- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.588
Македонија и Албанија ќе градат нов граничен премин кај Требиште-Џепиште, за подобрување на меѓусебната комуникација, доверба и зајакнување на економиите, потег што е поздравен како од властите, така и од граѓаните во двете држави.
„Отворањето на граничниот премин ќе го олесни движењето на жителите од двете страни на границата и ќе ги зајакне контролите на луѓето и возилата што ја преминуваат“, се вели во изјавата на албанската влада.
Идејата беше иницирана од македонскиот премиер Никола Груевски, за време на неговиот состанок со колегата Сали Бериша во Тирана минатиот ноември.
Груевски и Бериша во 2008 година потпишаа договор за отворање нов граничен премин, но истиот не можеше да се спроведе поради технички проблеми. Новиот договор беше потпишан минатиот ноември.
„Владата ќе ја ратификува одлуката на следната парламентарна седница. Договорот потоа ќе биде испратен на одобрување во македонскиот парламент, по што работните групи и комисии од двете страни ќе почнат да работат на отворањето на новиот граничен премин“, рече заSETimesАлександар Ѓорѓиев, портпарол на македонската влада.
Албанија, исто така, одлучи да отвори два нови гранични премини со Црна Гора, додека Македонија ќе отвори три нови гранични премини со Србија и со Косово.
Жителите на општина Требиште во NАлбанија и соседната општина Џепиште во Македонија, повеќе од 20 години бараат граничен премин.
Тие велат дека луѓето мора да патуваат и по 70 километри до најблискиот граничен премин кај Блато за да можат да ги посетат роднините и пријателите или за бизнис преку границата која е оддалечена 4 километри.
„Преминот е особено важен за 10.000 локални жители и ќе го запре процесот на миграција од овој регион поради лошата економска ситуација и лошата инфраструктура. Во изминатите 20 години е инвестирано малку во овој дел од Албанија, каде што живеат голем број етнички Македонци. Најблизок град е Пешкопеја, оддалечен 80 километри, и дотаму нема асфалтиран пат“, рече за SETimesВасил Стерјовски, заменик-претседател на Македонската партија за европска интеграција во Албанија.
За таа цел, треба да се постигне договор меѓу полициите и царините на двете држави, со оглед на тоа што се планира заеднички објект, каде што ќе се врши потребната контрола на стоката“, додава Стерјовски. Што е најважно, локалните водачи велат дека преминот ќе овозможи развој на локалните бизниси и прекуграничната трговија, особено меѓу малите градови и села во близина на границата.
Некои, исто така, посочуваат дека граничниот премин значително ќе го намали бројот на нелегални преминувања.
„Контролата на границата ќе се подобри и нема да има нелегални преминувања преку планината. Ќе можеме да ги посетуваме нашите роднини и пријатели и да пазариме во Македонија и, зошто да не, дури и да ги испраќаме нашите деца на училиште таму“, рече заSETimesИлбер Кадриу, жител на Требиште.
http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2013/02/18/feature-01
.