Нов интернет провајдер

Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Накратко...










Фирмата е основана во 2007 година и е во приватна сопственост. ДТС корп претставува млада и креативна фирма која има за цел да овозможи брз, лесен и едноставен пристап до нформации на секој што има потреба од нив.


Главната работна задача на фирмата е поставување на безжични компјутерски мрежи преку кои што ќе се овозможува пристап до интернет и пренос на податоци. Притоа, така поставените безжични мрежи се под постојан мониторинг од страна на тим од нжењери, со што се овозможува непрекината функционалност на целиот систем.



Пакети за физички лица
Пакети
Брзини
Лимити
Цени
365 1Mbps / 256 kbps 2GB 4200.00 ден. за 1 год.
500 3Mbps / 512Kbps 10 GB 500.00 ден
1000 4Mbps / 1Mbps 30 GB 1000.00 ден
1600 4Mbps / 1Mbps
Fair use unlimited
1600.00 ден



Пакети за правни лица
Обичен договор на 1 година.


Пакети
Брзини
Лимити
Цени
1200 2Mbps / 512 kbps 20GB 1200.00 ден
2600 3Mbps / 1 Mbps 50GB 2600.00 ден
6000 4Mbps / 1024 kbps Fair use unlimited 6000.00 ден



Договори


- За понудените пакети за правни лица постои опција да бидат понудени како Backup
варијанта што значи, во завистост од од резервацијата на процентот на месечната потрошувачка, се одредува цената на месечната рата.


Flat Rate
Симетричен Upload / Download интернет пристап без никакви ограничувања на сообраќајот
(изнајмена линија)





Цените се без вклучен ДДВ



http://www.dtscorporation.net/index.php?option=com_content&task=blogcategory&id=13&Itemid=26
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А само во Скопје ли ги има? Цел сајт им го разгледав и не прочитав од каде се достапни.
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Ова кога ке видам цените се без ДДВ и се за договор на 1 година ми се лоши :kesa:.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.753
Поени од реакции
5.011
Ништо ново ..поскапа и послаба понуда ... нека напраат неограничен даунлоад за 1000 ..ке просперираат
 

Awake

б.
Член од
30 декември 2007
Мислења
3.198
Поени од реакции
2.628
Ништо посебно. Брзинава, ЗОРА кај мене ја нудеше пред 2 год.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Ова кога ке видам цените се без ДДВ и се за договор на 1 година ми се лоши :kesa:.
Договорот само за правни лица е мислам. Не сум сигурен, им пратив мејл ќе видиме.

Ништо посебно. Брзинава, ЗОРА кај мене ја нудеше пред 2 год.
Барем не се врзуваш ни со кабелска ни со домашен телефон
 
C

cige

Гостин
Штом се нови на пазарот значи дека мора да понудат најниски цени, па ако сакаат да преземат добар процент, вака со истите цени на конкурентите никој не би се префрлил на нивната мрежа. Никој не би експериментирал кога веќе е задоволен од провајдерот којшто моментално го користи.
 
Член од
10 февруари 2006
Мислења
358
Поени од реакции
8
скапи се, нај евтината варијанта им е 500 денари +ДДВ = 580 ден. за 10GB а на телекабел имаш за 500 ден. неограничен, нов ISP не е конкуренција
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
накратко - лажи-пара
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.443
p, li { white-space: pre-wrap; } Ако појдеме од самиот сајт, ова ми изгледа тотално непрофесионално и аматерски. Како деца од маало да се собрале и решиле да си играат интернет провајдер.

Скапи, а непознати... Еве, да ги земеме за пример најдобриот (најголемиот) пакет. Кој би се одлучил за 4 мегабити неограничен интернет за 1.600 денари, кога за инстата цена (од Он.нет на пример) имаш повеќе од дупло побрз интернет (10 мегабити) со телефонска линија и 300 бесплатни минути кон Телеком, како и неограничени разговори со сите корисници на истата мрежа?

Башка, интернет со омни антени на 2.4гигахерци? Проколната фрекфенција е ова. Доволно е да има некој комшија со стар Panasonic телефон и ќе имаш маки со сурфањето. Ова е во принцип WiFi, интернет кој не е планиран за надворешна употреба, туку за затворени простории.
 
А

Ајсшутер

Гостин
Тапа провајдер според мене, многу подобар е пакетот на Кејблтел Трипл плеј основниот што е за 1 290,00 денари во него е вклучена Аналогна телевизија, интернет пакетот екстра со 6 mbps и фиксна телефонија со бесплатни разговори во мрежата на Кејблтел, гратис 150 минути локални разговори кон другите оператори, 25 минути за национални разговори и 10 минути за мобилни оператори.
Или само основниот пакет што е за интернет Кејблтел екстра 4 mbps брзина на симнување, 512 kbps за аплоадирање, неограничен трансфер за само 500 денара.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Барем не се врзуваш ни со кабелска ни со домашен телефон
Точно, но поскапо ти се фаќа сите тие три нешта одделно да ги плаќаш. Кога бев на Телеком со телефонот и на Оннет со нетот плаќав 4.000 месечно а од јануари плаќам 1800 и за телефон и за неограничен нет, како што кажа Acid со 300 минути кон Телеком и бесплатно кон Онтел. :)
Каде и да е, ќе ја откажеме и кабловската, ќе си седиме само на сателитската. Не планирам да плаќам за да го слушам Џон Карев и инквизиции, кога на сателитската ми се отклучени подобри канали.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Крш... ако земиш во предвид дека во Бугарија месечно интернет е 10 евра а имаат 20+ Mbps и неограничен трафик кај нас се е прекумерно.

И новите оператори наместо да ги паѓаат цените, остануваат на истите цени што ги диктира Телеком. Вака ништо не правиме.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.743
Поени од реакции
22.751
Ептен скапи тие .. Наместо да ги намалуваат цените тие ги качуваат..Ако сакаш да бидеш конкурентен дај подобри пакети со намалени цени...
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Примарно бев заинтересиран. пошто сакам интернет без да се врзувам кон кабелска или фиксен телефон, пошто неам потреба од овие. А не сакам да имам ни договор, поради тоа шо не сум во Ск цела година.

Им пратив мејл
Zdravo. Jas sum od K.Voda - Skopje, i zainteresiran sum za internet od kaj vas,Samo sakam da ve prasam dali ima dogovor za fizicko lice, ili kako ide toa. I dali e stabilna vrskata.Pozdrav.
Ми вратија
Vo k.voda imame pokrienost no sepak ke ni treba tocnata lokacija za da znaeme sigurno. Vrskata e stabilna ne se sekiraj , se potpisuva dogovor na 1 god. a moze I bez dogovor dokolku se priklucis so sopstvena oprema samo cenite na paketite se 20% poskapi.Za da se dogovorime najdobro e da se javis na 070 363101Pozdrav
Искрено не сум задоволен и најверојатно нема да се префрлам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom