Понудата и побарувачката на работни места ја диктираат цената на платите и дневниците во државата. Се додека има голема побарувачка за работни места , односно за едно работно место конкурираат дваесетина души, некогаш и повеќе, а газдата може да ги бира како лубеници кого ќе вработи ќе има ниски плати.
Односот газда вработен е во суштина следниот: Што ти не ми аргатуваш за 500 ден. ? Слободно напушти, има уште еден куп што би дошле да ја работат твојата работа за упола дневница. А работникот знае дека е така, па си ќути и трпи барем за таа една мизерна плата од 8 000 денари. Знае дека лесно може да биде заменет со друг.
Секогаш е полесно газда да најде работник, отколку невработен да најде работа. А тоа им дава моќ на газдите да уценуваат и експлотираат безразлика дали е келнер, шанкер, таксист, продавач. Додека побарувачката за работни места е поголема од понудата, платите ќе бидат ниски.
Кога ќе почне да има недостаток на работна сила и квалификуван кадар на пазарот на трудот, односно на конкурсите за келнери, сервирки, продавачи, молери, инжинери, административци и слично никој да не конкурира .
Кога работодавците нема да можат да најдат работници, самите газди ќе сфатат дека ќе мора да ги покачат платите и дневниците за да привлечат работници, во спротивно ќе нема кој да им работи и бизнисот ќе им се закочи. Ќе се јави и здрава конкуренција меѓу газдите кој со повисока плата ќе привлече поквалитетни работници .
До тогаш ќе гледаме вакви огласи за работа како келнер, за мизерни 500 денари дневница , со кои да влезете во продавница ништо неможете да купите .