Ноќниот живот на новите генерации

Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Од тоа што го имам слушано од постарите, порано ноќниот живот им бил подобар...
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.668
Поени од реакции
2.619
Уште малце и во веце кога одат ќе се чекираат,
Инаку да не бидам скор оф, и јас излегувам скоро секоја сабота али не се фалиме со другарите каде сме биле, се е до децата. Само еднаш еден ме имаше тагирано -најлуд помин со Симе..... го тргнав од ѕидот и фино лепо му реков да не ме означува така бидејќи ми е глупо.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
"'Што ќе каже комшијата за мене'', тоа е главниот проблем. Сите носат конверс, ќе носам и јас иако не ми се допаѓа, ама ИН ќе бидам. Како мисли општеството така мислам и јас, Владо викаат добар е мада не му знам песни но ќе му одам на настап да не испаднам сељак и да ме зборат после во маало ааааа. А, Владето уствари да ти бил преценет нарцис со два-три плагијати кој ги пее две декади.
После некој таков ќе ти глуми курајбер.

Клуб, диско, 11453 луѓе на едно место неможам да поднесам. Со сила 4-5 пати сум бил, јок никогаш повеќе.

Пропалици и не kewl се оние по парковите, нели ? :D
 
2

~2A

Гостин
@mute

Што е со луѓето кои во вечерните часови играат фудбал, после или пред играње се сликаат и ја става батката што го следи натпреварот на фејсбук сликата... за да после време коментираат со најсилните супер лативи? :eek:

Се е ова зависи од човекот како ги перцепцира работите и околината што го опкружува. Некој сака да има побогат фејсбук со слики, некој не. Мене не ми се допаѓа некои личности што ги знам во живо какви се, а како се преставуваат на фејсбук, преку слики, коментари и понашање. ...

Што значи се зависи ти како ги перцепцираш работите и кои се твоите поставени граници на нормалата.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Малце подолг текст спремив, но се надевам дека барем некој ќе го прочита.

Две друштва, едно 5 девојки, другото 5 мажи.

Девојките се собираат по дома кај една од нив малку порано и пијат сечена вотка или нешто слично и при тоа прават 474545 слики кои ги објавуваат во лајф стрим на Facebook, каде што сите гледаат како убаво си поминуваат и коментарите на сликите се: NE NI MOZE NIKOJ HEHE.

Мажите се собираат некаде во некое поефтино место во градот каде што локаат евтини жестоки пијалоци и шатови и замараат да им пуштат некоја песна. При тоа повеќето од нив седат на Facebook и лабаво си коментираат со другите луѓе, како да не се излезени, иако сите се чекирани каде се.

Девојките потоа земаат едно такси, бидејќи се девојки и можат да идат 5 во едно исто, и одат до дискотеката каде се договорени. Се истоваруваат, си ги местат миничите и ја гледаат огромната гужва пред дискотеката. Поминуваат при неколку мажи кои им упатуваат неколку сељачки коментари и девојките застануваат во ред.

Мажите пристигнуваат пред дискотеката малку покасно бидејќи не ги пуштиле во едно такси, а за две немаат доволно пари, зашто сепак ќе дадат милион денари за алкохол и други работи. Се поздравуваат со сељаците кои ги коментираат девојките, го гледаат големиот ред и решаваат сепак да одат да јадат нешто додека се исчисти гужвата.

Девојките по само 4 минути влегуваат во дискотеката, бидејќи едната од нив се знае со еден од ќелавите чувари кој сака да ја ебе, а таа не му дава, но си го чува во недоумица за да си добива директен влез во дискотеката. Поминуваат низ редицата и си фаќаат сепаре.

Мажите го дојадуваат хамбургерот и доаѓаат кон гужвата. Не ги пуштаат и треба да чекаат.

Девојките нарачуваат коктели и им ги носат по неколку минути. Во позадина се слуша најновиот микс на некоја песна на Ријана. Девојките молчат и едната се пушта на Facebook.

Мажите уште чекаат надвор. Ја пушат втората цигара. Сељаците исто застануваат во редот.

Девојките се уште молчат и набљудуваат што се случува. Едната од нив веќе има напишано на Facebook каде се.

Мажите некако успеваат да влезат, откако се избуткале во гужвата. Влегуваат во дискотеката со кренати гради и бараат плен. Застануваат во едно ќоше во преполната дискотека и нарачуваат по едно пиво.

Девојките го нарачуваат третиот коктел и се уште немаат кажано ни збор, иако на Facebook имаат напишано веќе двоцифрен број на коментари. Некоја глупачка се ставила во врска.

Мажите ги забележуваат девојките и планираат да им се приклучат.

Девојките со поглед и подбивна насмевка го одбиваат пристапот на мажите. Четвртиот ремикс на хитот на Ријана е во позадина.

Мажите се враќаат назад и пробуваат на други девојки, но секако бидејќи се петорица, изгледаат доста застрашувачки за секоја девојка.

Девојките го допиваат коктелот и решаваат да си одат дома. Среќа имаат пари за такси, еден дечко ги частеше сите нив една рунда. Каков сељак.

Мажите решаваат да си одат дома со ноќен автобус, бидејќи тешко некој да ги пушти сите во едно такси.

Девојките пристигнуваат дома, пишуваат статус како си поминале најубаво и како нема вистински мажи во градот. Си легнуваат да спијат.

Мажите пристигнуваат дома, мастурбираат на помислата на девојките и заспиваат.

Е тоа е ноќниот живот во Скопје.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.763
Поени од реакции
14.028
@mute

Што е со луѓето кои во вечерните часови играат фудбал, после или пред играње се сликаат и ја става батката што го следи натпреварот на фејсбук сликата... за да после време коментираат со најсилните супер лативи? :eek:

Се е ова зависи од човекот како ги перцепцира работите и околината што го опкружува. Некој сака да има побогат фејсбук со слики, некој не. Мене не ми се допаѓа некои личности што ги знам во живо какви се, а како се преставуваат на фејсбук, преку слики, коментари и понашање. ...

Што значи се зависи ти како ги перцепцираш работите и кои се твоите поставени граници на нормалата.
Си ми ја утнал поентата, не ми беше поентата за какви се луѓето на фб и во живо.
Зборам за тоа како поголемиот дел прават некој работи што не им се допаѓаат но во оптшеството е тоа прифатено како ''кул'', и само за да не бидат етикетирани како не ''кул'' прават работи што не се по нивни вкус. Каде е тука автентичноста, сите ли ќе бидеме исти, сите ќе слушаме иста музика ? Чист пример за ова е примерот што го дадоа со концертот, свирка.. што и да е. Оди на свирка не дека му допаѓа тој бенд/пејач, седи како муле некое и после вика ауу најтоп си поминав. Како бе најтоп кога си седел в'кош и си чекал да заврши и да си одиш дома ? :D
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Eдноставно е.

Порано кога беа оние старите фотоапарати, сликите се правеа за да останат во спомен, значи да се исцрта тој момент на доживување.

Сега сликите се прават со задна мисла. Се прават за куромерења. Колку шишиња пиво/вино/шток/мок има на масата, колку се изело скара, кој која пичка гушнал, кој какво сакоФце купил и така натака. Ваквата припрема го истиснува доживувањето. Фокусот се поставува во екстериерното, а не ентериерното, внатрешното.

Кога ќе се стремиш кон западњачка динамика, со ментална склопка на инфантилен дегенерик, добиваш фина раскалашеност на подолг рок.

Јас сум од Прилеп и никогаш ама баш никогаш не сум влегол во ВИП (единствен ноќен клуб). Зошто? Оти сум немал потреба некој шабан со 8-мо да гледам како изигрува шериф и ги мери луѓето како лубеничиња(женските се круши, нели со претпоставка да бидат заоблени од половина надолу, во миничите). Плус не гледам никаква радост и исполнување да присуствувам на забава каде како што спомнав погоре, народот не излегол да се ижурка, туку да обележи вештачка радост кроз слики, клецој, Бруно Марс.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Аи, почнаа да се чекираат и во кафани...:eek:
Да е само кафани , гледање филм , јадење и се што можеш да замислиш ,абе одат у дискотека и вадат телефоните и прават моабет со тие што не дошле со нив :Срцка зш не дојде топ е тука мн добро си поминуваме kiss :*** Абе жива болест им е ова незнам што е со луѓево . Да излезам од дома за да чекирам,сликам ,тагнам итн за некој лајк на фб :facepalm: Владата во Америка викаа направиле програма за следење на секој чекор кај нас фб е напревен за тоа не треба да се програма кај нас отвориш фб и знаеш сите што правеле , да не ти раскажувам за чат што сум читал .
 
2

~2A

Гостин
Си ми ја утнал поентата, не ми беше поентата за какви се луѓето на фб и во живо.
Зборам за тоа како поголемиот дел прават некој работи што не им се допаѓаат но во оптшеството е тоа прифатено како ''кул'', и само за да не бидат етикетирани како не ''кул'' прават работи што не се по нивни вкус. Каде е тука автентичноста, сите ли ќе бидеме исти, сите ќе слушаме иста музика ? Чист пример за ова е примерот што го дадоа со концертот, свирка.. што и да е. Оди на свирка не дека му допаѓа тој бенд/пејач, седи како муле некое и после вика ауу најтоп си поминав. Како бе најтоп кога си седел в'кош и си чекал да заврши и да си одиш дома ? :D
Не ти ја утнав.

Не бе, онака ти велам. Или па можеби навистина ја утнав затоа што мене фејсбук профилот ми брои пријатели кои повеќето ги знам, а не да имам 2-3 илјади пријатели па да манијачам и да хејтам некој што праел и како.

Како мал не ти велеа домашните, колку носат пари другарите и ти толку и до колку се пуштени толку и ти?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom