
34.611
...под дејство на FSH (фоликул стимулирачки хормон од хипофиза) околу 5ти ден од менструацијата се мобилизираат околу десетина фоликули во јајниците, но само еден фоликул успешно расте и доминира, тој доминантен фоликул потполно созрева накај 12-14 ден од циклусот што всушност е овулативна фаза и тогаш од тој доминантен фоликул кој ќе прсне на одредената големина при што се ослободува созреана јајна клетка (ооцит) и велиме дека жената се наоѓа во фаза на „плодни денови“ т.е. има овулација (додека другите фоликули пропаѓаат),

...во овој период, поточно еден ден пред овулацијата (пред да прсне главниот, зрел, Графов фоликул) имаме највисоки вредности на хормонот естроген во крвта, естрогенот веднаш во моментот го покачува и другиот хормон на хипофизата - LH ( лутеинизирачки хормон) со што настанува овулацијата и од тој доминантен фоликул (Графов) јајната клетка се исфрлува во јајоводот,

lh_pic_mk.gif index.jpg

...јајоводот ја прифаќа јајната клетка и тука таа чекајќи го машкиот сперматозоид може да биде оплодена за 24ч после таа овулација, ако не дојде до оплодување на таа јајна клетка со сперматозоидот истата се упатува неоплодена до матката каде ќе „пропадне“, во овој период на овулација може да дојде до мало крварење од фоликулот и краткотрајна остра болка(бодеж),

Ќе пишам овде, да не отварам нова тема за овулација.
Ако порано се плашев од пмс и циклус, сега ми е страв кога ќе дојдат овие денови. Тие 4-5 дена, зависи месец до месец додуша, али скоро секогаш, имам мачнини во желудник, стомак, нагон за повраќање, главоболки, немање фокус. Да надополниме и со болки во јајник, матка и половина.
До пред некое време си немав поврзано дека ова се дешава баш во тој период, обично немав ден, два енергија и си го препишував на тоа дека сум настината. Али мислам дека со тек на време се полоша ми е состојбата, дали е до годините, хормоните, не знам.
Најмногу ми сметаат гадењето и главоболките, ми прави анксиозност и паника тоа некако, и ми смета во нормално функционирање.
Дали некоја има сличен проблем, па со тоа и некакво решение за ова? Испробани чаеви, рецепти, што и да е?
... широка област со многу причини, за да претпоставиме нешто т.е. да имаме некоја појдовна точка треба да се направи некое испитување:
- хормонско испитувања на 3 ти ден после менструацијата, 10 ден и 21 ден со карактеристични хормони за тој период на циклусот (дури е пожелно три циклуси по ред),
- ЕХО за време на фоликуларна фаза, овулативна фаза да се види дали си склона да несозреана јајната клетка и фоликулот се претвора во циста (полицистични јајници),
и како крајна опција ако не сакаш да идеш на вакви испитувања поради коронавирусот, барем дома да ја измериш Базалната температура во текот на целиот месец,
... инаку секое крварење што го добиваме секој месец не значи и менструација т.е. од каде знаеме дека имаме „плодни денови“ т.е. овулација? ако жената нема овулација тоа е само обично месечно крварење ама не и класична менструација (ановулаторен циклус) кој може да биде продолжен и до 40 дена додека настане крварење,
...кога ќе се утврди нешто од ова што напишав ќе имаме одговори за таа твоја лоша состојба токму во тие денови, инаку испробани чаеви рецепти станува збор кога имаме воспалени јајници и јајоводи што не мора да биде потенцирано токму во плодните денови (овулација),
... природата направила токму во тие плодни денови жената да биде расположена, дури склона кон секс, да не речам зголемен апетит за љубов токму поради природниот сексуален нагон што треба да се појави за оплодување и продолжување на потомството, а не жената да има мака токму во тие денови (ако имаме воспаление на јајниците и јајоводите), значи имаме тука некоја пречка што делува негативно конкретно кај тебе,

Mens.jpg
-хормонско испитување 3 ден (фоликуларна фаза)

Testosteron
FSH
LH
PRL (prolaktin)
Estradiol

Progesteron

-хормонско испитување 10 ден (овулативен период)
FSH
LH

PRL
Progesteron
Estradiol

- хормонско испитување 21 ден (лутеинска фаза)
FSH
LH
PRL
Progеsteron
Estradiol
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom