Нов Македонски филм: До балчак - Приказна од дивиот исток

Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.373
Поени од реакции
1.945
Ебати филмот ако треба да се мачиш за да го догледаш.

Туку филмов шо е долг, досаден и со глупа приказна, можеби и ќе му простев. Ама, тоа шо е мазохистички, како и речиси сите наши филмови за пусто турско, не можам. Преку куров више од таа шема.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.662
Многу сакам да поддржувам нешто што е македонско, особено пак кога е филм.

Ама филмов е таква мизерија, што не издржав повеќе од 40 мин. Пак 90% од ликовите се прикажани како умоболни, со језиво смеење, идиотски диалози, непотребна експлицитна голотија, насекаде беда и мизерија итн.

Мене и навредливо ми е како се прикажани комитите во приказната.

Глумата на некои од ликовите, да не ја ни коментирам :D

3/10. И тоа дарежлива 3ка затоа што иако е шугаво, сепак си е наше. :love:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Споредбено со останатите филмови на Попов она што недостасува е добри ликови, ај што нема приказна но и ваков како што е ќе поминеше ако имаше добро разработени ликови, ликови према кои гледачот ќе развие чувства.

Во “Среќна Нова“ заради одлично направените ликови се грижевме за судбината на Коста и на целото семејство, исто и во Тетовирање, не интересираше исходот на поважните затворенци и на чуварот што го играше Светозар Цветковиќ.

Тука ништо такво, дури и сцената која режисерот ја планирал да достигне емоционалниот врв, кога турците му ги отепуваат роднините на Крсто, ништо, никаква емпатија, на крајот на филмот дури навивав турците да дојдат и сите да ги испотепаат и да заврши филмот веќе еднаш.
И што беше фората последниот саат и нешто со тие комитите, до пред да го заземат градот донекаде и имаше некоја логика, после саат време рандом сцени како комитите се глупираат, пијат, пеат, се бричат, одат за америка и триста глупости.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Многу сакам да поддржувам нешто што е македонско, особено пак кога е филм.

Ама филмов е таква мизерија, што не издржав повеќе од 40 мин. Пак 90% од ликовите се прикажани како умоболни, со језиво смеење, идиотски диалози, непотребна експлицитна голотија, насекаде беда и мизерија итн.

Мене и навредливо ми е како се прикажани комитите во приказната.

Глумата на некои од ликовите, да не ја ни коментирам :D

3/10. И тоа дарежлива 3ка затоа што иако е шугаво, сепак си е наше. :love:
Се сложувам, ова е вистинското лице на Комитите
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
181
Поени од реакции
593
Катастрофа...
Предолг, нема приказна што ќе те задржи скоро 3 часа за да го догледаш филмот до крај. Многу непотребни и експлицитни сцени. Таа сцената во борделот со Којо и голите манекени само Попов знае што бара во филмов. За Америка ќе иделе :pos:
За јазиците да не зборуваме таа Французиката де зборува македонски де француски, исто и Никола Којо зборува и српски во некои сцени.
Актерите освен Којо, Ристановски и Дац другите слабоо. Сашко Коцев во Трето Полувреме ми беше ок али овде промашај. И да Тони Михајловски па човече одвратен си ми и никад нема да бидеш добар актер за мене :mad:
Сите дома што го гледавме добивме впечаток дека комитите се претставени како некакви дивјаци,идиоти ;)
Спрема буџетот кој е потрошен официјално 3,6 милиони евра ова што е направено е 0.
Далеку е од "Пред дождот" а е најскапиот филм во македонската кинематографија досега.
Сценографија, костимографија и кадри 10/10 сето останато како целина 2/10.
 
Последно уредено:
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Го гледав и јас вечерва. И мене ми е преку глава од македонски филмови правени по иста шема. Не излеговме од клишеата за Турците, за тешкиот живот македонски, за поробувачите. Се едни те исти ликови, се едни те исти мотиви...

Филмов не велам дека беше катастрофа, ама не понуди ништо посебно. Немам желба пак да го гледам. Не може да се споредува со другите филмови на Попов, како Тетовирање и Среќна Нова '49. Едвај од непотребно екстра долг тричасовен филм остана една реплика, онаа на Сашко Коцев на крајот, што дури и претерано ја изрекламираа.

Инаку од актерите секоја чест за Дац, кој цар беше во филмов, ме изнасмеа. Баш светла точка. Коцев е добар актер, добро се снаоѓа во секакви улоги, само да не претераат сега со него, па да биде главна улога во секој македонски филм. Тони Михајловски е крајно антипатичен лик, веќе стана досадно нон стоп да игра исти ликови, или Турчин или Албанец. Никола Којо е сосема непотребно да гостува во секој наш филм. А и ликот негов беше апсолутно непотребен.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Што е најтрагично филмот е сниман со наши и ваши пари. Владата одвоила 2.6 милиони евра за да се сними
дури и тие 2.6М не се исплатени, сеуште има глумци и дуќанџии во Битола кои не се исплатени,како и еден хотел во кој беа сместени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom