...наскоро во пензија ќе може да одат жени со 85 вкупно години ( години+ работен стаж)
За мажи било демек 90. На пример старост-возраст 60 + стаж 30 = 90
Еве го одговорот и од ПИОМ. „ И кај нас се збори нешто такво ама треба да помине во собрание“...
Звучи одлично, и фер би било да е вака.
Со сегашниот закон условите за пензија се 64години старост и минимум 15год. работен стаж. Без разлика што должината на стажот влијае на пензијата, на многу луѓе им е поважно порано да отидат во пензија и да го поживеат животот на поинаков начин.
Јас еве работам од 19та/20тата година. Значи дека на 64 години (ако дотогаш не направат на 67, како Германците), ќе имам некои 44 години работен стаж. По формулава за која велиш дека се зборува, ќе имам фактор од 108!
Ако се донесе ваков закон, тогаш факторот 90 ќе го досегнам на 55год. со тоа што тогаш ќе имам 35год работен стаж 55+35=90.
Без разлика што земам повеќе од убава плата, веднаш би одбрал рана пензија. Би купил имотче некаде на село, и би си ја одгледувал сам својата храна. Мала бавча за зеленчук, некоја козичка за млеко (сирење/кефир)... доволно мали обврски за да не одземаат премногу време а сепак доволно за повеќето потреби на едно семејство.
Само нешто ми зборува дека многу тешко да се донесе оваков закон.