Ноќна фотографија (ваши дела)

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.943
Баш би сакал да знам, ама никогаш нема да дознаеме...
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.665
Поени од реакции
13.902
Од автобус.
1.jpg 2.jpg
Е оваа не е од автобус. :D
3.jpg
Оваа едно време ми стоеше на Хи5. Најверојатно е од 2009. Којзнае како преживеала до сега... и со кој шпорет е сликана.
5.jpg
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
956
Поени од реакции
1.289
Јас сум голем фан на ноќната фотографија и имам цело купиште ноќни слики за споделување(y)

Aperture 1.8, Shutter speed 1/5s, ISO 6400
 
The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
956
Поени од реакции
1.289

Aperture f/1.8 Shutter speed 1/15s ISO 400

П.С. Беше -7 кога сликав. Бев без ракавици и едвај успеав да го притиснам копчето за сликање:)
 
Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
33.730
Поени од реакции
26.462
Браво за храброста @The Love Doctor :)
Не знам што апарат имаш, ама избегнувај да фоткаш на премногу ниски температури. Особено ако го вадиш апаратот од релативно потопла торба, без да му дадеш време да се аклиматизира. Инаку, што се однесува до фотката, не ме бендисува аголот од кој е направена. Си можел да и дадеш повеќе динамика (на пример, да се спуштиш на ниво на муцката на бикот и да дојдеш малку од страна) и да го избегнеш „Пеко“. Види како се мешаат неонските бои од излогот кои маваат на сино и жолтата боја од десната страна... :)
 
Ми беше премногу ладно кога ја сликав таа слика и гледав што побргу да ја направам фотографијата пред да ми смрзнат рацете и не внимавав што е во кадар а што не, истотака брзината на сликање 1/15сек. ми е доста брза за ноќно сликање бидејќи ми се тресеа рацете кога ја сликав сликава. Кога сликам ноќно време најчесто сликам од 1/4сек до 1/10 сек за да го сведам шумот на минимум. Ноќниве слики ги праам со едно мало апаратче за кое не треба торба Sony RX100 (mark 1). Апаратчево е ситно но динамитно:)

Фала на критиката, јас не сум профи фотограф и со фотографирање се бавам чисто онака аматерски.
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.239
Поени од реакции
4.413
Хепа затоа имаш постпродукција, ако нешто си утнал при фоткање да можеш колку-толку да исправиш :)

Инаку прва ствар што научив кога отидов на курс по фотографија е „пази што ти влага и излага од кадар“ :)
 
На врв Bottom