Обредни ора

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
A што конкретно ти треба? Да напишеш објаснување за некое обредно оро или?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Аман бе не учите ли музичко?

ме мрзи да пишувам ќе ти дадам мислење од еден член и тема на форумов http://forum.kajgana.com/threads/Народна-лирика.1835/

Обредни песни

Обредните песни на словенските народи се развиле под еднакви услови и нивните корења датираат уште од темните пагански времиња. Тогаш нивните верувања и претставите за светот и природата имале заедничка основа, но нивното натамошно развивање или одумирање не се движело по исти патишта.
По доаѓањето на Балканскиот Полуостров и прифаќањето на христијанството како своја водечка религија кај доселените словенски народи започнал процесот на нивелирањето на нивните дотогашни пагански обреди, изразени најчесто во примитивното верување дека саканото дејство може да се предизвика со изведувањето обреди со разновидни магиски елементи. Всушност, обредите се сврзувале и се адаптирале со одредени верувања и празнувања на новата религија, иако со нив најчесто неале никаква реална врска. Црквата прифаќала разни пагански обреди што им биле особени блиски на народните маси и поради нивниот стопански или семеен карактер, па ги прикрепувала кон одделни значајни настани или личности на својата религиозна система. Се разбира, не секој обред имал ритуално религиозно значење. Може да се допушти, смислата на обредите во одредени случаи да се ослободувала од стегите на врувањата и да означувала, ако така може да се каже, стремеж ”да се закрепнат нормите и правилата на поведението на луѓето, да се даде раководство на трудовата дејност” – како што тоа го смета рускиот фолклорист В. И. Чичеров.
Календарко-обредните и семејно-обредните обичаи на јужнословенските народи, како два посебни циклуса – вклучително и песните што ги придружуваат, па најчесто и осмислуваат – имаат слична основа и значење со бројни заеднички начелно еднакви или слични елементи.
Македонските зимски и пролетни календарско-обредни песни се вклопуваат во спомнатите битни белези на општословенската календарно-обредна поезија, што треба да се оценува не само според нејзините поетски пораки и вредности, туку и како плод на сите оние верувања со кои се дополнуваат и осмислуваат обичаите и обредите и обратно – песните!
Зимските календарско-обредни обичаи (од Коледе, Василица до Водици) се манифестираат во разни облици со песни и игри. Општа карактеристика за овие празници се ритуалните поворки и односи и неограничено слободните веселби, поврзани со аграрно-магиски елементи. Двоверието во нив е видливо, но основната смисла им е стремежот со обредните настапи, во нивната севкупност, да се отстранат злите духови и така да се повлијае за подоброто ”утре”. Со палењето на коледните огнови и нивното прескокнување токму тоа се посакува.
Кон овие календарно-обредни песни и обичаи можат да се приклучат и настапите на драмските играорни групи русалии и џамалари. Русалиите се раширени во Јужна Македонија и се играат цели 12 дена од Божиќ до Водици. Организирани се врз ритуални обреди, норми и игри, чие потекло непосредно води кон индоевропските претстави за вечната поврзаност на земниот и неземниот свет и почитувањето на предците. Сличен род имаат и т.н. џамалари (бабари, василичари и др.), чие потекло, како машка игра со песни и драмско дејство, своето потекло веројатно го имаат во древните карневалски свечености.
Во Македонија пролетта започнува да се слави со празникот Летник (1 март) или со празникот Четириесет маченици (22 март). Потоа се редат следниве најважни пролетни празници: Благовец, Лазаровден, Велигден, Ѓурѓовден, Спасовден, Духовден – поврзани со поранешните пагански празнувања, односно со одредени трудово-земјоделски или семејни и други дејности од општествениот живот на луѓето. Песните што се пеат на празнициве при соодветни обреди, по правило имаат свечено-величална смисла. Најскриените надежи и желби на домаќинот на семејството и на неговите блиски – за богатство, среќа и љубов во животот, за постигање успеси во работата, посебно за добар род на посевите и за приплод на добитокот – еднакво како и неговите грижи и сомневања, особено во почетокот на пролетта, кога всушност започнуваат главните работни процеси наполето во груби црти ја претставуваат тематската основа на пролетните календарно обредни песни. Оттука, и поради верувањето во магиската сила и на зборот – пофалбата и добрата вест, желбите со магиско заклевање, та дури и молитвите и разни други видови величења, секогаш се јавуваат како своевидни апотеози на благосостојбата и успехот, на среќата на човекот. Разбирливо е затоа што за потенцирањето на својата свечено-величална смисла обредната песна користи силни поетски средства и изрази, вклучително и хиперболи, што инаку не одговара на нивната кратка лирска фраза.
Токму ваквите песни, што се дел од соодветни обреди и празници и се пеат наодреден ден и место од поединци или од група пеачи (на пример, лазарки или билјарки) се сметаат за прави, вистински обредни песни. Па ако се остави настрана нивната идејна страна (присуството на магиски и религиозни претстави, христијански разбирања, натуралистички погледи), најчестиот мотив во нив е љубовта во сите нејзини компоненти. Тоа се воедно и најубавите пролетни песни.
Меѓутоа, во прво време во обредната пролетна поезија доминирале митолошко-религиозните теми. Верувањата во разни натприродни сили и суштества што наводно дејствуваат како добри или зли сили, кои се јавуваат како чувари или пакосници на работните усилби на луѓето во полето, во семејството и во неговите добри дејности се одразени во бројни митолошки поетски мотиви. И ништо чудно што змејови и ламји, самовили и чуми и други натприродни суштества од народната митологија се чести херои во овие песни, било да чинат добри дела или пакости. Подоцна, натамошното тематстко проширување на пролетните обредни песни се вршело за сметка на религиозните христијански мотиви. Разликата е само во тоа што улогите на натприродните сили во ваквите песни ги преземале врз себе разни светии. Дека паралелно се случувало и соодветно мешање на митолошките елементи со христијанските мотиви не треба посебно да се истакнува, тој процес го обусловуваат природата и законитостите во развитокот на поезијата. Во кругот на обредните пролетни песни подоцна започнале да навлегуваат и разновидни баладни мотиви, пак најчесто со љубовна тематика.
Со време и обредите постепено се проширувале и добивале поинаква смисла и значење, бидејќи со култивизацијата на привитивизмот тие постепено го губеле своето првобитно значење и во нив се повеќе продирале елементи на разонодата. Поради оваа причина, кон величално-свечените пролетни обредни песни, со наведената тематика, започнале да се приклучуваат и разни други песни, најчесто од битово-семеен карактер, што немале никаква органска врска со самите обреди.. Така, на веселбите на пролетните празници широко се пееле разновидни орски песни. Тие немаат точно фиксирани жанрови или тематски рамки. Можат да бидат подеднакво и лирски, и епско-лирски, и епски песни и нивната содржина да зафаќа различни мотиви: митолошки, религиозни, јуначки, битови, љубовни, та дури и хумористични. Употребата на толку широк круг песни во ората придонесла во Македонија и до нашава современост да се зачуваат баладите и епиката.
Од друга страна, додека младите играле и се забавувале, постарите ја користеле трпезата како место за разговор, здравици и за веселба од поинаков вид. Се разбира, трпезата, полна со јадења и пијачка, за да се прикаже и на овој начин благосостојбата, не можела да помине без песна и свирка. На трпезата се пееле обично т.н. трпезарски песни. Под овој поим народот ги подведува песните со епска форма што ги пеат мажи (машки песни). Голем дел од овие песни тематски им се блиски на орските песни, зашто и одделни трпезарски песни можат да бидат воедни и орски песни. Кругот овде како да се затвора. Всушност, и овде се судруваме со општата карактеристика на народната песна, дека поводот за нејзиното исполнување не ја фиксира цврсто кон една категорија, односно дека една песна може да има повеќе функции.
Заклучокот сам се наметнува. Народното именување на ваквите песни и нивното сврзување со разни календарски обредни празници е сосема условно и без органска врска со нив. Тие се именувани како такви секако затоа што се пееле и на празниците. А причината за оваа употреба треба да се бара во нивната содржинска соодветност кон одделните празници, односно со сите оние придружни активности на учесниците во празнувањето надвор од самиот чин на обредот.
Тематиката на календарско-обредните песни (и на обредната поезија воопшто) не може, значи, да се ограничи на одредени мотиви. Одделни сакани теми, дури и тогаш кога генски се сврзани со еден празник или со одредено обредно дејство, со време се ослободуваат од нив и потем лесно се прикрепуваат и кон други празници или добиваат други функции. Постои, значи, широка тематска слобода и поставувањето на некои фиксирани рамки, се чини, е невозможно. Овој процес на слободното движење на песните го олеснуваат и сличностите и во поводите, и во начинот на празнувањето на одделни празници, а особено сличноста и еднаквоста на празничните расположенија и чувства на луѓето.

*****************************************​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom