Ова точно е?

Член од
29 март 2007
Мислења
94
Поени од реакции
0
Каква е таа глупотевина? Верно ли е ова?!?

СКАНДАЛ ВО македонската СЛУЖБа ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Нашите разузнавачи отчукани во Бугарија
Вработен во УБК, И.С., ископирал тајни податоци и ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност
Сите податоци за тајни агенти, соработници, планови, тековни акции и други строго доверливи потоци на Управата за безбедност и контраразузнавање биле украдени од архивата, дознава „Дневник“ од извори во Министерството за внатрешни работи.

Во архивата на контраразузнавачката служба упаднал вработен во УБК, кој пред еден месец пребегал во Бугарија. Тој успеал кришум да ги ископира доверливите податоци од главниот компјутер на три дискети и на едно цеде. Неофицијално, тој податоците веќе ги доставил до бугарската Служба за државна сигурност. Во МВР вчера изјавија дека не била регистрирана таква кражба.

Главниот осомничен е лице со иницијали И.С.. Тој работел како аналитичар во УБК, а е внук на поранешната министерка за внатрешни работи Доста Димовска, актуелна директорка на Македонски културен центар во Софија. Во Управата за безбедност и контраразузнавање последниве недели се врши засилена оперативна истрага за кражбата на податоците под шифрирано име „Софија“. Шефот на бугарската Служба за државна сигурност му се јавил на актуелниот директор на македонската УБК Сашо Мијалков на неговиот приватен мобилен телефон „за да го поздрави“, што било прв сигнал дека нешто не во ред. Нашите разузнавачи се посомневале дека некој им го доставил бројот на бугарските разузнавачи. Почнала потрага по „кртот“, а по прегледот на снимките на сигурносните камери во просторијата во која е главниот компјутер се открило дека сторителот е И.С.. Тој ги ископирал податоците во ноќна смена, кога во Управата има само неколку вработени. Набрзо по кражбата заминал во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир. УБК неколкупати телефонски разговарала со него и барала да се врати, но тој одбил. Не се знае каде точно е во Бугарија.

Изворите на „Дневник“ посочуваат дека биле украдени и податоците за планови за извлекување теренски агенти во случај на опасност. Неофицијално, исчезнати се податоци со кои ќе се разоткрие нашата разузнувачка мрежа и за чија обнова ќе бидат потребни две децении.
Даниела Вељановска



http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB9F47578DCB17409382B26F27491F5A
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Какво има во тиа документи?Колко тенка има и каде са?Колко авиона има?Кои са шпионите ? Па това се знае и без да имаме такви документи от разузнаването на Македониja.Негде се вели дека информациата била на 3 дискети по 1,44 МВ и едно CD.Па това ли е целата информациа?Ако информациата не се брани ке ти а земат.Сите на Балкан се знаеме што сме и што имаме.Това са само скандали и афери во политичкиа живот на Македониja.:salut:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Това са само скандали и афери во политичкиа живот на Македониja.:salut:
Да, ама предизвикани од политичкиот живот на Бугарија, нели?
Кој е налогодавецот? Кој го врбувал македонскиот разузнавач? Доста Димовска (ја знаеме нејзината кауза), нејзин роднина, се е јасно :)
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
NE E TOCNO

PS temava e veke otvorena vo podforum Politika
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Да, ама предизвикани од политичкиот живот на Бугарија, нели?
Кој е налогодавецот? Кој го врбувал македонскиот разузнавач? Доста Димовска (ја знаеме нејзината кауза), нејзин роднина, се е јасно :)
Мистичен,политичкиот живот в БГ сега е заета со местни избори и на никој не му дреме за такви нешта.Па и АКО е вистина,во кое се с'мнјавам,вашиа човек оти дошал тук,а не во С'рбија ил Грција ил Албанија?
 

moskva_bojan

Kirk Hammett
Член од
28 јануари 2007
Мислења
470
Поени од реакции
3
toj sto gi iskopiral podatocite sega treba da se obesi na plostad!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom