Ново лото

Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
НовоЛото 7/34 на Државна лотарија на Македонија претставува еден сосема нов концепт на оваа игра на среќа, каде самото лото ливче претставува медиум помеѓу среќата, културата, забавата и хуманоста. Покрај тоа, системот 7/34 за прв пат се приредува во Македонија, а избран е како полесен начин за постигнување добивка. НовоЛото 7/34 има помал број на комбинации отколку Лото 7/39 и 7/37 и обезбедува почести можности за добивки, па затоа сметаме дека одговара на нашиот локален пазар според бројноста на играчите. Овој тип на Лото го направивме по мерка на македонските граѓани, не го прекопиравме како пример, туку го конципиравме како нов модел – затоа и го нарековме НовоЛото.


Позадината на помошните лото ливчиња се сублимирани податоци за македонското културно богатство, кое ги опфаќа најпознатите археолошки наоѓалишта и дел од најважните археолошки пронајдоци, неповторливите македонски манастири и монументалните муслимански градби во земјата. Во подоцнежните серии се предвидува претставување на природните убавини, македонските градови, традиционалните вредности и големите личности кои ја красат богатата македонска традиција. Со ова, покрај самата забава и големата можност за добивка, секој љубител на лотото може да направи своја колекција на убавините на својата земја, да научи нешто ново или пак да го потврди своето досегашно знаење. Од секоја уплата на НовоЛото 7/34 се издвојува одреден процент со кој се создава хуманитарен фонд за општо добро.
За учество во играта Лото и дополнителната игра Џокер важат правилата за НовоЛото 7 од 34, кои се наоѓаат на уплатните места на Приредувачот. Одиграната лото комбинација е услов за учество во играта Џокер. Помошното ливче е исклучиво помошно средство и не може да послужи како доказ за учество во играта. Доказ за учество во играта Лото е исклучиво издадената потврда за уплата. Добивките се исплатуваат на уплатните места, до износот кој го одредил Приредувачот, а над тој износ на благајната во седштето на Приредувачот. Правото за наплата на добивките застарува во рок од 60 дена, сметано од денот на објавување на резултатите на играта. Исплатата ја гарантира Државна лотарија на Македонија АД Скопје.

Преносот е на Сител секој Понеделник од 20:00.Дали следите,играте,колку верувате во ова?
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Лото е катастрофа 10000 пати поголеми се шансите да фатиш во кладилница отколку лото
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Може некој да ми каже како Сител го доби лотото? :)
 
Член од
13 октомври 2009
Мислења
569
Поени од реакции
233
Ги знае ли некој бројките што се паднаа?
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Ги знае ли некој бројките што се паднаа?

Резултатите може да се добијат на сите продажни места на Државната Лотарија на Македонија, на web страницата на Државната Лотарија на Македонија на адреса www.loto.mk и во весникот “Вечер”.

Знае ли некој во второто извлекување што беше,атвоматски со уплатата влегуваш и во второто?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Не сум играл многу лотарија. Сум пополнил некое ливче, онака, за среќа. Шансите се многу мали, но сепак постои можност за добивка, а со тоа и простор да се надева некој. Ќе пробам. Којзнае...:smir:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Кој е водител на Лотово ??

поинтересно ми е Бинго мене одтколку лото
 
Член од
26 јули 2009
Мислења
424
Поени од реакции
179
Marijana Stanojkovska
Оваа е водителка ?! Па оваа не треба да се појавува на ТВ откако ја повика покојната Сашка Петковска да си ја земе наградата, ц, ц, ц... а тие на Лото ја ставиле водителка :tapp: барем знае да ги каже броевите или само се смее ко зелена, а броеви уште нема учено на школо ?
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Да најдам каде се продават секако би одиграл барем по 2-3 пати месечно. :wink:
Edit. Колко е цената за 1 ливче лото со и без џокер? Неможам да најдам на веб страната...??
 
Член од
27 јануари 2009
Мислења
1.044
Поени од реакции
40
Да најдам каде се продават секако би одиграл барем по 2-3 пати месечно. :wink:
Edit. Колко е цената за 1 ливче лото со и без џокер? Неможам да најдам на веб страната...??
edna kolona e 15 denari a dzokerot e + 20 denari
 

Kajgana Shop

На врв Bottom