ОНЕ и ВИП се споија

C

cige

Гостин
Од претплатата имам 300 MB интернет и плус активиран еден пакет од 1000 MB. И сега кога го префрлив бројот од Оне на Вип сметката ми била од 21ви до 20ти наредниот месец. Јас до 30ти Јуни ги исцедив тие 1300 MB и пред некој ден ми стига порака дека сум надминал 146 MB кои што се наплаќале во 5 денари 1 MB. А јас не сум информиран дека сметката не ми е од 1ви месецот до 30ти/31ви. И сега што да барам од нив? Што со тие 730 денари?
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961

Ништо ... ќе си ги платиш и ќе чутиш :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.654
Поени од реакции
38.837
Од претплатата имам 300 MB интернет и плус активиран еден пакет од 1000 MB. И сега кога го префрлив бројот од Оне на Вип сметката ми била од 21ви до 20ти наредниот месец. Јас до 30ти Јуни ги исцедив тие 1300 MB и пред некој ден ми стига порака дека сум надминал 146 MB кои што се наплаќале во 5 денари 1 MB. А јас не сум информиран дека сметката не ми е од 1ви месецот до 30ти/31ви. И сега што да барам од нив? Што со тие 730 денари?
За 100 ден на лајка имаш 2 гб ти плаќаш 5 ден мегабајт
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
После спојувањето на Vip, One и blizoo, TAG планира ребрендирање на one.Vip во A1 Telekom.
За потсетување, во матичната земја, Австрија, услугите се нудат под овој бред. Истото се случи и во Словенија каде што почнаа од неодамна откако Si.Mobil се ребрендираше.
Повеќе има на: http://telefoni.mk/news-17018-Telekom-Austria-ke-gi-rebrendira-site-kompanii-vo-eden-A1-бренд.html
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570

Значи вака им заблагодаруваат на пвеводбениците и нивниот пастир - на мобилните телефони да им пишува А1 - несомнено еден од најомразените називи во пвеводбеничкиот речник ?

Во Македонски Телеком сигурно тријат раце за наплив на нови пвеводбенички корисници. :pos:

Иво Ивановски си наплати убав цех за нелегалното спојување на Вип и Оне - директорска позиција во Вип во Бугарија, но после ова, ако пастирот некогаш го начека во некој ќош ... :zloo:
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
После спојувањето на Vip, One и blizoo, TAG планира ребрендирање на one.Vip во A1 Telekom.
За потсетување, во матичната земја, Австрија, услугите се нудат под овој бред. Истото се случи и во Словенија каде што почнаа од неодамна откако Si.Mobil се ребрендираше.
Повеќе има на: http://telefoni.mk/news-17018-Telekom-Austria-ke-gi-rebrendira-site-kompanii-vo-eden-A1-бренд.html
Ништо добро и ништо ново... Триеме раце за повисоки сметки и дуопол.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Не е баш некоја новост и нема да има ама баш никакво влијание на македонскиот пазар, но вреди да се спомне дека од денес и официјално оне.Вип е во целосна сопственост на Телеком Австрија, откако Телеком Австрија се договори со Телеком Словенија да го откупи неговиот сопственички удел од 45% од оне.Вип, или со други зборови кажано, прашање на време е кога ќе го снема тоа "оне." од "оне.Вип".

Согласно со договорот за спојување на Вип и Оне од 2014 година, Телеком Словенија имаше право до 2018 година - поточно до почетокот на 2018 година - да се откаже од партнерството со Телеком Австрија, што оставаше отворена врата за враќање на Оне како посебен телекомуникациски оператор и за враќање од технички дуопол кон технички триопол на македонскиот телекомуникациски пазар, но со одлуката на Телеком Словенија да го продаде својот сопственички удел во оне.Вип на Телеком Австрија, таквата врата дефинитивно се затвора.

Повеќе од сигурно е дека нема да се врши ребрендирање од оне.Вип во Вип, туку прашање на време е кога Телеком Австрија ќе го ребрендира оне.Вип во А1 Телеком.

http://fokus.mk/avstriski-telekom-stana-tselosen-gazda-na-one-vip/

Австриски Телеком стана целосен газда на Оне.Вип

10/11/2017

Телекомуникацискиот оператор Оне.Вип е во целосна сопственост на Телком Австрија откако оваа компанија ги докупи преостанатите 45 отсто од акциите на македонскиот оператор од Телеком Словенија, објави словенечката компанија на берзата во Љубљана. Акциите се купени за 120 милиони евра.

Меѓу македонските подружници на двете компании беше договорено спојување во 2014 година. Договорот предвидуваше Телеком Австрија Групацијата да има 55 проценти и целосна контрола во новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словенија Груп да поседува 45 проценти. Договорот, исто така, вклучуваше опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничката компанија во рок од три години од затворањето на спојувањето.

Телеком Австрија Групацијата котира на Виенската берза од ноември 2000 година, и претставува водечки комуникациски провајдер во Централна и Источна Европа со околу 23 милиони корисници на пазарите каде што работи.

https://plusinfo.mk/vest/133340/telekom-avstrija-stana-celosen-sopstvenik-na-onevip

Телеком Австрија стана целосен сопственик на Оне.Вип

14:50 10 ноември 2017

Продажбата е извршена за 120 милиони евра.

Телеком Австрија стана единствен сопственик на оператор Оне.Вип, објави Словенечка берза.

Телеком Австрија ги купи 45 отсто од акциите кои беа сопственост на Телеком Словенија.

Спојувањето на Вип и Оне беше договорено во 2014 година. Догоборено беше Телеком Австрија да има 55 отсто од акциите и целосна контрола во новосоздадената компанија, а Телеком Словенија 45 отсто, со отворена можност за докуп на акции.
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2008
Мислења
5.210
Поени од реакции
3.594

Da ne se povtoruvam sega monopolot Germanija -Avstrija ke bide uste pojak.... nemam drugo sto da kazam toa e toa.... koga nema 3ti MNO operator ....
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Da ne se povtoruvam sega monopolot Germanija -Avstrija ke bide uste pojak.... nemam drugo sto da kazam toa e toa.... koga nema 3ti MNO operator ....
Австријците сега дефинитивно ќе имаат сопствен телекомуникациски оператор кој е целосно во нивна сопственост, додека швабите сеуште се сопственици на само 51% од Македонски Телеком - мнозински сопственици се`, но сепак државата и понатаму игра некаква улога - претежно при партиските вработувања, но истовремено е` и втор најголем сопственик на Македонски Телеком и не планира да го батали во блиска иднина.

Македонски Телеком за државата е златна кокошка која не се продава туку така, не додека не и` ги одерат перјата - односно додека не почне да работи со загуби, па тогаш ќе го продаде државата својот удел во Македонски Телеком, но до тогаш има долги години да поминат.

Но без разлика дали Македонски Телеком е во мнозинска или во целосна сопственост на швабите, ние корисниците и понатаму остануваме најголемите губитници.

Останува да чекаме Телекабел и Неотел да ги прошират своите оптички телекомуникациски мрежи низ Македонија - а и тоа ќе трае долги години - за да дочекаме Австријците и швабите да се соочат со вистинска конкуренција во фиксната телефонија и телевизиските услуги во Македонија, а во мобилната телефонија додека не влезе некој сериозен трет играч - како шпанска Телефоника на пример - ќе останеме на милост и немилост на дуополот на швабите и Австријците.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.753
Веќе што сакаат нека прават, сеедно ни е. Кога се донесе одлуката за спојување тогаш се отиде јабана. Сега само ќе си го зголемуваат профитот благодарение на нас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom