Нов закон за сметководство

Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Да само што со законов треба да имаш и факултет.
Со оваа влада не ме чуди и за бозаџија да отворат факултет и задолжително да биде завршен факултет за правење и продажба на боза.
Со закон не смеат и да се вработуваат лица без средно па во сите јавни претпријатија се објавуваат конкурси во кој што се бараат лица со основно образование.
Наметната регулација на професија која што може да ја работи дете од втора година средно на кое што му оди математика не гледам логика да биде заштитена со закон и задолжителен факултет.
За шофер да добие лиценца не му бараат завршен шоферски факултет, иако ги има и правници и економисти и технолози,хемичари со завршен факс а возат камион.
Не е потребно дури ни средно, зошто сега шофер да не може да си води сметководство кога и ти можеш да бидеш шофер со лиценца ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Абе dobro poznat, џабе верглаш едно исто цело време.

Најпрво, кај сметководител не одат сите граѓани, но има имапкт на секој граѓанин, индиректно. Трчаме по инвестиции, а кога ќе дојде некој и ќе види дека сметководителката нема поим од англиски, а он треба да потпишува македонски фактури и документи, нема кој да му објасни. Па кога ќе треба да известуваат и за Њујоршка берза, па ај пак проблем, зашто таа не знаела правилно да ја распореди амортизацијата, или трошоците на производите...

Во право си, не треба да си економист да работиш сметководство, али не може ни па со полуписмени келнери сметководители да одиме напред, додека во Англија и Америка има стотици вакви организации, кај нас едвај се формира еден институт. Не сме ни членка на Меѓународната федерација на сметководители, зашто келнери се сметководители, зашто не слушнале дека постојат стандарди, зашто не знаат дека трошокот од 2012 се признава во 2012 а не кога на нејзе ќе и текне, и дека инвестициските проекти се капитализираат... И не ми е ова од памет зборено, ова е од пракса...

Економски е добар факултет, али има уште многу што да се поправи, што економисти сме што поим немаме од право, 98% од студентите не знаат кога се плаќа персонален данок, или кој данок не подлежи на повраток... Жално е, а уште пожално е да се оди против се што ќе даде подобри резултати и ќе одиме напред.

Пишавме поназад, делумно е лош законов, али пак од друга страна сум убеден дека никогаш нема да го смениме карактерот, никогаш немаше да се поттикнеме самите да се едуцираме повеќе ако не беше задолжително уверението. Среќа има некои што гледаат напред и веќе имаат лиценци од странските сметководствени институти и асоцијации...
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
beneamata Фала богу, но не е во ред да воведеш лиценца или овластување и за истото да наплаќаш.
Ниедна професија не треба да биде ограничена со такви работи нити пак затворена беспотребно, посебно не за вакви како што е сметководство. И други услужни не јавни професии,проблемот е што со наметнување на стандарди се турка друга работа, остави конкуренцијата да си го нправи своето.
Се што е регулирано и ограничено нити се усовршило нити одело напред се додега регулаторите не решат дека така треба,арно ама тие регулативи еднаш поставени тешко се менуваат и надополнуваат еднаш кога ќе бидат поставени. Додека на слободен пазар самиот наметнува напредок и усовршуање ако те бива те бива ако не ќе те нема, овде ти велат тие имаат овластување ти се свиѓало како работат не ти се свиѓало кој те ебе ти мораш кај нив да одиш за да ти водат сметководство,тој ти е изборот.
Многу брзо ќе бидат наметнати усогласени стандарди кај сите пружачи на услугата и ќе се заглави пошто ќе нема конкуренција која што ќе ги тера напред.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Не е секогаш слободниот пазар најдобар начин, еве 20 години ништо не е сменето на тоа поле, скоро ништо.

Патем, не е само Македонија со ваков пример, односно зависи од земјите, некои се поотворени и дозволуваат саморегулатива, додека другите со закон ги ограничуваат сметководителите и начинот на водење на сметководство. Не сум баш запознаен со сите регулативи, но сепак има големи разлики од Германија до САД, што самото кажува дека нема еден општ начин како е најдобро да се регулира оваа професија и водењето сметководство општо.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Да но во америка не ти вели дека самиот не можеш да си ги водиш книгите, исто и во германија. Тука се дрзнаа дури и тоа да го наметнат.
По логикава ме чуди како не убациле дека и оние кој што извршуваат книговодствени услуги треба некој друг да им ги води книгите.
Се е до тоа дали те бива или не,ако знаеш и умееш работи ако не ќе пропаднеш.
Државата треба да поставува услови само кога вработува лично таа во јавна администрација,нема право да се меша во приватен сектор.
Еве и агенцииве за недвижности бараат воведување на лиценци, иако само посредуваат тоест не нудат никаква реална услуга. Што велиш да се донесе таков закон, кој гарантира дека а десетина години нема да се донесе под закон дека не можеш самиот да го продадеш станот или било кој друг недвижен имот туку тоа да мора да оди преку агенција овластена за тоа, притоа да ти лапне процент за продажбата.
Или дилериве на возила со авто плацеви, кој бараа затварање на пазарот ете да се затвори пазарот и секоја продажба и купување на возило да оди исклучиво преку нив.
Повторувам има професии кој што мораат да бидат регулирани, но има и професии кој не само што не треба да бидат регулирани туку и несмеат да бидат регулирани.
Кој утре ти гарантира на тебе дека нема да донесат регулација каде што сметко водител треба да биде висок 195 сантиметри, или некој од регулаторите нема да ти даде овластување зашто не му се свиѓаш на фаца ? Да бидеме реални ако сакам да те бутнам на испит ќе те бутнам ма колку и да знаеш колку и да имаш познавање од нешто, ако сакам да ти одземам лиценца ќе ти ја одземам,пото такви ни се и законите, ништо дефинирано ништо строго определено. Секој може за било што да те гони ако реши да те гони.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Ме интересира што бидна со овие најави. Дали ги повикуваат сите кои подале документи (кои исполниле услови) на полагање и дали даваат лиценца по вообичаена нормална постапка? Дали е селективен пристап или воопшто негде е заглавено?
Чекаме веќе неколку месеци, нема ништо.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Досега се издаваат само уверенија преку Министерство за финансии.
http://www.finance.gov.mk/smetkovoditeli
Инаку тестирањето и полагањето ќе бидат организирани од страна на Институтот за сметководители.Тој ќе формира цена за лиценците и начин на полагање.Институтот за сметководители е формиран но сеуште е во постапка да “застане на нозе“, затоа Министерството моментално издава уверенија.http://www.finance.gov.mk/node/2953
А бидејќи кај нас работите се одвиваат со брзина на полжав најверојатно ќе си важат старите правила за завршните сметки.Освен ако не направат гужви како лани.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Тоа значи уште којзнае колку време нема да добие уверение со што лицето нема да може да бара или добие работа затоа што скоро половина година фирмите бараат само овластени сметководители, со уверение.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Во апликацијата за работа можеш да напишеш дека барањето за уверение ти е во тек и да приложиш копија каде ќе се види архивскиот број дека е поднесено барањето.Сите знаат дека споро оди целава работа.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Како можам да најдам нето плата за 4ти месец 2005та година. Ми треба поради новиот закон за сметководство. Ако има некој инфо, би му бил благодарен.

Фала однапред.

Едит: Најдов
 
Член од
5 август 2008
Мислења
557
Поени од реакции
180
Има ли некој сметководител што користи Е-даноци? Ми треба консултација.
 
Член од
13 јануари 2012
Мислења
29
Поени од реакции
2
Me interesira sto e forava so 2.000 evra da se uplati vo institut za smetkovodstvo na godishno nivo...tie pari ostanuvaat kaj niv,gi vrakjaat? Aj objasnete mi ... ne sum dobro upaten :D
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Битолските сметководители со унифициран ценовник за сметководствени услуги. Бараат примерот да биде проследен низ целата држава.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно чл.20.21 и 25 од Законот за сметководствени работи(Сл.весник 95 од 26,07,2012 год)и чл.3 од последните измени на Законот за трговски друштва(Сл.весник 166 од 26,12,2012 год), сметководствените извештаи, и Завршната Сметка за 2013 год мора да бидат изработени и потпишани од овластен сметководител, односно сметководител со соодветно Уверение ,како доказ дека ги исполнува условите за вршење на сметководствени работи.
Поради тоа,секоја компанија,која има обврска да поднесе Завршна Сметка за 2013 год,мора да склучи Договор за вршење сметководствени работи со сметководствено биро (трговско друштво односно трговец-поединец) или да вработи овластен сметководител,односно сметководител.
.Договорот мора да биде во траење од најмалку 12 месеци до периодот за поднесување Завршна Сметка за 2013 год,односно да се склучи најкасно до 31.01.2013,со важност од 01,01,2013 год.
Поради тоа,Комората на сметководствени бироа од Битола ги потсетува сите компании,да побараат од своите сметководители доказ дека ги исполнуваат условите за работа ,согласно горенаведените законски измени,па согласно тој доказ да потпишат Договор за вршење сметководствени работи со соодветното сметководствено биро,односно вработени сметководители.
Исто така Комората на сметководствени бироа-Битола,известува дека цените на сметководствени услуги значително ќе се зголемат,поради зголемените трошоци и одговорноста на сметководителите и овластените сметководители кон Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија ,по основ на одржување на важноста на нивните Уверенија.
Поради тоа,апелираме до сите компании,доколку Вашиот досегашен сметководител ги исполнува горенаведените услови за работа,а Вие сте задоволни од неговиот досегашен ангажман,нема потреба да го менувате истиот поради зголемената цена на услугите,бидејки сите овластени сметководствени бироа на територијата на Битола,ќе работат под еден унифициран Ценовник за сметководствени услуги,прифатен и потпишан од секое сметководствено Биро поединечно.

Битола,18,01,2013
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Битолските сметководители со унифициран ценовник за сметководствени услуги. Бараат примерот да биде проследен низ целата држава.

С О О П Ш Т Е Н И Е

Согласно чл.20.21 и 25 од Законот за сметководствени работи(Сл.весник 95 од 26,07,2012 год)и чл.3 од последните измени на Законот за трговски друштва(Сл.весник 166 од 26,12,2012 год), сметководствените извештаи, и Завршната Сметка за 2013 год мора да бидат изработени и потпишани од овластен сметководител, односно сметководител со соодветно Уверение ,како доказ дека ги исполнува условите за вршење на сметководствени работи.
Поради тоа,секоја компанија,која има обврска да поднесе Завршна Сметка за 2013 год,мора да склучи Договор за вршење сметководствени работи со сметководствено биро (трговско друштво односно трговец-поединец) или да вработи овластен сметководител,односно сметководител.
.Договорот мора да биде во траење од најмалку 12 месеци до периодот за поднесување Завршна Сметка за 2013 год,односно да се склучи најкасно до 31.01.2013,со важност од 01,01,2013 год.
Поради тоа,Комората на сметководствени бироа од Битола ги потсетува сите компании,да побараат од своите сметководители доказ дека ги исполнуваат условите за работа ,согласно горенаведените законски измени,па согласно тој доказ да потпишат Договор за вршење сметководствени работи со соодветното сметководствено биро,односно вработени сметководители.
Исто така Комората на сметководствени бироа-Битола,известува дека цените на сметководствени услуги значително ќе се зголемат,поради зголемените трошоци и одговорноста на сметководителите и овластените сметководители кон Институтот на сметководители и овластени сметководители на Р.Македонија ,по основ на одржување на важноста на нивните Уверенија.
Поради тоа,апелираме до сите компании,доколку Вашиот досегашен сметководител ги исполнува горенаведените услови за работа,а Вие сте задоволни од неговиот досегашен ангажман,нема потреба да го менувате истиот поради зголемената цена на услугите,бидејки сите овластени сметководствени бироа на територијата на Битола,ќе работат под еден унифициран Ценовник за сметководствени услуги,прифатен и потпишан од секое сметководствено Биро поединечно.

Битола,18,01,2013
Дали можеш да го прикачиш вашиот унифициран Ценовник и по што се водевте кога го составувавте ценовникот? Треба ептен да е опширен, т.е. детален за да се опфати се. Неможеш сите дооел да ги генерализираш нели, или тп. За некој ТП има повеќе работа на пример него ли за некој ДОО, или пак 2 вработени може ти дадат 100 фактури и да прават поголем обрт и да се ддв обврзници за разлика од фирма со на пр 20 вработени што произведува сезонски или продава сезонски. Значи ако е детализиран зашто да не се прифати од сите страни, ама искрено, мноогу тешко. Во ваква ситуација каква е сега Македонија и фирмите како живуркаат, а тоа се 50% од вкупниот број. Незнам дали знаете за предлогот ако се зголемат цените, т.е. по ваше, унифициран Ценовник да се плаќа 2% од вкупниот годишен приход на државата, тогаш дали би ви одговарала истата одлука за Ценовникот? Ние сме во услужна дејност, ама не сме нотари и адвокати кај кои си има ценовници, ама кај нив дали јас или ти ќе дојдеш сеедно им е, они ти наплаќаат по документ, ако е заверка на твој или мој потпис 150 ден беше мислам. А Ценовникот по број на фактури да не го определивте, па да се мисли обврзникот дали ти ја достави или да се погоди да си плати на црно? Ако е ддв обврзник во ред, ама доста им се давачките за ддв и ДД па уште и сметководителот кај кого оди спас да бара. Незнам, факт е дека законот е доста битен и си треба време да си се искажеме што мислиме и како работиме. Прво тетките што работат од по дома да си се средат со уверенија и да си одлучат дали да работат во државно или да си отворат фирма за сметков. услуги, па после ценовници и слично. Првин треба да се групираме, организираме во подружници, да видиме како ќе се полага, кога, на колку време ќе има обуки, кој ќе предава, да се докажуваме, да одиме напред, а парите ќе си дојдат и ќе можеме да донесуваме одлуки за цени откако ќе знаеме колку ќе е трајната лиценца на пр, котизациите за обуките,семинарите,полагањата и сл. Тоа ка и да е ќе го објават, се крчка. Ценовникот не е најбитното, но не велам дека не е ни битен. Секој си го цени својот труд, ама сега сите ќе сме исти со лиценците. Ако поставувате Ценовник, па земете предлог од другите градови што си прават по 20 фирми на биро, е тогаш па, ќе имаме недостаток на овластени сметководители а цените покачени, а 2% од приходите ако плаќаме, ако сакаш плус 20 фирми да вработиш плус уште сметководители со уверенија, а тие ќе си бараат и поголема плата многу јасно, ако е дефицит. Што ќе ни се случи сами ќе си го скроиме тоа, само да не биде оф леле малку алчни бевме па одма за џебот не требаше да удриме. Да не го прифативте ценовникот на одредена (не сакам да именувам) консалтинг куќа која за најобично сметководство предлага 6000 ден. Да не е многу за дуќанчето спроти а? Според нив не е, или за пријави одјави по 300 ден? За оглас 100ден? Да не се преценуваме малку? Па управителот додека да дојде до кај тебе у старт треба да има иљадарка. Затоа пополека, 10 години се чекаше за законот па добро и што се донесе, па кај толку брзање за ценовници во сред криза? Не напаѓам, само сакам да се размислува поопширно. Објавување ценовник на форум според мене е непрофесионално, јес да ќе бидеш прочитан од твоето копи пасте, ама предложи на некоја комора, барем нив ги има многу, нека те туркаат и од таму, па и другите колеги ќе те подржат, изменат, сугерираат и сл. Ништо лично дека се обраќам на ти, така доаѓа муабетот. А најубаво е сите овие работи да се остават од 1 март, ем сите ќе сме порасположени, наспиени, времето ќе е поубаво, сите позитивни за нови промени после завршните сметки :)) Поздрав и со среќа нека ни е законот, само на добро нека оди и професијата сметководител да се почитува како останатите.;)
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 02:50 ---
Me interesira sto e forava so 2.000 evra da se uplati vo institut za smetkovodstvo na godishno nivo...tie pari ostanuvaat kaj niv,gi vrakjaat? Aj objasnete mi ... ne sum dobro upaten :D
Кај го прочита тоа? Има официјално напишано или муабети?
--- надополнето: 29 јануари 2013 во 02:51 ---
Има ли некој сметководител што користи Е-даноци? Ми треба консултација.
Заврши работа или уште ти треба помош?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Дали можеш да го прикачиш вашиот унифициран Ценовник и по што се водевте кога го составувавте ценовникот?
Морав да го скратам мислењето бидејќи беше премногу долго. Инаку не сум дел од Комората, само го копирав мислењето од друго место. Ако го добијам ценовникот секако дека ќе го прикачам и тука.

Инаку горе-доле се согласувам со твоето мислење, баш би сакал да видам како ги унифицирале цените.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom