Деновиве заверував некој документи кај нотар,за вадење имотен лист за стан.
Однесов што побара од документација од мене,и побара 15.000 денари.
Си платив(не добив никаква потврда или фискална сметка),така работел и со
другите муштерии изгледа.Потоа рече дојди за 10-ина дена по документите.
По две недели ги земам документите готови,само ми ги подадоа и ај Чао.
Дома ги разгледувам и на крај на последниот лист-документ читам:
Нотарска награда -10.000денари. Во ред. И на еден печат стои такса 500 ден.
Во ред. Но каде отишле другите пари.Ви се случило ли и вас ова.
За тие пари некој работи половина месец,а некој и цел.
Кој ја одлучува цената на нотарската награда.Не за препис или заверка.
На пример за нов автомобил.прво ќе те одерат со промена на девизите,
потоа обавезно Каско,а потоа ти помагаат:Оди кај овој нотар завериго Каското.
И одиш и оп пак дерење до кожа.Таа заверка ќе те кошта 15.000 денари.
Пази некој процент земаат од вредноста на Колата,Станот,Земјиштето и т.н.
Во болдираното лежи зајакот...
Зошто наплатуваат според утврдена пазарна вредност на недвижноста...односно вредноста на нотарскиот предмет....
Секаде лапаат процент и во општина,доколку се работи за данок на промет,согласно ова и нотарот си одредува тарифа...
Е сега во случајот морало да ти се издаде фискална,треба да го пријавиш....
Исто
е и со адвокатските маркички...
Сега ги заебаа адвокатите,зошто мора да ја пријавуваат секоја сума која ја добиваат од клиентот,не само приходите кои им следуваат од решенијата за трошоци издадени од судските органи.....
Порано беше рај...договори се со клиентот
АКО ГО ДОБИЕМЕ ПРЕДМЕТОТ ДЕЛИМЕ ФИФТИ-ФИФТИ....плус овие пари,плус парите од трошоците.....
Башка сите пари шо им се исплаќаа не се оданочуваа...си наплаќаа пари од ракав....
Затоа и протестираат сега...им го ебаа филмот....тотално безредие владее....странките плаќаат а судките предмети се заглавени во правните лавиринти....адвокатите лапаа/т пари за секое рочиште и вака се тера многу време....
Еднаш треба да се воведи ред...да се знае зошто се дава услугата,да се наведи на писмено колку чини секоја услуга шо се пружа.....плус да се оданочи се....
Досегашниот систем е направен за да лапа пари од граѓаните...
Пред секое судење бараат задолжително плаќање на судската такса,а потоа предметите се шетаат од основен суд до апелација и назад.....
Граѓаните плаќаат,мора да платат зошто без пари ништо не се брка работа,а за возврат не добиваат многу...(под многу мислам на навремена услуга од нотари,адвокати,судови)...