Нотарски испит

Член од
23 јануари 2015
Мислења
15
Поени од реакции
5
Колеги,
би сакале ли да споделите искуство тие што веќе имате полагано нотарски испит?
Дали можеби има некој од вас што го подготвува во моментов, или размислува во таа насока за некоја од наредните сесии?
 
Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Јас полагав, ама пред две години. Комисијата мислам дека сеуште е иста.
За делот за нотаријатот и делот за кривично право е Лидија од Министерство за правда, граѓанско е Гале Галев, а трговско е Сафет Кадриу. Јас го положив од прва, дека претходно полагав и правосуден, па ми дојде истиот материјал.
Писмениот дел е тежок, обично даваат некој договор, но Лидија е голем буквалиста и бара ептен по шаблон да е напишан, значи и најголеми ситници ко страна 1, страна 2 ги посочуваше како грешки. Мене ми се падна Нотарски акт - договор за залог врз подвижен предмет - регистриран залог. Даваат два акта да си избереш еден, ама во објаснувањето ти е прераскажан цел случај. Кај мене беше лицето А сака да купи ново возило, за кое зема кредит од банката, а возилото го става под залог.. Другиот случај беше Нотарски акт- Договор за распределба на имот за време на живот, имаше објаснување во стил лицето А имало сопруга и три сина, па сакал да го распредели имотот за време на живот само на 2ца од синовите.
За усниот дел, се се полага во еден ден во една просторија, комбинација не влечеш, они ти поставуват три прашања.
За делот на Лидија - иако е најмал и најлесен посвети поголемо внимание, зошто ко што пишав и претходно, жената е буквалист и бара апла како од законот. Обично паѓаат 2 прашања од закон за нотаријат и едно од кривично. Поставува и потпрашања. Мене ме потпраша кои се најновите измени во нотарјатот, тогаш беа извршувањата, па после ме прашуваше за уписникот, цел назив, па скратен назив, па како се потполнува итн.
За делот кај Гале Галев - иако пообемна и далеку потешка материја, доста порелаксирано. Треба знаење несомнено, ама не е буквалиста човекот. Мене ми падна едно прашање од Наследно право- своерачен тестамент, едно од облигации- цесија и едно од стварно - етажна сопственост. Исто така поставува потпрашања.
За делот кај Сафет - нешто слично како кај Гале Галев. Едно прашање трговски, едно извршна и едно вонпарнична мене ми се паднаа.
Се на се, процесот на учење е тежок, а самиот испит е порелаксирачки од правосудниот во тоа време. Не дека е полесен(исто е, материјата е таа), но самиот начин на спроведување на испитот е подобар, бидејќи нема многу студенти, па не чекаш со часови, да отидеш во 10 а да полагаш во 6 вечер.
Се надевам дека ти помогнав, за се што те интересира подетално слободно прашај. Поздрав :)
 
Член од
23 јануари 2015
Мислења
15
Поени од реакции
5
Ми помогна и тоа многу со исцрпниот одговор. Фала ти :)
Имам идеја за јунска сесија, во прилог на тоа е и мотивацијата во твојот одговор, па ќе почнам да учам поинтензивно следниов период, се надевам.
 
Член од
2 јуни 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Убаво доловила колешката Ines R но сега е сменета комисијата и ако има некој којшто полагал или има намера да полага го молам ако има некои сознанија да каже како оди полагањето.
Друго ме интересира каде во Апелација се одвива полагањето на кој спрат и во која просторија доколку некој знае?
Дали еден по еден влегуваме за испрашување или ?
Ве молам доколку имате инфо. пишете!
 
Член од
20 декември 2014
Мислења
10
Поени од реакции
3
Колеги доколку има некој подетална информација во врска со комисијата и кои нотарски акти е потребно да се спремат за практичниот дел, плс нека ја сподели :)
 

Ibrakadabra

Wimoweh, wimoweh...
Член од
17 јуни 2007
Мислења
1.650
Поени од реакции
702
Ме интересира дали некој ја има книгата „Облигационо право“ ама во електронски формат? Или пак скрипта некоја?
Се работи за полагање на нотарски испит, па ако некој го спремал, или налетал на нешто вакво, фино би било да сподели. Или ако сте има скрипта со прашања...

Во некоја од копирнициве низ градов да не може да се најде нешто вакво или одговорени прашања?

Не се работи за мене лично, така да коментарите од типот загреј столче а-у, ве молам да ги изоставите.

Фала
 

Kajgana Shop

На врв Bottom