ОМД бара од ЕУ во декември да одреди датум за преговори

Член од
12 ноември 2009
Мислења
51
Поени од реакции
9
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9F8A87BE0BA4E340A54ED3049EEC1CFC

Oбединетата македонска дијаспора (ОМД) побара од шефовите на држави и влади на 27-те членки на ЕУ да ја поддржат евроинтеграцијата на Македонија и да овозможат почеток на преговорите за членство во Унијата.

Во писмото адресирано до лидерите на ЕУ, се бара на декемврискиот Самит да ја следат препораката што веќе три години по ред ја дава Европската комисија за старт на пристапните преговори со Македонија.

Македонија направи прогрес и незасулужено е блокирана од членката на ЕУ Грција. Наместо да реагира, ЕУ го толерира отвореното грчко непријателство кон Македонија, негирањето на македонскиот идентитет и јазик и правата на македонското малцинство во северна Грција.

Со одбивањето на Советот да ги почне преговорите со Македонија поради противењето на Грција и оспорувањето на името на Република Македонија, идентитетот и јазикот, ЕУ ги прекршува Европската конвенција за човекови права и принципите на меѓусебно почитување, национално достоинство и самоопределување.

ОМД смета дека декемврискиот Самит на ЕУ е добра можност Македонија да ги почне преговорите имајќи предвид дека се очекува тоа да и биде одобрено на Црна Гора, а Србија да добие кандидатски статус.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Леле шчо направија, испратија писмо... сега сигурно влегуваме.
 
H

HITCH

Гостин
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9F8A87BE0BA4E340A54ED3049EEC1CFC

Oбединетата македонска дијаспора (ОМД) побара од шефовите на држави и влади на 27-те членки на ЕУ да ја поддржат евроинтеграцијата на Македонија и да овозможат почеток на преговорите за членство во Унијата.
Зошто би сакале да бидеме дел од ЕУ кога тие не не` признаваат под нашето име?

За нив дури не постои ниту мојот јазик, ниту јас како Македонка! Кога некој не ме сака јас му се тргам од патот, не го молам да ме сака. Јас знам која сум, што сум, дали и колку вредам, не ми требаат лигушите педофили од ЕУ и НАТО да ми потврдат. Башка уште и пари да им давам за мојата љубов?!

Зарем мислите дека Македонија е финансиски моќна држава, па може да им го отплаќа долгот на Ѓупциве? Дали дечките од ОМД знаат дека во ЕУ секоја држава си дава пари?

Упс, се извинувам, заборавив дека вие праќавте по 10 долари за да ја биде Македонија и на домашните миленичиња им дававте патриотски имиња, за да сте се чувствувале блиску до дома. Ние си имаме многу големи патриоти кои живеат во „сранство“. На пример Мане Јаковлески, кој за да ја докаже љубовта кон партијата, наместо кон Македонија, на неговиот сајт се испофали колку пари дал за партијата. Најди ги уплатниците на Мане Јаковлески, кои сам си ги објавува, каде што праќал по 50 марки за партијата, не знам дали се` уште стои или во меѓувреме е тргнато, ама има и други уплатници.

Смачено ми е од луѓе кои немаат поим што треба да направат и погрешно да ги прават некои работи. Смачено ми е да се прави нешто колку да не се седи со скрстени раце! Доколку деките од ОМД навистина сакаат да и помогнат на Македонија, ќе направат проекти за Македонија кои ќе ги реализираат по училиштата и факултетите, односно децата ќе ги учат од мали нозе која е Македонија. Кога би направиле проекти за Македонија не би требало ние да се плашиме како ќе не викаат. Имате купишта теми од: екологија, историја, општество, култура, традиција... искористете ги!

Штом сакате да направите нешто за Македонија, еве ви идеја, само треба да ја реализирате. Да знаете дека за пари ич не ве мислиме, ИМАТЕ!
 

Славјански

Антички Словен
Член од
2 мај 2008
Мислења
5.644
Поени од реакции
1.346
Ќе му пратам писмо на вујче од америка, да и прати доларе, да ме спаси од немаштијава во која живеам.
Во 12 се будам, во 3 сабајле се враќам, пијам, јадам, ништо не работам.

Абе да ви се онадам во писмата, дајте ми едно писмо кое сменило нешто, и јас ќе ги пишувам секој ден.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
ОМД бара:pos: министерство за дијаспора


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побара основање на министерство за дијаспора во рамки на Владата на Република Македонија чија цел би била консолидирање на сите тела задолжени за прашања поврзани со дијаспората, вклучувајќи ги Aгенцијата за иселеници и Cекторот за дијаспора под Министерството за надворешни работи кое би работело во корист на Македонија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=141CE8C3826E944E8075A266D5E00B38

се изнасмеав со ова „бара„:pos:
а еве и зошто
ОМД бара од ЕУ во декември да одреди датум за преговори

ОМД бара Австралија да ја признае Македонија

ОМД бара поблиски врски меѓу Македонија и Нов Зеланд

ОМД бара Грција да го признае македонското малцинство

ОМД бара Клинтон да ја посети и Македонија

ОМД бара да се преиспита Охридскиот договор

ОМД бара отворање австралиска амбасада во Скопје

ОМД бара прекин на преговорите со името
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
абе сите бараат датум за преговори ама никако да се деси тоа.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
ОМД бара:pos: министерство за дијаспора


Обединетата македонска дијаспора (ОМД) побара основање на министерство за дијаспора во рамки на Владата на Република Македонија чија цел би била консолидирање на сите тела задолжени за прашања поврзани со дијаспората, вклучувајќи ги Aгенцијата за иселеници и Cекторот за дијаспора под Министерството за надворешни работи кое би работело во корист на Македонија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=141CE8C3826E944E8075A266D5E00B38

се изнасмеав со ова „бара„:pos:
а еве и зошто
ОМД бара од ЕУ во декември да одреди датум за преговори

ОМД бара Австралија да ја признае Македонија

ОМД бара поблиски врски меѓу Македонија и Нов Зеланд

ОМД бара Грција да го признае македонското малцинство

ОМД бара Клинтон да ја посети и Македонија

ОМД бара да се преиспита Охридскиот договор

ОМД бара отворање австралиска амбасада во Скопје

ОМД бара прекин на преговорите со името
Значи сигурно Македонија нема да добие датум за преговори..
Овие малериве што и да побарале ништо не добиле.
Прави Македонци.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom