Норвешка сака да и подари планина на Финска

Дискусија во форумот 'Вести и случувања' започната од Maturant666, 18 декември 2015.

  1. Maturant666

    Maturant666

    Член од:
    4 јуни 2015
    Мислења:
    84
    Допаѓања:
    43
    http://edition.cnn.com/2015/12/18/europe/norway-mountain-gift-finland/index.html

    Група на норвешки граѓани покренале кампања за промена на државните граници, барајќи да се отстапи еден планински врв на Финска како подарок за нејзината 100 годишнина, иако станува збор за мала територија сепак е интересно, каде за разлика од кај нас на балканот крв би паднало за вакво нешто :)
     
    На Borg_Drone, Elena Salvatore, Ilumious и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. whatto

    whatto

    Член од:
    26 јуни 2013
    Мислења:
    1.648
    Допаѓања:
    4.818
    Нема ништо чудно ние и ја подаривме цела западна македонија на нашите браќа ...
     
    На Igorcemk, Gogi-ManUtd, Donald Sikert и уште 19 други им се допаѓа ова.
  3. The_Red1

    The_Red1

    Член од:
    18 септември 2009
    Мислења:
    4.131
    Допаѓања:
    4.717
    Нцук.
    Едно е да ти ја земаат друго е да им ја подариш.

    За демаркацијата со Косово (повторувам, демаркацијата) ембарго имаше ако не грешам, а не планина ќе сме дале/ќе ни даделе.
     
  4. Maturant666

    Maturant666

    Член од:
    4 јуни 2015
    Мислења:
    84
    Допаѓања:
    43
    Не би било лошо некој од нашиве соседи да ни даде (врати) некоја наша територија.
     
    На Gosh, Curious и cige им се допаѓа ова.
  5. PsychoalieN

    PsychoalieN Омлет мастеР

    Член од:
    12 јули 2009
    Мислења:
    1.599
    Допаѓања:
    1.311
    Аха со задоволство би ни вратиле се што е наше дури и би не прашале дали сакаме малце повеќе, некој рид плус. Соседи... со Бугарија потпишавме договор за добрососедство иако не ни го признава јазикот, Грција не обвинува дека сме имале територијални претенции кон нив , Србија почна да ни го потпикува за Косово, Албанија не не признава ни како држава ни како нација... Тие горе ќе си подаруваат и планини и територии затоа што ниту Шведска ниту Норвешка, Финска, Данска не виделе војна повеќе од два века, за разлика од нас.
     
    На Идиот на Социјализмот му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iceman.

    Iceman.

    Член од:
    1 мај 2015
    Мислења:
    466
    Допаѓања:
    636
    Kolku sto se sekavam nie na Hunzute im podarivme zemjiste.
     
    На arakenx му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Clen 7

    Clen 7 Од Форумот

    Член од:
    5 јуни 2007
    Мислења:
    2.829
    Допаѓања:
    347
    И Грција сакала исто за нашата 100 годишнина да и подари остров на Норвешка.
     
    На Ilumious, Colt Willcox и filoksenos им се допаѓа ова.
  8. filoksenos

    filoksenos

    Член од:
    23 март 2011
    Мислења:
    778
    Допаѓања:
    588
    Вие па сега многу сакате, што да ви подарат муфтаџии едни... Кога летувате на Јадранот - на нашето море си бевме, Кога летувате на Егејско - исто. А се лутите што Бугарите одат на нивниот Охрид.

    Sent from my 6036Y using Tapatalk
     
  9. Goxyto

    Goxyto #FinoAllaFine

    Член од:
    31 јануари 2010
    Мислења:
    2.358
    Допаѓања:
    2.341
    Кајгана. Место каде шо у секоја тема мора да се најде причина за лошите односи со нашите соседи. Дали тоа било Косово, Србија, Албанија, Бугарија или Грција. Никој не се обидува да даде свое мислење за темава.
    Мислење за тоа зошто Норвешка и' останува дел од својата „територија“ на Финска.
    Зошто у наводници?
    Затоа шо таа територија е уџум далеку. I haven't made my research, yet, али мислам дека у близина на тој дел шо го нудат на Финците, нема некое населено место. Значи тоа место е пусто. Планина. Планински врв. Кому му е потребен тој дел, реално? Никому. У близина нема поголема населба, како шо е Пониква - Кочани, Шапка - Тетово, Пелистер - Битола и други кај нас. Така да трошоците за да се отиде горе и да се одржува тоа место најверојатно се доста високи. Сеа ќе улета некој и ќе каже ама Норвешка богата, нафтата е на народот ау бау... Сè океј тоа ама па.
    Како и да е, ние, како МАЌЕДОНЦИ, оваа вест треба да ја сфатеме како новост и случка која се случува у светов. Ама, за жал, нема тоа да се случи туку ние мора и преку овој настан да најдеме зошто Грците ни сметаат.

    :roker:
     
    На Curious му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Curious

    Curious пичкин дим

    Член од:
    24 јули 2007
    Мислења:
    1.607
    Допаѓања:
    1.814
    Абе сите тие само чекаат да наполниме стогодишнина од независност и сите територии ќе ни ги вратат :D
    Ајт ти, ене ја кај е 2091.
     
    На filoksenos му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Strider

    Strider

    Член од:
    28 мај 2008
    Мислења:
    3.234
    Допаѓања:
    4.096
    За стогодишнината од поделбата на Македонија ни ги вратија окупираните територии, а за стогодишнината од осамостојувањето на Македонија ќе ни ги дадат сите територии Александар шо ги освоил.
     
    На Branchez и Curious им се допаѓа ова.
  12. Кеплер

    Кеплер ▄︻̷̿┻̿═━一

    Член од:
    14 јануари 2015
    Мислења:
    2.623
    Допаѓања:
    2.848
    Не верувам дека ќе дочекаат нашите потомци таков настан, можеби ќе спомнат дека требало на тој и тој ден да има таков настан, доколку останела како држава.
     
  13. Клипче

    Клипче Модератор

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    9.743
    Допаѓања:
    22.418
    Norveska mene da mi podari profi rabota i stan cim e tolku darezliva nema da e losho xD
     
    На Рудници и, wot, ILIJA_NEO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  14. Samurai_Sk

    Samurai_Sk

    Член од:
    6 јули 2014
    Мислења:
    861
    Допаѓања:
    712
    Балкан, омраза невидена само се прашувам еве да речеме ке ги бркаме албанците, србите, ромите ке останеме само ние ке почнеме меѓусебно да се тепаме сме наушени животот да го сфатиме омраза за жал, дечково дава информација за нешто позитивно одма темава оди во друг правец за секој тема мора фобијата наречена албанци да биде вмешана.
     
  15. Riki_AMG///

    Riki_AMG/// Kajgana's Heroj Ulice

    Член од:
    28 ноември 2010
    Мислења:
    2.677
    Допаѓања:
    1.734
    Дури чудно да ти падни кога ќе прочиташ вака....

    Јас навикнат одсабајле
    пуштам ТВ "СДСМ криминал" "ВМРО-МВР" "Грујо-Хитлер" "Заев-Сорос"

    Ајде си викаш нема аир од ова дај да видам на интернет шо има нешто Фејс, Вести ова она и пак...

    "ИСИС со закана за Балкан" "Нукеларка на Турција" "Новото оружје на Путин (ВИДЕО)" "ИСИС обезглави вработен на бензиска пумпа (ВИДЕО +18).

    и наеднаш читаш вакво нешто и си викаш па овие не се салам се собрале и ќе се прават добри кога онака цел свет е отиден на лошо. Не ги личи искрено подобро ќе беше да направат петиција да им земат земја некоја која била нивна пред 100.000.000 години.
     

Сподели преку: