Нов луд закон “Забрането сушење гаќи“

  • Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Од идиоти што не разбираат разлика меѓу упатство и закон, од обврска до препорака, ми се повраќа.
Тоа ти се типични гомнојадачи. Ако не разбираш, што воопшто коментираш? Оти јас не коментирам у теми за спејсшатлови?
Паника кренавте за гаќите, а пола од сите тука ни перете ни спружувате, а добар дел и не носите гаќи. Ама....за јадење први сте.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Италија
и тоа минатиот месец оваа година:P

ееееееееех Македонијоооооооооо :mad: без потреба ствараш револт кај народот
аман веќе со налудничавиве закони- кога и самите кои ги измислиле и изгласале -НЕ ГИ ПОЛИТУВААТ- а ЗОШТО па ние?????? да не случајно таквите закони мислите дека ќе ви ги отворат влезните врати на ЕУ???
ДАЈ не се лажете ни себеси ни народотo_O
Прајте и работете за ДОБРОТО НА оваа држава и овој народ
бар репер нек ви е гејлада

 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Ништо не е ова. Само загревање е ова со гаќите. Уште колку убави закони може да се донесат. Животот нуди недобројни можности и поводи за носење било какви закони во било кое време, а се` за доброто на нашиот народ, на нашата држава, а богами и на нашата владејачка гарнитура. За позитивните ефекти што би биле предизвикани надвор, во ЕУ и НАТО, не треба ни да пишувам. Вака се гледа дека сме спремни за таму, дека не бива, дека ем знаеме, ем умееме, ем можеме.
Еве уште неколку идеи кои би требало да бидат законски регулирани и некако оданочени
- Закон за немање деца
- Закон за имање деца
- Закон за одржување споменици
- Закон за оданочување сиромаштија
- Закон за дополнително финансирање на сиромашните пратеници, политичари
- Закон за плаќање такса за Сител (или Алфа, кој како ќе начека на следните избори)
- Закон за оданочување на неносење кече
- Закон за хуманитарна помош и соучество во плаќањето сметки на сиромашното население во западниот дел на Македонија
- Закон за оданочување на просечен и натпросечен IQ (се утврдува по тестирање, кое оди на сметка на тестираните,а ДДВ да се пресметува по висината на IQ изразена во проценти, а да се плаќа месечно се додека не се добијат резултати во рамките на предвиденото од законот - се смета дека од овој закон не би донел некоја значајна финансиска корист, па можеби и не би се гласал)
- Закон за оданочување на пензија
- Закон за финансирање на МПЦ и ИВЗ (предвидено е извлекување на МТВ, во кое извлечениот ќе ја има честа да биде жирант за најновото возило на Архиепискот Охридски и Македонски)
- Закон за болест (болниот е на товар на државата, фирмата и семејството, тоа не може да се толерира)

Ете, и ова не е ништо. Длабоко сум убеден дека само на форумов ќе се најдат многу со поинвентивни и покреативни решенија, а се во прилог на нашиот натамошен развој.
 

FrokiMaggotRebel

Угален домашен мачор
Член од
9 април 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
во гејлада и во Швајцарија се специјално градени зградите (простор во средина) за да можат да си ги сушат алиштата.
Инаку - глуп си е законов- ама ајт МОРА од некаде да почнат:icon_mrgr:
Најновите европски закони би требало да одат во склад со развитокот на дражавата.
Исто така и во склад со развитокот на културата, во која што патем сме тешко осакатени од бесконечната транзиција.
За нејзе е потребно време и пари. ) на пример ќе им требаат пари на луѓево да изградат втор балкон, да купат сушална и т.н и т.н....)

чоече старите згради кај нас у куманово имаат изградено сушални незнам за по другита градови на најгорниот спрат има сушални за целата зграда иако тие станарите со станот до сушалната си го превземаат тој простор уште од одамна
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.779
Поени од реакции
8.336
Хехехе, само советодавна норма али случајно ке се казнувало ако некој не го слуша советот?

Се пишманиле гаќемрзците во власта па сега мачкаат очи.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
чоече старите згради кај нас у куманово имаат изградено сушални незнам за по другита градови на најгорниот спрат има сушални за целата зграда иако тие станарите со станот до сушалната си го превземаат тој простор уште од одамна
и што со тоа што имало сушални, кога сега ги немате - ко што кажа самиот некој си ги заградил и сега си се негова сопственост- тоа е исто ко да ги немало
 

Joe_Satriani

Dream Theater Fan
Член од
30 ноември 2009
Мислења
79
Поени од реакции
106
Не сум ги читал многу другите постови ама што знам не дека е лош законот туку ние немаме услови за да го спроведеме, да имавме големи куќи и станови, а најбитно пари ќе си направевме по 1-2 квадрати простории за сушење на нашите алишта ама ние немаме така да сега за сега не се согласувам со овој закон. :):)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Конечно госпотски

Нов комунален ред за жителите на Скопје
Станарите чии тераси гледаат на улица или кон некој плоштад, на жиците и оградата не смеат да простираат алишта, завеси, постелнине и теписи, предвидува новата Одлука за комунален ред на Град Скопје.
На терасите, исто така, не смеат да се оставаат предмети со кои се нагрдува изгледот на објектот, како на пример стари плакари и стари апарати за домаќинство, да се гледаат тегли со слатко, ајвар, обесени сушени пиперки, а граѓаните не може ниту да интервенираат на фасадата по сопствено убедување и без одобрение од надлежен орган, пишува Дневник.
На прозорците, балконите, терасите или на оградите може да чуваат само саксии со цвеќе и други растенија, но само ако не го оштетуваат објектот и не влијаат на безбедноста на граѓаните и на сообраќајот. Ако терасата е натрупана со стар мебел и апарати, комунален инспектор со налог може да го натера сопственикот да ја исчисти.
Kонечно, градската власт го регулира и проблемот со клима-уредите и од ова лето течноста од нив не смее да капе на надворешните делови на самиот објект или на соседен објект, ниту директно да се излева на тротоар.
Истите прописи ќе важат и за дворните површини во куќи и во згради, кои се со поглед на главна улица, булевар или плоштад.
- Не е дозволено сушење алишта, тревата не смее да биде повисока од 10 сантиметри, не смее да се засадуваат овошни дрвја чии плодови ја валкаат јавната површина, а гранчињата на украсните и џбунести растенија не смее да ја преминуваат регулациската линија на јавната површина и да пречат на безбедноста на сообраќајот и движењето на луѓето - се вели во Предлог-одлуката за комунален ред во метрополата, која во среда ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје.

Во врска со фасадите од згради и куќи, интервенциите се строго регулирани и со закон, но и со оваа предлог-одлука. Ако сопствениците на објекти во Скопје сакаат, а притоа добијат дозвола, фасадата може да ја украсат со мурал, мозаик, слика, цртеж, витраж и слично. Во сила останува и можноста да се поставуваат билборди на фасадите и разни рекламни паноа, но само под услови и во согласност со одредбите од законите за градењето, за домувањето и со прописите на Градот. За поставените рекламни и информативни паноа на фасадите ќе се плаќа комунална такса.

Ваков вид давачка ќе плаќаат и сите сопственици на продавници или угостителски објекти, кои во излозите рекламираат други фирми. Истото се однесува и на тендите по кафулиња, рестораните и деловните објекти. Ако на нив има реклама, сопствениците ќе мора на Градот да му платат комунална такса.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2008
Мислења
3.998
Поени од реакции
1.086
Па не е ново, одамна е ова. Па кој го почитува? Никој. Кој казнува? Никој.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Овие закониве се смешки.. никој не ги почитува :pos:

Ај тоа што не ги почитува, туку и нелогични се...... гаќите и останатите алишта кај да ги сушам.... да семам едно јаже да врзам дома од врата на врата, да наредам и да сушам нема смисла......., ќебиња, перници на што ќе пролуфтираш ако не на тараса........., а за црвените везени пиперки.... тоа е Македонска традиција, си ги ставаш на еден клинец до прозор и се сушат..... друг начин за сушење нема ;):)
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Во Холандија има малку балкони или ако ги има никој не суши на нив сите си ставаат по соби има нешто како ова:


[DOUBLEPOST=1392804327][/DOUBLEPOST]Мене лично не ми смета да има алишта на балкони...ама на овие од власта очигледно им смета.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Jaс се опремив со 2 вакви

ама не поради комуналниот ред туку бидејќи се практични
Инаку ги платив по 450 денари на пластичарската улица.
Многу се практични, не мора да ставаш штипки[DOUBLEPOST=1392812431][/DOUBLEPOST]
Дали имаш информации кога е донесен овој комунален ред?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сепак во законов има и нешто добро. На пример, јас летоска кога бев низ Европа, благодарение на законов имав инспирација за сликање на пружени алишта по балкони и друг "воздушен простор" :), па сега на пример имам колекција од многу добри уметнички дела. Меѓу нив се најдоја слики од Франција, Италија , а врв во кариера ми беше балкон со пружени алишта во сред Монако... и тогаш сфатив дека законот не важи за туристички држави. На крај краева, па кој ни е крив што немаме море? :гик:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Дали имаш информации кога е донесен овој комунален ред?
Според сајтот, денеска треба да има седница, а на дневен ред е и комуналниот ред во Скопје
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=6369&mid=482&tabId=1
Треба да се донесе одлука со која ќе се опфати и јавните површини, ѓубрето, фасадите, паркинзите, животните...само мислам се несериозни (или некои се нелогични или не се почитуваат) затоа што и досега сигурно не било дозволено коњи да шетаат низ град, а прееска само што помина еден со запрежна покрај собрание.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom