Новороденчиња кучиња (општа дискусија)

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.295
Поени од реакции
5.855
Сметам дека има потреба на подфорумов да специјализираме една тема каде ке има општа дискусија (помош, совети, правила, легла итн.) за новороденчиња кутриња. Прашањата за проблеми околу кутриња штотуку родени одат на општата дискусија за кучиња а убаво ке биде да имаме тема каде исклучиво за нив ке се зборува.

За почеток мене ме интересира по точен редослед целиот процес на одгледување на легло. (На што да се пази, кога прогледуваат, на колку време почнуваат да јадат храна, кога кои вакцини, кога менуваат заби, кога купирање и се по ред.)

Повелете искусни да разбиете а и повелете тие што сакате да научите. :)
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Се пази на се, али буквално. Многу е битно каква е мајката бидејќи најголемиот дел од работата зависи од неа. Битно е кое легло и е по ред на кучката. Кучките со прво легло обично можат да бидат збунети(као мојава на пример). После раѓањето обично инстинктот проработува и кучката сама си ги чисти кутрињата. Целта е кутрињата што побрзо да дојдат до млеко, тоес до колострум кој го има само во првите 24-48 часа, а е битен бидејќи содржи имуноглобулини, тоес првите одбрамбени антитела на кутрињата.

Поради тоа некаде до првата вакцинација периодот е критичен и самиот пристап до кутрињата и кучката треба да биде минимален,едно поради заштита друго поради тоа што некои кучки се доста нервозни, неповерливи, сепак си ги бранат младенчињата.

Прогледувањето е некаде од 10ден па натаму, зависи кој колку е напреден, Тогаш почуваат и несигурно да се движат, се влечат на стомачињата. Сеуште во овој период главната храна им е milk bar од мама.

Е веќе на 30 ден може постепено да се воведува прихраната. Најчесто тоа е пасирана храна бидејќи запчињата уште се малечки. Одгледувачите користат дехидрат кој е смелен и потопен во јогурт или водичка. Може и мелено месо кое е исто така поразводенето. Мајката сеуште е присутна со нив, движењето е поактивно и почнуваат да истражуваат.

Вакцинација, мислам дека на линков е доста добро опишано. Една напомена, вакцинацијата може да биде поместена и за една недела, обично секој производител си наведува кога препорачува и како препорачува да се ревакцинира.

Како што раснат, повторно зависно од мајката, секоја различно ќе дозволи да ги храни, бидејќи запчињата сега се како иглички и ја повредуваат. А повреда на нејзиниот мамарен комплекс може да направи проблем. Затоа се оди на дехидрат кој е сеуште потопен со вода. Или приготвена храна која пак не е парче месо кое би го дале на возрасно кутре. Стануваат се поактивни, погласни, се гледаат карактери ит.

Некаде, 3-4 месеци се завршуваат вакцинациите, тогаш веќе зборуваме за прави кутриња, кои веќе се во новите домови. Четвртиот месец веќе почнуваат со менувањето на заби, па глодањето, гризањето, уништувањето е нормално. На сопственикот е да постепено започне да го запознава кутрето со тоа што смее, а што не.

Одгледувач кој е совесен, нема да ви дозволи да земете кутре кое нема примено 2 вакцини. Најголема грешка е земањето на толку младо кутре. Не само поради здравјето, туку и првата социјализација. Мајката и браќата и сестрите во леглото се оние кои сами меѓусебе се корегираат. Сопственикот не е мама, колку и тој да сака. Сепак, и да се земе кутре порано, нека тоа биде со примена прва вакцина и некоја недела фазла, со тоа што новиот сопственик би требал да внимава на тој карантински период помеѓу вакцинациите.

На крај, одгледувањето на легло воопшто не е лесно, првите недели понекогаш бараат 24 часа, поготово ако има некој непланиран проблем, а секогаш ги има. Второ, скапо е, зборуваме ако веќе сакате да ги гледате кутрињата како што треба.

Моја напомена е доколку не сте спремни за многу одвоено време и многу нервози и пожртвуваност, не се нафаќајте. Верувајте, не постои профит во ова, само едвај покривање на трошоците.
Swig ве поздравува :)
 
Ти благодарам многу на одвоеното време. Големо браво искуството си го прави своето.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom