Нов закон за сметководство

Член од
28 март 2006
Мислења
17.776
Поени од реакции
12.239
Матна работа. Нефлексибилен, раководен од владата, со издвојување прилично големи средства за обуки, без да се води сметка за се поголемите проблеми со ликвидноста на фирмите и лошостоечкото стопанство...

Протест на сметководителите против новиот закон
понеделник, 09 јули 2012, 17:09
Триесетина сметководители протестираа пред Управата за јавни приходи против новиот закон според кој треба да полагаат испит за да добијат лиценца за работа. Бараат тоа да не важи за оние со искуство поголемо од 10 години и тие да добијат трајни лиценци без полагање.
"Како сега јас да полагам по 30-годишно искуство заедно со некои кои имаат таму некакви партиски книшки или слично?" - прашува сметководителката Ленче Кршинар.
Сметководителите алармираат дека многу од друштвата за вршење на сметководствени работи ќе пропаднат бидејќи законот им наложувал да работат со најмалку тројца работници во услови кога поради кризата имаат се помалку клиенти. За сите нив ќе треба да плаќаат, според нив, преголем број на обуки за доусовршување во текот на годината.
"Како да вработам двајца? Ние едвај егзистираме, немаме да ги платиме трошоците за комуналии" - вели Зона Гиновска, сметководител.
"Јас што да правам? Вработив едно девојче од факултет и сега ќе треба да ја отпуштам за да вработам некој друг со лиценца. Тоа ли е целта на Законот? Да се отпуштаат работници?" - прашува сметководителот Милда Мицковска.
"Законот не е донесен во наша корист, туку во корист на консултантските куќи кои немаат директна врска со нашата работа. Го зголемија бројот на обуки и луѓе што треба да работат и сега ќе треба кај нив да ги обучуваме" - вели сметководителот Сашо Цветановски.
Од министерството за финансии објаснуваат дека со законот се става ред во вршењето на дејноста, се дефинираат критериумите кои сметководителите треба да ги исполнуваат и казните во случај на неправилно работење. Законот веќе се разгледува во Собранието.

Сметководителите бараат да се повлече и доработи Законот за сметководство
Новиот предлог Закон за сметководство треба да се доработи оти вака скроен ги деградира сметководителите. Ова е реакцијата на опозицијата и на сметководителите на амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет. Сметководителите не се против регулација и искоренување на нелојалната конкуренција, но сметаат дека во законот има премногу ригорозни одредби.
Според новите предлог мерки, сметководителите ќе можат да работат ако имаат лиценци од Институтот на сметководители, а за добијат лиценца ќе мора да полагаат испит.
Друштво за вршење на сметководствени работи ќе треба да има најмалку два сметководители и еден овластен сметководител. Според опозицијата Институтот на сметководители наместо во професионално здружение ќе прерасне во пара државен орган.
“Сакате од едно место да ги контролирате сите работи. Не може од едно место да ги контролирате сите“ - изјави Цветанка Иванова, СДСМ.
Во законот зборот Институт на сметководители е споменат 140 пати. Јасна е намерата за влијанието на министерството за финансии. Со овие законски решенија се узурпираат правата на сметководителите“ - изјави Павле Гацов, сметководител.
Според Министерството за финансии, целта на законските измени е да има висок квалитет на сметководствени услуги, да се регулираат односите и да се намали нелојалната конкуренција.
“Вакви решенија има и во други закони, како на пример Законот за проценители“ изјави Недим Рамизи, заменик министер за финансии.
Опозицијата за овој предлог закон има поднесено 55 амандмани. И додека Комисијата расправаше за предлог Законот,дел од сметководителите пред УЈП упатија предупредувачки повик да се повлече и доработи предложениот закон.
Тие побараа лиценцирањето на сите сметководители да се изврши во преоден рок од 3 години, а оние кои имаат работно искуство над 10 години да се стекнат со лиценци без полагање на испити.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Матна работа. Нефлексибилен, раководен од владата, со издвојување прилично големи средства за обуки, без да се води сметка за се поголемите проблеми со ликвидноста на фирмите и лошостоечкото стопанство...
.....
Тие побараа лиценцирањето на сите сметководители да се изврши во преоден рок од 3 години, а оние кои имаат работно искуство над 10 години да се стекнат со лиценци без полагање на испити.
Секој си го штити својот задник. Не се бунат зошто воопшто задолжителна лиценца, зошто забрана за крво сродство, зошто да не можат сами да бидат свои сметководители ... се бунат за да влезат во квотата па да макнат од масното. После неколку години и ако ги вметнат во група која по автоматизам добива лиценца ќе сватат дека се изиграни, дека големата риба ја изела малата иако навидум немала заби. За жал најголема штета ќе претрпат голем број мали фирми чиви трошоци за работење ќе се зголемат, но и на сметководители и мали сметководствени бироа. Крајната слика ќе биде зголемен број гладни усти и ребра во строј, наспроти нови задебелени мешиња од пршута и скапи вина и измастени бради од сочни ребренца.
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Јас сум сметководител од „помладата генерација“ на сметководители и сум ЗА донесување на овој закон што поскоро. Прочитав на форумов дека повеќето се против донесување на овој закон но не се во право. Има некои недостатоци овој предлог но се надевам дека ќе се испеглаат при второто читање во парламентот, како на пример тоа дека овластениот сметководител неможе да води сметководство за сопствената фирма. Лиценцирањето е потребно од причина што постојат еден куп сметководители кои немаат соодветно образование а водат сметководство за 1000 денари, или пак има голем број на сметководители (и тоа од оние постарите) кои работат во некоја фирма и водат дополнително сметководство на други фирми. Дали економистот може да биде доктор или адвокат. НЕ! Па зошто секој да може да биде сметководител (кога тоа е толку одговорна работа). На првото читање во парламентот на овој предлог закон еден од пратениците на опозицијата спомна дека познавал сметковдител кој немал завршено ниту средно економско ниту економски факултет (туку нешто друго), а бил одличен и успешен сметковдител 10 или 15 години. А од друга страна познавал некој сметководител со економски факултет кој појма немал од сметководство. Е сега вака, имам еден колега кој има економски факултет и работи во една приватна фирма и се разбира многу од право. Има 5 годишно работно искуство и добро ги познава законите, но колку и да ги познава сепак фирмата мора да ангажира адвокат за да ја застапува на судските спорови. Од друга страна пак постојат голем број адвокати кои се тапа ама си имаат адвокатура. Истото се однесува и со докторите па и со инжењерите. Ако некој смета дека не треба да се воведе овој закон тогаш тој смета дека не треба да постои професијата сметководител. Исто прочитав многу критики за вадењето на полиса за професионален ризик - па добро тоа ти е околу 12000 денари годишно. И тоа е потребно за да не се води сметководството ноншалантно како што водат многу сметководители. Како и да е можам да пишувам уште многу за тоа зошто е потребен овој закон. Но сметам дека за почеток е доволно.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210

Нормално е дека го подржуваш кога ти одговара. Елиминираш конкуренција и пупаш цена. Ти како економист добро знаеш што значи тоа бариера за пристап кон пазар и кон што води. Вештачки се намалува понудата...
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Јас сум сметководител од „помладата генерација“ на сметководители и сум ЗА донесување на овој закон што поскоро. .
Во ред е да си ЗА ! Зошто и не , ама тоа што ке ти се намали конкуренцијата и што ке останат голем број на стари и искусни сметководители АУТ значи и дека ке се намали и така нискиот квалитет кој го нудат сегашниве сметководители ! Е сега додај на тоа што ке се појават дузина такви кои имаат право на лиценца а благе везе немаат со работата , што ке се случи , престави си сам!
Никакво твое осигурување од 20 000 евра мене не ми ја покрива казната која јас би ја добил од инспекцијата заради ТВОЈАТА грешка.
Не сум јас против лиценцирањето ама сум против неселективни решенија и набрзина склепани закони! А ако сме искрени се сомневам дека Македонија има капацитет да донесе издржан и квалитетен закон во било која сфера и уште помалку сили да си го спроведе во дело .
И еден совет од човек кој работи во дејност која е лиценцирана , од почеток тоа има сјај на медал , подоцна свакаш дека се претвара во ѕвонец и на крај во камен обесен околу вратот АМА веке нема вракање назад , си вложил огромни средства и време , си земал на врат 5-6 луге кои хранат семејства од тоа и што сега? Ке си го тегнеш каменчето и ке си подшепнуваш под мустаќ , што ? тоа веке е дело на личен избор!
Нека ви е честито лиценцирањето на дејноста !
 
Лиценци ја спречуваат мобилноста на работната сила како што објасни ти погоре. Што води до поголема структурна невработност. Не гледам ама ништо добро во овој закон...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
Лиценци ја спречуваат мобилноста на работната сила како што објасни ти погоре. Што води до поголема структурна невработност. Не гледам ама ништо добро во овој закон...
То е то.

И плус повеќе пари од лиценци.
 
Член од
12 јули 2012
Мислења
30
Поени од реакции
6
Во ред е да си ЗА ! Зошто и не , ама тоа што ке ти се намали конкуренцијата и што ке останат голем број на стари и искусни сметководители АУТ значи и дека ке се намали и така нискиот квалитет кој го нудат сегашниве сметководители ! Е сега додај на тоа што ке се појават дузина такви кои имаат право на лиценца а благе везе немаат со работата , што ке се случи , престави си сам!
Никакво твое осигурување од 20 000 евра мене не ми ја покрива казната која јас би ја добил од инспекцијата заради ТВОЈАТА грешка.
Не сум јас против лиценцирањето ама сум против неселективни решенија и набрзина склепани закони! А ако сме искрени се сомневам дека Македонија има капацитет да донесе издржан и квалитетен закон во било која сфера и уште помалку сили да си го спроведе во дело .
И еден совет од човек кој работи во дејност која е лиценцирана , од почеток тоа има сјај на медал , подоцна свакаш дека се претвара во ѕвонец и на крај во камен обесен околу вратот АМА веке нема вракање назад , си вложил огромни средства и време , си земал на врат 5-6 луге кои хранат семејства од тоа и што сега? Ке си го тегнеш каменчето и ке си подшепнуваш под мустаќ , што ? тоа веке е дело на личен избор!
Нека ви е честито лиценцирањето на дејноста !

Соглсано прифатените амандмани на работните тела на собранието (Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија) дојде до изменување на предлог законот за сметководствени работи. Меѓу измените вреди да се споменат следните: Сметководителот ќе може да води сметководство за својата фирма, сметководителите кои имаат 25 години и повеќе работно искуство нема да полагаат испит за добивање на уверение за овластен сметководител и тоа уверение ќе му биде трајно. Јас претходно никаде не пишав дека сакам постарите сметководители да бидат во АУТ. Со оваа измена тиа се заштитени и тоа не само тие со факултет туку и тие со средно како и тие со несоодветен факултет. Факт е дека знаењето произлекува од праксата и според тоа маладите сметководители не се искусни и немаат знаење колку постарите но затоа е потребно минимум тригодишно работно искуство и економски факултет за да полагаш за овластен сметководител. Ваљда ќе научиш нешто за три години. Го споменуваш осигурувањето. Тоа претставува делумна заштита на клиентите, но можеби е поважно тоа што истото тоа претставува и казана за сметководителите кои ќе грешат. Значи казната која ти би ја добил од инспекцијата за некоја грешка од сметководителот можеби не ти ја покриваат 20 000 евра но досега како беше? - ако згреши сметководителот не сноси никаква одговорност. Со овој закон ќе сноси и доколку згреши многу повеќе ќе биде казнет отколку што ќе бидеш обештетен ти. За тоа дека е сплеткан и набрзина донесен можеби е така но подобро нешто одколку ништо. Колку ќе се почитува овој закон незнам но сметам дека е корисен за сметководителите.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ајде еден апдејт на темава .

На 03.11.2012 година Собранието составено од 90 ( :eek: ) сметководители/овластени сметководители на конститутивната седница го формираше Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ. На седницата исто така е донесен Статутот (превземи pdf) и е избран Надзорниот одбор.
За претседател на Надзорниот одбор е избрана:
- Јасмина Милановска.

За членови на Надзорниот одбор се избрани:
- Гордана Костадиновска;
- Соња Поповска;
- Јадранка Соколовска и
- Хасан Адеми.

Значи си се собрале , си се избрале и чаос. :rolleyes:
 
A

Advokatisce

Гостин
Ај да не се лажеме. настариве им идговара зашто имаа стекнато клиенти, реално кој стигна стана сметководител. немал работа па ај ќе работам ова. Зашто да нема лиценци, за сите правници има правосуден, нотарски, извршителски, академија за судии и јавни обвинители и така натаму, што се повеќе економистите. и треба да има ваква работа. Ако видовте се регулира и штетата, ако сметководителот згреши ии закасни сам си ги сноси последиците без фирмата да биде оштетена а не како порано. браво за законот
 
Член од
30 јануари 2010
Мислења
468
Поени од реакции
573
Браво на бравото на законот. Не регулираат како сакаат нотарот за печат на лист хартија А4 формат и два потписи на нејзе зема 700 денари. Порано во суд колку беше тој документ? Тоа е добра регулација маме да ебам негово три куќи направи откога стана нотар а голтар беше, сега сметководителите кога ќе се договорат за колку да бричат на суво тие по пет куќи ќе прават.
 
иста беше цената, а иначе и стално се намалува наградата за нотарот. Ако успеал да заработи и да направи три куќи те бричат?
Никој не те тера да одиш кај сметководител, прај си пресметки сам.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
иста беше цената, а иначе и стално се намалува наградата за нотарот. Ако успеал да заработи и да направи три куќи те бричат?
Никој не те тера да одиш кај сметководител, прај си пресметки сам.
Сега со законов нема да може да си прави сам, освен ако не е овластен сметководител...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom