Нудам работа во кафич

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.814
Поени од реакции
25.379
500 денари дневница било малце. Ај спуштете се на земја, не живеете во Норвешка. Ако земаат 1000 денари по 20 дена (еве 10 дена нека не ги работат) би добивале 20.000 денари, а толку не земаат ни луѓе со магистратури и завршени факултети. 500 денари плус 200 денари бакшиш (што е реално, доволно е 10 души да остават по 20 денари бакшиш) е сосема задоволителна бројка. Особено фактот што оваа работа ја работат претежно студенти.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.068
Поени од реакции
921
500 е супер за келнерка. Охрид во сезона е 400 денари дневница, преку зима е 350-300. Не се бунете, 500*30 се 15 000. За келнер повеќе од доволно со оглед на ситуацијава во државава. :)
Па ако работиш 7 дена во неделата, од било која работа можеш толку да извадиш....
Познавање во овој случај ти е знаење затоа што ќе комуницираш со луѓе и никогаш не знаеш какво прашање ќе ти постават. Треба за се да имаш одговор.
Ако имаш само глупо познавање како дете од 3 одд, а не знаење може наместо кафе сок да му донесеш и да не знаеш да му кажеш што има во коктелот, сладоледот или од каде е виното. :icon_lol:

Професорот си ужива цел ден, а келнерот трча од маса на маса и за викенд и празници.

Уште подобар оглас. Јазици бе замислите се пријави некој со англиски, германски и шпански :D
Прегледај го приврзокот 83564
Па сигурно нема да те прашаат да им расправаш за политичката состојба во Македонија на англиски... Мислам ретко кој млад денес дотолку не знае англиски... Се учи во основно, средно, на интернет и уште не знам каде :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.283
500 е супер за келнерка. Охрид во сезона е 400 денари дневница, преку зима е 350-300. Не се бунете, 500*30 се 15 000. За келнер повеќе од доволно со оглед на ситуацијава во државава. :)
Работи 30 дена месечно if you can! И со ставот, доволно е со оглед на ситуацијата, платите никогаш нема да се покачат пошто секогаш ќе постојат некои на кои им е доволно со оглед на ситуацијата;) А особено за Охрид во сезона тоа е срамота! А воедно не е ни точно, по плажите другарки мои работели, 700 келнерки, 1200 бармени.
Тој што вика дека работата е лесна на келнер или шанкер (за тие што стварно работат, а не оние другите) никогаш во живот нема работено како келнер или шанкер.
 
Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.770

Сум работела цело лето без ден слободен, за дневница од 400 денари во Охрид.( и тоа со платено јадење и пијачка, и во посолидно место можам да кажам) Тие цени од 700 денари дневница на друг да му ги кажиш. Тешко е, да, ама па нововработен наставник/професор зема плата од 18 000, и многу нелогично е келнер да зема 15 000. Таква е состојбата во државата,па не работи ти ни за толку ако сметаш дека си потценета.
 
мкд владе

Гостин
Член од
21 ноември 2009
Мислења
10.788
Поени од реакции
6.770
Баш штета што не бара директор или менаџер туку келнерка.
Тука претежно сите се менаџери и директори, сега рака на срце има и по некој благонадежен шеф со намера да се дообразова за менаџер.
Келнерки и келнери слабо тука на форум, па уште и за 500 денари дневница. Незнам и тој со кој памет. Па 1000 денари да ги видат на улица не се наведнуваат да ги земат, не им се исплаќа, не пак за 500 денари да работат. Господ да чува и да брани, што не ке прочиташ на форумот.
 
Wiz

Член од
17 јуни 2008
Мислења
89
Поени од реакции
50
Дечкото си убаво понуди оглас за 500 денари, што мислам дека е океј плата, џабе зборете. Вие што очекувате, по 1000 денари да ви дава дневница? Ставете 4 келнери по 1000 денари да ви дава, 30 дена, тоа се 120,000? И мислите ќе остане нешто за него, плус даноци, трошоци, рекети, ова она? Срамота.
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.044
Во денешно време вработените одма му ја прават сметката на газдата, тој можел да прави толку и толку пари а јас ќе му работам за 500 денара. Па ај ако е толку лесно сите да станиме газди, да отвориме кафичи или шо ти јас знам.
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
Ставете 4 келнери по 1000 денари да ви дава, 30 дена, тоа се 120,000? И мислите ќе остане нешто за него, плус даноци, трошоци, рекети, ова она? Срамота.
пријателе тие пари се вадат во еден викенд ако знајш да си ги наредиш коцките. една свирка, менаџери и силна клиентела пијачи. ако во локалот бери 300-400 души (за високи маси прам муабет) и не го наполниш локалот во викенд тогаш треба да го клајш катанецо и да плачиш под перница.
 
Wiz

Член од
17 јуни 2008
Мислења
89
Поени од реакции
50
пријателе тие пари се вадат во еден викенд ако знајш да си ги наредиш коцките. една свирка, менаџери и силна клиентела пијачи. ако во локалот бери 300-400 души (за високи маси прам муабет) и не го наполниш локалот во викенд тогаш треба да го клајш катанецо и да плачиш под перница.
Океј, извини, ајде нека биде по ваше, платата треба да биде 1000 ден. И после жалете се имало невработени во државата. (y) ;)
 
DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
^ не се сили ко точак на удолница, јас не ти спомнав за дневница од 1000 денари. оди на втората страница прочитај шо иам коментирано
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Понудата и побарувачката на работни места ја диктираат цената на платите и дневниците во државата. Се додека има голема побарувачка за работни места , односно за едно работно место конкурираат дваесетина души, некогаш и повеќе, а газдата може да ги бира како лубеници кого ќе вработи ќе има ниски плати.

Односот газда вработен е во суштина следниот: Што ти не ми аргатуваш за 500 ден. ? Слободно напушти, има уште еден куп што би дошле да ја работат твојата работа за упола дневница. А работникот знае дека е така, па си ќути и трпи барем за таа една мизерна плата од 8 000 денари. Знае дека лесно може да биде заменет со друг.

Секогаш е полесно газда да најде работник, отколку невработен да најде работа. А тоа им дава моќ на газдите да уценуваат и експлотираат безразлика дали е келнер, шанкер, таксист, продавач. Додека побарувачката за работни места е поголема од понудата, платите ќе бидат ниски.

Кога ќе почне да има недостаток на работна сила и квалификуван кадар на пазарот на трудот, односно на конкурсите за келнери, сервирки, продавачи, молери, инжинери, административци и слично никој да не конкурира .

Кога работодавците нема да можат да најдат работници, самите газди ќе сфатат дека ќе мора да ги покачат платите и дневниците за да привлечат работници, во спротивно ќе нема кој да им работи и бизнисот ќе им се закочи. Ќе се јави и здрава конкуренција меѓу газдите кој со повисока плата ќе привлече поквалитетни работници .

До тогаш ќе гледаме вакви огласи за работа како келнер, за мизерни 500 денари дневница , со кои да влезете во продавница ништо неможете да купите .
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
904
Тешете се, во Велес претежно земаат 100че дневница + 10% од прометот, а прометот е тиња .
 
Емкаа

крофни од драго.
Член од
14 мај 2008
Мислења
3.582
Поени од реакции
5.770
До тогаш ќе гледаме вакви огласи за работа како келнер, за мизерни 500 денари дневница , со кои да влезете во продавница ништо неможете да купите .
Се согласувам со се од погоре напишаното освен со ова. Платата на административците во просек е 26 000 денари. Поголем дел од нив завршиле факултет,значи вложиле нешто. И сеа келнер да зема плата од 15 000, епа е потценувачки. Со оглед на платите во останатите дејности, мислам дека 15000 е доволно за келнер.
 
F

FuckYouAll

Гостин
^Една професорка што ми предаваше во средно фураше сличен муабет, демек било срамота фудбалер да заработува повеќе од научник т.е од човек кој учел пола живот.

Не беше во право, а и секој што тоа го зборува не е во право.

Зошто келнер да незема повеќе пари од човек со факултет ?
Ако ресторанот/кафичот/кафаната врти големи пари ?
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
929
Се согласувам со се од погоре напишаното освен со ова. Платата на административците во просек е 26 000 денари. Поголем дел од нив завршиле факултет,значи вложиле нешто. И сеа келнер да зема плата од 15 000, епа е потценувачки. Со оглед на платите во останатите дејности, мислам дека 15000 е доволно за келнер.
Знам 4ца келнери со факултетска диплома,а знам и еден шанкер што спрема магистарски труд.
--- надополнето: Feb 3, 2014 3:50 AM ---
Другарче како дневница 500 денари, а едно пиво по кафичиве е 120-150 денари !?
Тоа е реалноста.На некој му е дојдено зорт и си работи за тие пари,ако тебе не ти е,на некој му се потребни тие 500 денари дневно.Башка кога ќе израчунаш бакшиш(што сигурно го имаат),ако ти остануваат 500 денари чисти од денот треба да си задоволен колку толку со оглед на моменталнава ситуација.
 
На врв Bottom