Нов Youtube канал

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Здраво луѓе, сакав да го споделам со вас каналов за гејминг кој штотуку го направивме со еден пријател. Ако ви се допадне се разбира суб и лајк, ќе гледаме да сме редовни и што подобри. Ве молам, напишете искрени забелешки (ако ги има) како и совети бидејќи сепак сме нови во ова и би ни направиле голема услуга за да станеме попрофесионални.
Извинете за звукот што не е многу квалитетен, ќе набавиме подобри микрофони за следното видео како и подобар рендер сетинг.
Поздрав :)
https://www.youtube.com/channel/UCUN7ttjr7ViLImvieM5g_qw
 

RickyLFC9

Модератор?
Член од
28 март 2012
Мислења
17.030
Поени од реакции
34.311
Пред да почнеш со рекламирање, направи неколку видеа од неколку игри, не едно од една :)
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
29.811
Поени од реакции
41.472
Која треба да е поентата на видеото?
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Вака луѓе, очигледно не ме сфативте што сакам да направам. Не мора веднаш со хејт коментари.
Прво, Рики, поентата ми беше токму ова што го добив од вам. Реакција и мислење за ова што планирав да го правам во слободно време летово. Дали ќе биде добро/лошо сеедно, ми требаше feedback за да видам дали да продолжам со ова или да не губам време.
LightWeight ...
Донев, поента ? Зошто да има поента? Дали видеата на било кој YouTube-ер (гејмер) има некаква поента ? Не, ги прават луѓе, гејмери, што сакаат некако да го искористат тоа што гејмаат, некакво хоби со кое ќе си го пополнат времето.
Ми требаше искрено мислење од вас, и го добив.
Conclusion ? Да не губам време на подобрување на квалитетот и квантитеот на видеа, туку да прекинам.[DOUBLEPOST=1402070042][/DOUBLEPOST]https://www.youtube.com/watch?v=X0PJ6xmDTAk&list=UUwwUqRfbNTwpGNk9gxiEe0w еве ви попрофесионална алтернатива, која не е хејтана.
 

Донев

Модератор
Член од
9 мај 2008
Мислења
29.811
Поени од реакции
41.472
@TheTimi
Не знам за други вакви, не сум ни гледал вакви видеа. Зошто? Што ми нуди видеото? Пола саат да седнам и да гледам како некој си игра некоја игра и збори нешто, а добар дел од времето се глупира. И зошто да изгубам толку време на тоа наместо да земам јас да си играм?
Затоа не ја сфаќам поентата на вакви видеа. Со која цел би биле снимани? Секако, за некој да ги гледа. Ама што ќе се понуди во видеото за да го привлече моето внимание и да имам некоја корист од тоа што сум го гледал на крај.
 

TheTimi

Veni Vidi Vici
Член од
11 јануари 2010
Мислења
768
Поени од реакции
37
Се е релативно Донев и зависи од тоа како гледаш на работите, во овој случај да ја земеме забавата. Што претставува за нас забавата, со што ли ќе го исполниме тоа време (за забава) за максимално да бидеме задоволни од неговиот конечен производ. Секој има различни одговори за овие прашања. Искрено и јас сум човек што го дели истото мислење како тебе, многу ретко се случува да седнам и да гледам како некој YouTube-ер гејма нешто, кога нели можам и јас истото да го правам. Но според сегашните статистики за YouTube, најпознатите канали се токму за такви, time-wasting работи, главно за гејмање, без никаков исход од истите. Но кога ќе размислиш кој ли е исходот од твоето гејмање, тоа што нели ти ја играш играта. Се осеќаш задоволено, забавно ти е, но всушност што правиш ? Губиш време. Истото што го прават и тие 2700000 луѓе што ги следат pewdie, frankie, markiplier и кој се не. Поради тоа не можеш така да оценуваш, според мислењето кое го делиме за оваа тема, кога моментално во ова време кое живееме продуктите што општеството ни ги нуди се се повеќе и повеќе за губење време.
 
На врв Bottom