Нов рекорден хиперсоничен лет

  • Креатор на темата ^X^
  • Време на започнување

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Експерименталниот авион X51 постави нов рекорд. Неговиот хиперсоничен лет траел 3 минути и 20 секунди, при што постигнал брзина од 6 маха. За постигнување на суперсонични брзини се користат ткн. Scramjet мотори.

Предходниот рекорд е оној од 2004 година, на X43 чиј Scramjet мотор работел само 12 секунди пред авионот да се сруши во Пацификот.
http://www.pcmag.com/article2/0,2817,2364269,00.asp
 
Член од
6 јануари 2008
Мислења
1.895
Поени од реакции
717
Каде е типчето што рече дека авионите летаат бавно кога се горе во небото да видиме што ке каже во врска со ова :) :pos2:
Иначе 6 маха во км/ч колку е? :)
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Каде е типчето што рече дека авионите летаат бавно кога се горе во небото да видиме што ке каже во врска со ова :) :pos2:
Иначе 6 маха во км/ч колку е? :)
Грубо кажано околу 6 700 кимотетри на час.
 
T

Tetro

Гостин
Каде е типчето што рече дека авионите летаат бавно кога се горе во небото да видиме што ке каже во врска со ова :) :pos2:
Иначе 6 маха во км/ч колку е? :)
Грубо кажано околу 6 700 кимотетри на час.
попрецизно
1 mach = 1225 km/h
6 mach = 7350 km/h
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.065
Поени од реакции
4.715
Бавно е. Ракетите кои одат во вселената патуваат со брзини поголеми од 28 000 км/ч.
Сепак главната цел е да се постигне што поголема брзина на што е можно пониско. Атмосферата, т.е. триењето со атмосферата предизвикува голема топлина врз леталото, а и звучната бариера преставува проблем. Исто така управувањето на толки брзо летало е скоро невозможно при такви брзини. Засега.
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Рекордот повеќе се однесува на времетраењето од 3 минути и 20 секунди и на тоа што користи Scramjet, а не ракетен мотор.
Предходно се постигнати поголеми брзини кај авионите и тоа со пилот, како X-15 North American, кој што во 1967 постигнал 6,7 маха но користел ракетен мотор.

Потоа X47 кој исто така користи Scramjet погон, 2004 година постигнува уште поголема брзина од 9,8 маха, но моторот работел само 12 секунди.

И зошто овој Scramjet погон е толку значаен? Едностанно за согорување го користи кислородот од атмосверата, но согорувањето се врши при надзвучна брзина на воздухот за разлика од класичниот Ramjet мотор. Дури постоеше и проект едно време за мотор кој што ќе работи комбинирано во Ramjet /Scramjet режим...
Сонот е да се постигнат на овој начин брзини од 20+ маха со што би се постигнала орбитална брзина. Таквите летала се познати како аерокосмоплани а би можеле да летаат и во орбитата и во атмосверата и со нив патувањето во вселената би било многу евтино и секојдневно.
 
Предноста на леталата со Scramjet мотори е тоа што (нели за развивање големи брзини) не мора да носат дополнително гориво. Пример, ракетите 95% носат гориво кое го трошат за 3 минути, а најмногу место во резервоарите зафаќа токму кислородот.
Со подобрување на Scramjet моторите, трошоците за гориво, а и за делови на леталата што одат во вселената (сите ракети што одат во вселената се состојат од степени што ги исфрлаат) ќе се намали драстично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom