Објективност

Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
27
На основа на што се сметате себеси и другите за објективни или необјективни? Според мене објективноста би се мерела со степенот на свесноста :), но не постојат мерила ни за двете. А можеби и постојат но тие што ги откриле ги кријат, бидејќи во спротивен случај со светот би владееле вистински праведните, или бедните по дух како што рекол некој, кои што не би воделе војни и лични профити туку вистински би се грижеле за светот.
Можеби постои и голема мудрост што не може да се знае кој е објективен па таквите луѓе делуваат од сенка.
 
Член од
31 јануари 2011
Мислења
779
Поени од реакции
382
Објективноста постои само во науката, објективно е нешто што е подржано со факти. Се друго во животот е субјективно. Човекот е преарогантно себично и нарцисоидно суштество за да е објективен.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.197
Поени од реакции
3.820
На основа на што се сметате себеси и другите за објективни или необјективни? Според мене објективноста би се мерела со степенот на свесноста :), но не постојат мерила ни за двете. А можеби и постојат но тие што ги откриле ги кријат, бидејќи во спротивен случај со светот би владееле вистински праведните, или бедните по дух како што рекол некој, кои што не би воделе војни и лични профити туку вистински би се грижеле за светот.
Можеби постои и голема мудрост што не може да се знае кој е објективен па таквите луѓе делуваат од сенка.
Брат еве вака ќе ти одговорам најкратко што можам објективноста е субјективна.
Знам звучи смешно и двосмислено ама така е .
Пример:
Јас сум многу често објективен за сите работи али како и сите луѓе за да бидеш објективен треба да ги изолираш емоциите што не е секогаш возможно.
Како што рече членот над мене човекот е често арогантен и себичен(во мој случај ми пречи тврдоглавоста) за да биде објективен.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
224
Поени од реакции
158
На основа на што се сметате себеси и другите за објективни или необјективни? Според мене објективноста би се мерела со степенот на свесноста :), но не постојат мерила ни за двете.
Кога одиш Против себе а во полза на вистината, и правдата.
А сметам дека се мери со степенот на развиеноста на Егото во една личност. Колку поцврсто ЈАС, толку понеобјективна индивидуа. Тоа после прераснува во слепило и те доведува во ситуација кога кај и да се свртиш го гледаш само својот г`з, па нормално и постојано си во борба за негова одбрана, од "непријателите" на твојот асс.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
11.500
Поени од реакции
16.978
Не сум објективен ако сум лично замешан.Човечка природа, напиша некој погоре дека сме егоисти и несвесно сме необјективни во ситуација кога сме лично засегнати за било каква работа.
Можам да бидам објективен во обратна ситуација.
 
Член од
24 октомври 2011
Мислења
71
Поени од реакции
27
Точно е дека Јас си е Јас и никој за нас не може подобро да одлучува освен ние самите. Но кога ќе дојде до нешто незгодно, тогаш се гледа кој е пообјективен. На пример двајца се тепаат, од страна еден ги гледа и размислува дали е паметно да ги прекине, друг веднаш се вмешува меѓу нив, а трет гледа сеир, може и навива. :)
 

Mama.

уметник
Член од
23 јули 2011
Мислења
524
Поени од реакции
326
Точно е дека Јас си е Јас и никој за нас не може подобро да одлучува освен ние самите. Но кога ќе дојде до нешто незгодно, тогаш се гледа кој е пообјективен. На пример двајца се тепаат, од страна еден ги гледа и размислува дали е паметно да ги прекине, друг веднаш се вмешува меѓу нив, а трет гледа сеир, може и навива. :)
epa sam si dade odgovor na prashanjeto...nekoj gleda od strana i razmisluva dali da se vmesha...koj od niv e vo pravo...
koga vo site mozni zivotni situacii bi se postavila samo kako posmatraci bi znaele shto da napravime, ako situacijata e dobra za seir, zoshto da ne se zabavuvame, ako e dovolno vredna za da se vmeshame, se vmeshuvame, ako ne ne dopira, go napushtame teatarot, ednostavno barame druga predstava, kade ke najdeme neshto shto bi ne zainteresiralo
objektivnost vs subjektivnost... mozebi i od vete po malku, kolku shto e potrebno vo dadena prilika, pogreshno e koga lugeto sami si baraat pricini i temi kade bi mozele da si stavaat epiteti kako objektiven, subjektiven, vakov, onakov i sl.
toa go pravime so cel da najdeme pribezishte ili nekoja grupa luge slicni na nas, za da gi izbegneme dvete strani na vistinata, deka site nie sme edno isto, i deka i pokraj toa shto sme edno isto sepak site se razlikuvame eden od drug...
spored mene pogreshno e da se opredelime (konkretno na ovaa tema) samo za ednoto ili za drugoto, se zavisi od dadenite situacii...kako shto kazav koga bi posmatrale od strana mnogu lesno bi znaele shto treba da pravime...
objektivnosta e kolku e korisna tolku e i shtetna za eden covecki um, subjektivnosta poveke ja dopira dushatata i na dvata nacina, pozitiven i negativen...
zabeguvanjeto vo krajnosti i na ednata i na drugata strana samo ke ne isfrli od kolosek, balansot megu niv e najdobar, so isklucok na odredeni situacii koga ke pocuvstvuvame deka mora da preovlada ednoto od niv
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
8.934
Поени од реакции
10.893
Објективен можеш да бидеш само ако си крајно субјективен.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.066
Човечка објективност не постои, секој човек има своја позадина врз која донесува било каков заклучок, на пример,
Американците викаат, САД е најбогата и најдемократска земја во светот, а додека купат дом (барем 70% од населението) кој може да го наречат сопствен, пола живот им поминал, од што најдемократска претседателот што го бираат не може да реши ниту еден проблем што ќе им овозможи барем на 70% од населението полагоден живот, како што е медицинско здравје итн.
Објективност може да се добие за одредена област, доколку се направи математички модел односно систем за таа област со сите правила што моментално се познати бидејќи кај математиката ваши кога едно нешто ќе се докаже важи засекогаш.
 

The Mad Doc

Алхемичар
Член од
16 март 2009
Мислења
652
Поени од реакции
44
Колку повеќе го читам форумов, се повеќе се загрижувам за огромното ниво на нихилизам од македонскиот народ и неговиот скршен дух.

Објективни можеме да бидеме и сме само кога самите сакаме, тоа не е независно од нашата свест туку е волева особина. Големината на карактерот може да биде обсервирана од степенот на објективност која го прикажува индивидуата, меѓу другите добри и лоши особини.
 

Fasty

Артист
Член од
1 август 2011
Мислења
182
Поени од реакции
47
На основа на што се сметате себеси и другите за објективни или необјективни? Според мене објективноста би се мерела со степенот на свесноста :), но не постојат мерила ни за двете. А можеби и постојат но тие што ги откриле ги кријат, бидејќи во спротивен случај со светот би владееле вистински праведните, или бедните по дух како што рекол некој, кои што не би воделе војни и лични профити туку вистински би се грижеле за светот.
Можеби постои и голема мудрост што не може да се знае кој е објективен па таквите луѓе делуваат од сенка.
Вршам еден кам-бек после мала пауза ..конечно начекав тема за дискусија која секогаш сум ја потикнам ил бар сум сакал да ја поттикнам..Вака астрал форс..Објективност?!..во чуствителни теми .. ќе ја зеам за пример Америка каде што црнците меѓусебно им е дозволено и „кул“..да се викаат niggas..АМА истиот збор да го каже белец.ти се собираат пред куќа.. Исто како со Албанциве овде..Но објективност постои само во темите во врска со општеството реално мерило за тоа што е објективност е застапеност стрикно на двете страни за кој зборуваш или пишуваш..(дипломатско искуство)..да пишеш да кажеме 200 збора за пример Македонци и исто толку за Албанците.. но не само да ги пишеш туку да бидат да речеме најбитниот или најзасегнатиот сегмент..а да го извршиш ова со зборување еден на еден да ги броиш твојте зборови додека зборуваш да гледаш со очите во соговорникот да го слушаш соговорникот и временска дистанца да запазиш колку за што збориш сето ова ВО ЕДНО да го изведеш треба да си дипломат.За жал едукациите во врска со дипломатијата или се погрешни или се никакви.Што значи дека не секој Американец со звучно име и јака диплома и Американски пехари од 400000 настани форуми незнам што ..дека е образован..тоа е само маска на која еврпејците мастурбираат..и грешат..и грешиме за земји учители за дипломатија и објективност неможам да посочам но потребна ни е промена во дипломатските односи т.е дипломатските кадри полека да се обновуваат од самите корени.Што ќе се придобие со тоа ?! прво ..значи мој личен став за последниве преговори со Еу за одстранување на Македонскиот и нашата жестокост ми се допаѓа и евро-скептицизмот..што можеби го има во Македонија сега излезе и на виделина меѓу дипломатите кој конечно собраа храброст да викнат.Прво со самата промена на дипломатскиот кадар во просториите на Република Македонија ..Македонија ќе има многу придобивки како раст на Монетарната политика и слично.Како тоа да се постигне?!..Реформа на образовен процес од таа област ИТНА !.. и веќе после неколку години интензивни едукации на високо ниво без „професори“што си ги пропагираат овде својте вредности и вредностите на државата а зборат за објективност.Значи објективност се постигнува само со дипломатија и уметност на говорење и издразување . Потоа ..со отварање на високи владини представништва во сите региони во светот,како што видовме милионски инвестиции во Скопје..мојот став околу тие инвестиции нема да го произнесам но кога веќе се виде дека поседуваме толкав вонд тогаш не е проблем инвестиција во образование и образовни кадри во врска со дипломатијата..Да скратам ..реално гледано глобално во Македонија мерилото за објективност се сведува на мулти-етничноста што е погрешно и сосема чуствително..за тоа придонесоа и фалзификатите на пописите..А реално за да биде мерило на објективност не треба да бидат само внатрешно-општествените прашања бе луѓе ебаму мајкта ако тоа е мерилото..мерилото сеуште варира од ден во ден .но генерално објективноста е прашање со кое оваа држава е делумно засегната а треба да биде максимално бидејки без таа објективност нема да се постигнат дипломатски успеси во светски рамки.Толку од тео :)
 
На врв Bottom