CafeDelMar
Luminance
- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 6.505
- Поени од реакции
- 14.691
Нов пункт за бездомници во Момин поток. Овој центар ќе работи само во петок, а луѓето кои живеат на улица ќе можат да добијат храна, лекарски, психолошки прегледи и совети.
Ќе можат да се избањаат, да земат чиста облека, да се потстрижат, да се избричат. Сите овие услуги ќе им ги пружат волонтери на Црвениот крст.
„На територијата на град Скопје, според наша евиденција, има 300 луѓе коишто се бездомници и очекуваме дека секој петок ќе можеме да опслужуваме 30 до 50 луѓе“, изјави Сузана Тунева Пауновска, Црвен крст на град Скопје.
„Во зависност од тоа како ќе се движат тие бројки, ќе се наметне и системот на работењето на пунктот и можеби ќе се отвори да работи и повеќе пати во неделата“, додаде Тунева Пауновска.
Црвениот крст пунктот за бездомници го отвори во соработка со „Космофон“.
„Она што е битно е дека треба да дојде таа помош таму каде што е потребна. Бидејќи се работи за пилот-проект, дел од средствата се дадени за функционирање и изградба на овој пункт во првите шест месеци, а понатаму имаме план, доколку тоа се покаже како потребно, да се отвори уште еден пункт“, рече Емилија Трајковиќ Христова, „Космофон“.
Ова е прв центар од ваков вид во регионот, а освен луѓето од Црвениот крст, во него можат да работат и други волонтери.
Извор А1 телевизија.
Ми беше мило за овој пилот проект ,сепак на некој му текнува дека постојат луѓе во државава на кои многу малку им треба за да им заблеска насмевка на сите тие уморни лица.
Затоа сакав и вие да го прочитате.