Да, да долгорочно би можеле со вакви (реформи во пензискиот систем) формули да не сотрат! Те потенцијалните пензионери да ги сотрат или сведат на минимум.... Практично ќе направат само секој 10-ти да доживее да си дочека, или пак пристоен број години да зема пензија.... Знаат дека од помладиве повеќето (дури и понекој од средните генерации), без стаж се или многу мал (или од долгорочна невработеност или од непријавување на оние што се вработени, како што беше сл. со многу фирми дури и големи и државни: Треска, Алумина, Нова Македонија Охис.... или вработени некаде надвор на привремена работа, на берење праски лимони, или работа на брод) барем 50-60% од младите!... При што тешко некако дури и невозможно тие да соберат доволно години со формулата со која се шпекулира за пензионирање (збир на години + стаж = 80 / 90).... имајки го во предвид просечниот животен век во републикава дури и многу тешко! Просечниот животен век во републикава е 74 г... (мажите 71,6, жените 75,8) што повторно законот го прави дискутабилен, те нехуман - неуставен! (та нели несмее да има родова и полова нееднаквост!?) .... Која е логиката мажите да собираат 90 (живеат пократко во просек) а жените 80 (живеат подолго)....???
Не се секирајте, не им се исплати СЕГА да го воведат, бидејки во првиот месец фондот ќе пропадне (ќе отидат наеднаш многу во пензија, од генерациите со 52-3-5 години запослени по завржување на средно образование, кои ги има на илјадници, практично ќе го уништат фондот)....Не сега! Ќе го направат тоа за 10-20 можеби и за 30 години, кога ќе почнат да стасуваат генерациите (сегашниве млади кои ги спомнав погоре), кои тогаш ќе имаат 50-55-60 години старост, но и само по 10-15-20 години стаж!
Мене на пример од такт ме вади и една друга работа за која што исто така се шпекулира. За померување на старосната граница на пензионирање од сегашниве 62/64 на 67/65.... и кога ќе слушнам дека така било и во Германија Франција, Шведска (демек земјите од ЕУ) па во САД, Австралија.... цревата ми се превртуват! Прво не е така! Те делумно е така... да во Франција или Германија треба да работиш до 67 г. да се пензионираш... АМА ГНАСИВЕ НЕ КАЖУВААТ ДЕКА И СО НАПОЛНЕТИ 60 ГОДИНИ таму можеш да одиш во пензија ако сакаш, со скратена пензија .... а овдека може ли? Може ‘‘рачка од тапан‘‘ да добиеш на 60!
Втора работа.... во овие земји кои ги споменав па скоро 10 години е подолг животниот век од овдека! Како тоа можеме ние споредба со нив да правиме!? Во Франција на пример жените живеат во просек 84,5 г. во Шпанија 82 во Италија 84, Австралија 81,5 Во Шведска сто и дваесет!
.... На 98 доаѓаат овде во Охрид или во Ск да се сликаат кај Алехандро! итн и тн... Па има ли логика да се споредуваме со нив!? Направете го стандардот, здравствениот систем, условите за работа....и тн, како кај нив па воведете пензионирање на 67!
Па може ли Сиера Леоне или Замбија Мозамбик каде што животниот век е во просек само околу 40 години да донесат закон за пензионирање на 65 години? Дали сме ние С.Леоне Мозамбик, Замбија.....????????
АЛООООООО!? ДАЛИ НЕКОЈ МИСЛИ?